Ич не ми е страв... јас на колку протести сум била до сега сигурно ти толку години немаш Моите критики секако ги упатувам и таму каде што треба. Форумот и социјалните медиуми се медиуми и како такви може многу добро да послужат за искажување став покрај другите начини. А што добија средношколциве конкретно? Комбинирана настава таму каде што е можно? Па тоа и претходно брше опција.
Ќерка ми е скоро 4 години и наставата им е онлајн преку Teams. До 9ти Ноември ке биде само онлајн, а после тоа можно е да одат во групи по 2 дена по некој час, а останатите 3 дена пак онлајн. Им дадоа IPad-и на сите деца, се е беспрекорно организирано, ама според мене не е начин за држење настава на деца од 3-4 години. Не знаат ни како да држат маркер, како да држат ножици и да сечат, да пишуваат букви и овие работи е невозможно да научат преку камера. Јас како родител се трудам да и помогнам, вежбаме, учиме заедно, среќа не одам на работа па можам да и се посветам повеќе.
Мое дете тргна прваче , со физичко присуство барем засега. Учителката е воомјазена дека не знаат да држат молив правилно. Јас- нема шанса да ја научам, секое учење завршува со плачки. А црта, бои, лепи, пишува од којзнае кога. Во градинка ми ја имаа пофалено дека убаво држела молив. Ете тоа отприлика се расипа од март до септември. Концентрација за учење онлајн- чисто се сомневам
На сите ученици им се дадени, или ќе им се дадат username i pass, влезете во платформата, чепкајте во неа, разгледајте ја, полесно ќе се снајдете понатака во користењето на истата
Таа конфигурација е за потребите на наставниците, не за учениците. Еве ти ги најефтиниот таблет и лаптоп од Анхоч, што ќе ти завршат работа: Друга работа е што од почетокот пропагирам за тоа дека државата е онаа која треба да обезбеди услови за образовние кое е задолжително. Имате основа да ги тужите ако немате опрема. Јас би се придружила и на тужба и на протест, само вие организирајте се. Прво одделение на 5 години се почнува.
Се распрашав, во Финска почнуваат со полни 7. Ако ја утнеме годинава догодина таму се селам, ништо да не пропуштиме
Нешто измеѓу. Еве три недели од како почнаа ги учат буквите, спелување и како се пишат ( името секој ден си го пишат ), бројки ( проста математика ), shapes, им читаат приказна и им поставуваат после прашања од приказната и сл.
Сведок сум на беспрекорно организирана онлајн настава.Активно учење по 5 часа за првоодделенци. Нема потреба од селење во Финска
А зошто и прво одделение да се најават на платформата кога ќе тргнат со физичко присуство? Или претпоставувам ако ,,закрчи'' нешто па да треба да останат и тие дома, да може да се продолжи он лајн???
Највеќе ако "закрчи" состојбата, да се имаат барем најавено и имаат профили, и полесно да се префрлат онлајн.
Ај, препрочитај го дописот од МОН па ќе правиме муабет. Убаво пишува, може да се следи без да се инсталира преку веб прелистувач, ама... нема да ги добиеш сите функции т.е така ќе бидеш следач и нема да можеш активно да учествуваш во наставата. Овие “уреди” што ти ми ги посочи нема да послужат ниту за следење преку веб прелистувач, а не пак за да може да се инсталира платформата на нив. Не ме прави глупава (а и другиве тука) доволно сум едуцирана за да направам разлика од чкљ конфигурација до солидна. Прочитај која е минимум потребна конфигурација за да може да се инсталира платформата на компјутер и со тоа да може да се користат сите алатки од неа и најди ми лаптоп под 20 000. На таблет или смартфон фала, не. Не сакам детево да ми ослепи, а и ограничена е употребата (а солиден смартфон и таблет во многу случаи се поскапи од лаптоп) Ама... џабе везам јас, ти упорно се праиш глупа и слепа. За протестите... зошто чекаш друг да организира, биди јунак повлечи нога
Сигурно нема да бидат 8 часа пред таблет или смартфон па да ослепат децата. Според возраста најверојатно ке одредат колку време да трае наставата. Кај нас е направено да се гледаат во денот 3 пати по 20 минути за да се запази границата за screen time од 1 час.
Па не е само следење на наставата, туку и интерактивно учество во истата што со смартфон е практично скоро невозможно. Распоредот на ќерка ми (1одд, 6г) предвидува три дена во неделата да има по пет часа, часовите траат 30 мин. тоа се два и пол часа. Ама нејсе... дали смартфон, таблет или лаптоп сите чинат пари кои родителиве ги немаат. За фер и еднаков пристап кон образовниот процес државата треба да обезбеди еднакви услови за сите. Се подолу е импровизација и дискриминација.
Маж ми го прашав на кој најефтин уред може да се инсталира платформата. Не зборам од памет. Сигурна да бидиш дека знај поќе од тебе. Ајде. Во сабота во 12, пред влада. Јас ќе бидам таму. Баш да видам кој ќе се придружи... Сакаш да ти кажам кој? Никој! Ќе ѕиркате од далеку, на минење. Не ми е прв пат да организирам протест. Без партија да свика, овај народ не излегува самоиницијативно