Онлајн настава

Дискусија во 'Коронавирус' започната од referentka, 29 јуни 2020.

  1. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.333
    Нека ми објасни некој од вас што упорно тресете дека може од телефон да се следи.
    Како задачи математика, хемија и физика ќе препишува и решава преку ТЕЛЕФОН?

    Имаа 7 (СЕДУМ) месеци да смислат решение. Ама не, ние овде ќе се контраме дека можело од телефон.
     
    На Harper, Glowy, christinnn и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Плус, ако се родителите на работа, од кој моб ќе следат настава?
    Ќе им купуваат нови мобилни?

    Голем трошок е за сите(родители наставници/професори) целата онлајн настава.
    За жал, сите трошоци секој од свој џеб ќе си ги плати.
     
    На candy.cane, edna_malecka, fana и 2 други им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Елате сабота на протест.
    Договорено?
     
  4. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Има една работа што се вика HDMI кабелче кое чини 100 денари со кое може телефонот да го приклучите на телевизор и така би си помогнале себеси за поудобна онлајн настава. Сега ќе речеш па некои немаат телевизор. Па да ама многу од оние кои немаат компјутер имаат телевизор па така ако не сите барем дел од нив ќе имаат можност да посетуваат онлајн настава.
    Има решение за многу работи, и да не е сто процентно сепак има начин како да си олесните многу работи, не е само да се кука по државата. Сите знаеме дека ништо нема да се смени ако кукаме овде така да џабе е. Гледајте себеси да си помогнете некако на некаков начин. Доколку имате можност да помогнете некому сторетего тоа, доколку имате вишок уред подарете или позајете да се послужат.
     
    На g8lQQk, raww, Ahoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.769
    Допаѓања:
    141.824
    Има телевизори без ХДМИ.

    Групите на ФБ се преполни со родители што бараат компјутери за децата. 4 то одд децата немаат мобилни. Сега треба да купат. 2 деца, два телефона.

    Се сеќавате како им беше на нашите родители пред да тргнеме на школо? Нема пари а мора се да се купи... Па ќе ти купат евтин ранец, па ќе ти се смеат... И сега така ќе биде.

    Жално за децата и за родителите и за болката дека немаат у еден месец да купат се.

    А можеа лаптопите за пописот да бидат за децата, а овие пописничарите да запишуваат на рака, како претходниот пат.
     
    На Dejan-Dejan, Glowy, Kitten и 6 други им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    По трет пат:

    Ајде да излеземе на протест.
    Не може да не' игнорираат ако сме во голем број.

    Џабе вака дрндаме само
     
  7. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.333
    A како ќе решава?
    Јас имам такво ама само од лаптоп може да пренесува, од телефон не.
     
  8. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.769
    Допаѓања:
    141.824
    Како мајките што изглегоа па рецка не им удрија?

    Џабе е се.
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Епа ќутете тогаш.

    Шо ќе постигниме само со дробење на форумов?
    Џабе дебата, ако нема никаква акција.

    Беспотребна е темава.
     
    На raww му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.333
    A сообраќај кој ќе запре/пренасочи?
     
  11. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.769
    Допаѓања:
    141.824
    Еве Вајлд ќе отиде у МВР, ќе пополни пријава дека ќе има протест,ќе се потпише како организатор, ќе каже каде ќе биде протестот, МВР автоматски си идат да обезбедат се и сообраќај, а ако некој направи проблем кривично одговара и организаторот.
     
    На Ева33, Tan4ence и WildMk им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Може и така, а може и да не го блокираме сообраќајот.

    И нема да биде блокиран.

    Знаете од кај знам?
    Од искуство.
    2ца без 3ца ако се појават... сигурно нема да се распостелат низ булеварот.
     
  13. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Епа има и такво што од телефон пренесува. Кажав, околу 100 денари е, тука негде горе доле. И 200 да е нема да те направат ниту сиромав ниту богат тие пари..
    Ќе решава така што ќе го користи телефонот. Доколку некој има тастатура истата може да ја конектира за уште повеќе да си ја олесни работата.
    Зборуваме како да си олесниме себеси, а не како 100% да ја наладиме работава. Преку леб погача не барај викаат старите.
    Свесни сме дека ништо нема да помогне власта така да само лично може да си помогнеме себеси и меѓусебно да си помагаме.
     
    На WildMk и M.B. им се допаѓа ова.
  14. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасно, како од толку ИТ сервисери, не можеа досега да склопат/поправат и донираат уреди.

    Јас мојот десктоп, со куп ( скоро една вреќа ) додатоци ги дадов во мојата општина.
    Не станува збор за крш, туку сето во тип - топ состојба.

    Убаво напиша Витали, направете нешто вие што имате нешто за донирање - доста кукате.
     
    На Vitaly му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.769
    Допаѓања:
    141.824
    Еве јас правам, предлагам сите лаптопи пред 5 дена што го купи Државен завод за статистика да ги даде на децата, а они да работат на хартија.
     
    На Ahoy, fana, Ева33 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Тие и онака ќе одат по пописот во образование, рекоа од статистика веќе.
     
  17. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    Зошто некој да донира, мислиш ти државата нема пари да им купи на децата, и не само што има пари туку и обврска има, на донации ќе функционира образованието?
    Колку наивно, жалете ја државата
     
    На Glowy, christinnn, azelea и 7 други им се допаѓа ова.
  18. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Абе кој ја жали државата ?

    Зошто да не дадам ако имам, а само да чекам државата да дава ?

    Знам фамилии кои имаат купишта уреди дома, ама пуста себичност, дома ќе ти фаќа прашина, ама нема да донираш ! |(
     
  19. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.333
    Да, еве сите што кукаме да помогне државата дома поседуваме цел магацин со лаптопи и телефони и неќеме да дадеме на друг, срам да ни е.
    Јас имам само колку мене што ми треба. А некое богатство за да купам на друг немам.
    А тој што е надлежен за тоа има. Ама неќе
     
  20. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    А зошто да не чекаш државата да даде кога има обврска да даде?
    Зошто да не чекаш?
    Ти мислиш државата од џеб, од милостина ќе ти купи лаптоп?
    Не, тие пак се твои пари, народни пари.
    Нормално дека секој ќе донираме колку сакаме и колку можеме.
    Ама да напишеш, донирајте не само да кукате, е срамно.
    Кога државата нешто греши нормално дека ќе кукаш.
    Не може образование на донации да функционира.
     
    На Harper, Glowy, tina2018 и 9 други им се допаѓа ова.