Јас имав еден компјутер вишок и го подарив. Доколку има потреба од поправка на уреди кои ќе бидат донирани или треба нешто слично со што би можел да помогнам може да ме контактирате тука. Луѓе со вакво мислење ни ја водат државата затоа е се каша попара. Гените ви се 50% да му умре козата на комшијата, и зошто јас ако можат други. Јадеме трици од сабајле дека државате е катастрофа, ѓубре, го*но и дека нема да превземе ништо што и да правиме колку и да кукаме овде. Затоа треба лично меѓусебно да си помагаме. Ако сакаш да сениш нешто почни од себе. Зошто некој да донира бе, за чисто брашно. Па за да помогнеш на некој за што би можело друго. Сите занеме дека нема да превземат ништо затоа се повикуваме на меѓусебна помош. Терористи држава ти водат а ти велиш обрска имало да обезбедат се тоа. Зборуваме како е во реалноста и како да направиме нешто подобро, а не како треба да биде, сите знаеме како треба да биде и како е во ред.
Ти не можеш да знаеш кој колку донирал па за да ми кажуваш прикаски. Секој може да донира и пак да се буни. Надраснете го веќе еднаш синдромот на спасител.
Ајде и вие откажете се од сѐ што ви следува од државата и живејте на донации. Или купете донирајте машина за магнетна резонанца за да не чекаме со месеци за снимање. Или немате за толку а? Или донирајте пари за да се оправи здравството.
Тоа што цела држава функционира така е едно, тоа дали е нормално е друго. Не е нормално. Нормално е да помогнеш на некој на кој му треба помош и да не заборавиш дека си завршил обврска која државата требала да ја заврши. А не да им кажуваш на другите дека кукале. Нормално дека кукаат, секој свесен и разумен човек ќе кука над состојбава. Ваква држава баш сака луѓе што не кукаат на кои можат да им продаваат филмови дека пари нема, ајде нека донира народот лаптопи. Какви коли, какви викендици, ручеци, патни трошкови, од кај мислиш дека се тие пари? Мои, твои. Па нормално дека ќе кукам. Игнорантно е да не кукаш.
Муабетот не е кој колку донирал. Муабетот ми е превземи нешто и подај рака наместо да чекаш некој друг тоа за тебе да го направи и само да плукаш. Каков народ таква власт, народот ги бира политичарите, директно или индиректно. Ако не можеш или не сакаш да помогнеш барем не одмагај. Не го прави спротивното. Зборувавме како да помогнеме, понудив тоа што имав, истото и таа, и некој друг ќе види и ќе го направи истото а ти ако не се согласуваш кажи накратко и културно и игнорирај.
Ок бе душички тие загрижени за државата дека немала. Следен пат за било каква здравствена услуга, фино лепо платете си ја цела сума наместо фондот да ви покрива. Ете, чим државата не е должна да решава проблеми со образование, не е должна ни за вашиот преглед да плаќа.
И јас не можам да сфатам како ви е ок се да функционира со донација. Да се разбереме, јас немам против донациите и донирање, ама НЕ ТРЕБА да функционира едно општество така. Мене срце ми се кине кога ќе видам децата од СМС пораки дека се лечат. Мислам тоа и беше и поентата на членкава погоре и не знам кој здраворазумен човек мисли дека ТРЕБА да функционираме од донации. Да не плаќаме даноци ако не тогаш. И тоа не значи дека нема да донирам утре, чисто кажувам дека сме дојдени на тој степен да така функционираме и тоа не е ок.
Државата не плаќа ништо. Тоа се наши пари, мои, твои. Тие се само должни да раководат со тие пари и створат ред. За жал тие мислат дека само за себе и крадат. Сам си ја плаќам услугата во полна цена, не ми ја плаќа ниту еден политичар од свој џеб. Не читаш дека плукаме и ние по државата, велиме дека не е ок и се тоа и пак упорно велиш загрижени сме биле... Не си интересна воопшто. Незнам како не ви е досадно да мантрате те едно исто. А нема да ти се кине срцето ако не ги лечиме децата со пораки и просто оставиме така се на милост и немилост, знаејќи дека државата нема да помогне? Помалото зло е подобро од големото, ова нешто така му доаѓа. Во бајка живеете изгледа и не сфаќате дека нема да решите ништо. Луѓе и со оружје и со дипломатија не успеале да ги решат овие проблеми па вие на тастатура ќе средите све.
Кога се има пари за лубриканти и кондоми да се набавуваат, би требало да има и за ИТ опрема, барем за тие што се најзагрозени (40 000+деца)
Колку деца немаат услови. Колку деца живеат у 2 собна куќа,стан. Колку деца намерно ќе прават пали-гаси на микрофон,камера. Не се свесни шо ги чека.
Таа група на луѓе ќе им биде гласачка војска на избори. Ако на децата им дадат компјутери недај боже ќе стане попаметно некое па ќе дојде над нив. Нема корист, нема компјутер.
А 200 000 евра за новогодишно украсување на СК, за време на економска криза и пандемија? Колку лап топи се тоа?
Еве јас кажав дека постои. Ви кажав вам, вие кажете на 10 други, тие 10 ќе кажат на други и така. Знам дека некој нема ни сто денари, но добар дел од тие кои немаат компјутер имаат сто денари за кабелче. Кажав и пак ќе кажам дека пробуваме да помогнеме колку толку. Зарем ако некој нема сто денари оние кои имаат да не купуваат за да си ја олеснат работата? Затоа повикува на секаква помош. Еден дел ќе добијат компјутери од добродушни граѓани кои имаат и сакаат да помогнат, еден дел ете со кабелче и ТВ, еден дел на телефон.. Неможе 100% да ја решиме работава тоа е вистината и реалноста. За жал.
Идејава ти е супер, ама да ти ја претставам реалноста. Не секој има едно дете и дом прилагоден за тоа дете во секој момент да може да прати настава од својата дневна соба, пред телевизор. Замисли 3 деца, 1 телевизор и 1 компјутер. 3тото? А ќе се поклопи нешто сигурно. И сигурно нема јас да си го донирам лаптопот што ми треба за факултет, сестра ми и мајка ми што им треба за работа, а и воопшто да донирам нешто што кошта толку многу . Не правиме муабет за кило брашно или носени патики. Барате решенија таму кај што треба државата да најде решение. Онлајн наставата во секој дел од образованието кај нас не може да успее.
Зло е зло, нема поголемо и помало. Лошото не може да е добро. Помалото зло е термин за тешење само, да си ја смириш психата. Да ме прочиташе убаво ќе сфатеше дека не реков да не се донира за болни деца. Ама дегутантно е да речеш само така нека се лекуваат, а тој што всушност треба да го обезбеди тоа да си става милиони на оф шор сметка.
Епа проблемот е што државата не решава ништо и сега треба така ли да седиме? Понудете решение како владата да почне да работи за обрзованието, што да направиме за да обезбеди компјутер за секое дете?
Не за секое, ама некако да се најде начин за тие што стварно им треба. Иако е невозможно ова верувам, многу и ќе лажат за да злоупотребат.. Ама факт е дека имаа време и не се спремија. Пролетта ги фати на неспремно, ама сега? Ако сакаат, до јануари 2021 ќе најдат многу решенија и ќе го имплементираат најдоброто, ама ако сакаат.