Онлајн настава

Дискусија во 'Коронавирус' започната од referentka, 29 јуни 2020.

  1. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    5.918
    И јас кажувам дека имаа време доволно, имаат и средтсва ама не го прават тоа, и сега наша одговорност како граѓани е да покажеме незадоволство и да ги натераме да си ја вршат обврската или се знае се поднесува оставка.. дали ние како граѓани си ја вршиме таа обврска?
    Ве молам не лежете на тоа уво дека државата ќе ги решава работите кога знаете каде живееме, колку побргу го сфатите ова толку подобро за вас, секој си е должен за својот живот и за решавањето на проблемите во него, не чекајте од никој друг а уште помалце од тие во собрание, влада, итн...
    Тука се обидуваме да понудиме решенија за тие што не се во можност да си набават компјутери, затоа што знаеме дека никој одозгора нема да го направи тоа, и да за жал обврска им е ама не го прават тоа, не е решение да кукаме и да чекаме од нив, решение е да си ги средиме само проблемите
     
    На g8lQQk, Роберт 7, noteforself и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.984
    Пол:
    Женски
    На форум да.:D
    Не верувам дека има начин како да покажеме незадоволство и тоа да има исход. Со бојкот на настава ќе се постигне само уназадување во образование, што сега е најмалку потребно.
     
    На raww му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Нека се откажат од набавки и купување на службени возила(кои патем им се во лична сопственост и не се неопходни) кое чинат 40 000+ по автомобил,

    Новите лап топи за попис нека ги дадат на децата за онлајн настава до попис.
    За време на попис нека направат вонреден распуст, ги користат за попис и им ги враќаат на децата.

    Ехееее, има илјадници начини да се набави, ама не се сака очигледно.
     
    На Роберт 7, Kitten, Vitaly и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    17.743
    Пол:
    Женски
    Мислам, малку смешно е што воведуваат онлајн настава, а во меѓувреме ги вратија бесплатните слободни за ученици во ЈСП.
    Со редуциран возен ред, се возакаат цел ден ко сардини децата, ама опасно е во школо да одат. (facepalm)

    Ама кога веќе решиле онлајн, треба и мора да им дадат соодветни лаптопи или таблети, затоа што средното е задолжително и мора да пратат настава.

    Имаа повеќе од доволно време да се организираат. Точно е дека и цел народ имаше повеќе од доволно време да се буни.

    Ама таков народ сме. Удри бригу на весеље, па буни се и барај решенија во 5 за 12.
     
    На Glowy, tina2018, azelea и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    А каде прочита дека реков дека само така треба да се лечат? Јасно ми е се, само не бегам од реалноста и затоа велам дека не треба со скрстени раце да чекаме државата да направи нешто.
    Кажав и пак ќе кажам дека со тоа што реков еден дел од оние кои не се во можност да следат онлајн настава ќе бидат во можност. Не кажав дека е решение за сите.
     
  6. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.953
    Допаѓања:
    36.972
    Пол:
    Женски
    Од 10ч ја "тестираме" платформата. Само... нема што да тестираме, оти системот постојано е паднат. Убавини :inlove:
    Ќе биде ова уште една година со вибер пораки и сликани домашни.
     
    На mssuniquee, Kitten, noteforself и 8 други им се допаѓа ова.
  7. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Немој веднаш со негативности ти се молам :worried:

    Ќе ти скокнат пола како кукаме за џабе цело време..

    И не знам зошто хејтате.

    Платформата е достапна во времето од 00:00 до 05:30 секој работен ден.]:) ]:)

    *на вибер не планирам да работам повтотно, 10 групи, на сите кој кога ќе му текне ќе се зае.ава,праќа во 22 часот, звони од 07.00 часот..

    **не си купив нов лап топ за да седам и висам на мобилен
     
    На Kitten, fana, redmama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.953
    Допаѓања:
    36.972
    Пол:
    Женски
    Страшно ќе биде. Колку што разбрав не сите училишта одеднаш ја тестираат платформата, а уште од сега е паднат системот. Што ќе се случи кога сите ученици ќе се обидат да се најават ич не сакам ни да мислам на тоа.
    Како што реков, вибер настава, сликани домашни... ете тоа е реалната слика на оваа учебна година.
    Вчера едни пријатели ја тестирале платформата... после долги обиди профункционирала, ама џабе оти ништо не успеале да ја разберат наставничката оти линкот бил лош и цело време со прекини. Жално :(
     
    На noteforself, azelea, Ева33 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.226
    Пол:
    Женски
    Јас успеав да се логирам од прва, ама во меѓувреме наставничкиве ни пишаа дека тие никако не можеле.
    Значи, ќе им пишеме неоправдан:!::rofl:

    Изгледа не згрешив со одлуката првачево мое да го пуштам да посетува настава...
     
    На senjorita-v, Espadrila, azelea и 2 други им се допаѓа ова.
  10. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.953
    Допаѓања:
    36.972
    Пол:
    Женски
    Ама и ние се логиравме уште вчера и сме постојано логирани. Обиди се да направиш рефреш на страната ќе видиш дека не е функционална.

    Инаку.... критикував дека нема за ејпл, ама грешка сум била :$ Ја симнав апликацијата мајкрософт тимс за ејпл, оти на прелистувачите не сакаше да функционира, ниту на сафари, ниту на хром на таблет.
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  11. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.226
    Пол:
    Женски
    На 20 рефрешињара, три пати дали ме избаци...
    Еве, часот е одложен, мене на повторен рифреш ме прифаќа:)
     
    На senjorita-v и fana им се допаѓа ова.
  12. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски

    Четири-пет месеци дремат, спијат, политички пресови.

    2 дена пред почеток на одложеното започнување на школската година они прават тест на платформата за онлајн настава.

    *"Онлајн настава није почела, али већ је пала".
     
    На Glowy, Angie1432, azelea и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Ако не се подобри платформава вака ќе си учиме.. :doh:

    IMG_20200929_111824.jpg
     
    На Kitten, raww и fana им се допаѓа ова.
  14. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Бојкот на онлајн наставата нема да донесе ништо добро на децата, рече денес министерката за образование и наука Мила Царовска. Родители на деца речиси од сите делови на државата, револтирани од тоа што нивните училишта биле одбиени за настава со физичко присуство, на социјалните мрежи се организираат за бојкот на онлајн наставата убедени дека така ќе издејствуваат дозвола за настава во училница.

    „Јас ги повикувам сите родители, сите градоначалници, сите директори на училишта да седнат и заеднички да ги надминуваат прашањата. Тоа што ќе се бојкотира настава не носи добро за идните генерации на таа општина. Не носи добро за децата. Децата сакаат да бидат стимулирани, дали со физичко присуство, дали кратко ќе се приклучат на онлајн платформата, дали ќе добијат материјал, сепак во континуитет се стимулираат на знаење и позитивни информации кои што не сите деца ги имаат. Дајте да им овозможиме на децата да бидат стимулирани“, рече министерката Царовска.

    Таа нагласи дека училиштата кои не добиле позитивен одговор за настава со физичко присуство не е затоа што некој нејќел туку затоа што здравствената и епидемиолошка состојба е ризична или заради тоа што се премногу деца во мал простор.

    „Ние што би направиле? Да почнат една недела и да бидат заразени и после тоа да нема место во болниците? Тоа не е решение за мене. Да одиме безбедно, чекор по чекор“, вели министерката Царовска и повикува граѓаните да ги почитуваат одлуките на здравствените власти.

    На социјалните мрежи пак, родителите се организираат за протест против онлајн наставата, а има и предлози на 1 октомври сите родители децата да ги однесат во училиштата без разлика на одлуките за настава од далечина. :?:
     
  15. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.853
    Допаѓања:
    41.140
    Пол:
    Женски
    Кај брат ми требаше да имаат пробен час на платформата и на крај на тимс завршија. :D
    Добро сега ве читам нагоре дека сега дури секаде ја тестирале, а ја мислев само во некои школи каснеле.
    Сѐ во 5 до 12 и се очекува да работи беспрекорно, да.
     
    На злоба и Ева33 им се допаѓа ова.
  16. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски

    Зошто вината ја префрлаат кај директорите и градоначалниците?

    МОН е целосно неспособно една платформа да направи како што треба.
    Кај, и за што, ќе одат 15 мил евра што ќе ги дадат?

    Ако не можат да направат, нека се користат бесплатните алатки, еден тон ги има.

    И не се прави ова 5 до 12...
    Епа чорба после...
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    А, Тимс, а Зум, исто е.

    Имаше неколку училишта што беа пилот-проект, потоа сите не вклучија.
     
  18. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.784
    Допаѓања:
    41.853
    Пол:
    Машки
    Почитувани ученици,
    Почитувани родители/старатели,

    Како што беше најавено во текот на вчерашниот ден, кога започнавме со тесирање на Националната платформа за учење на далечина, овој процес е во тек и ќе продолжи интензивно да се одвива и во наредните денови.

    Со задоволство Ве информираме дека само во текот на вчерашниот ден, на Платформата беа најавени над 88 000 активни корисници. Истите придонесоа за успешно идентификување и дефинирање на предизвиците кои произлегуваат од оптоварување на Платформата во оваа фаза на нејзина имплементација.

    Резултатите од тестирањето на терен се целосно сондирани, и е започната оптимизација на ресурсите во сите три кластери на Сервери (Серверите за базите со податоци (database servers); Серверите за балансирање на оптоварување (load balancer), и Серверите за опслужување на корисниците (web servers)).

    Тестирањето продолжува и во текот на денешниот ден. Како резултат на истото, посочуваме дека е возможно повремено да добивате порака за грешка при поврзување со базата (error database connection), што е очекувано во предметната фаза на тестирање.

    Овој процес ќе помогне не само за успешно ставање на Платформата во функција, туку и ќе подржи изградба на интероперабилност помеѓу различните системи во рамки на Министерството за образование и наука, во насока на ефективно следење на секој ученик во текот на целокупниот процес на негово образование.

    Нашата крајна цел е не само да овозможиме континуитет на образовниот процес во вонредни околности, како што е тековниот со пандемијата со Ковид-19, туку да создадеме солидни темели за понатамошно унапредување на квалитетот на целокупниот образовен процес во земјата.

    Ве охрабруваме да продолжите со поврзување на Националната платформа за учење на далечина и во наредните денови, и редовно да ги следите новите содржини кои ги поставуваме на главната страница (www.schools.mk).

    Продолжуваме посветено да работиме на подобрување на корисничкото искуство на сите корисници на Платформата.



    Со почит,
    Министерство за образование и наука
     
  19. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    Од сите училишта денес тестираа.
    И ние завршивме на тимс, имаа пола саат непрекинато час.
    Кај внука ми класната не им ни спомнала за тимс, само за платформата збореле. Денес кога тестирале, сите деца се уклучиле а класната не можела па пропаднал пробниот час.

    Ќе видиме како ќе биде од четврток, битно и денес се уверив дека добро направивме што се одлучивме за онлајн настава. Наставниците дур го држеа пробниот час си седеа без маски еден до друг во училница, а кај повеќето деца си имаа гости по дома па им се мотаа позади камера другарчиња и братучетчиња. Плус, и покрај протоколите и кажувањето дека нема да имаат часови по физичко во сала поради можност за ширење на вирусот, испадна дека не важи тој протокол. Ќе си имаат најнормално часови во сала без маски. Милина :inlove:
     
    На WildMk, queen19, noteforself и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.953
    Допаѓања:
    36.972
    Пол:
    Женски
    А уште поголема милина ќе ви биде кога ќе почнете со наставата, па како денес, тргни-застани. Логирај се, чекај не сака, ај пак. И така... колку да ви биде интересно де.
    Уживајте :party:
     
    На Kitten и Ева33 им се допаѓа ова.