Ние со онлајн, другите со физичко. Јас пишав, членката се надоврза со потсмев и цинизам да уживаме во уклучи-исклучи шемата. Демек ние ќе се мачиме, а тие со физичко ќе цветаат. Затоа пишав секој со своето. Во превод, секој со своите одлуки.
Ама нема "Ние" и "Вие" во случајов.. Сите сме на иста бранова должина, со иста и заеднича цел: образованието на децата. Ќерка ми ќе оди со физичко присуство, јас ќе работам онлајн, не се делиме на "мои и твои" ... Во право е членката за платформата, барем засега... Цело време loading..., overloadеd..not running properly,,, и што уште не.. Ќешки да работи како што треба платформата, помалку нервози и препукување за сите.
За тоа е тест период денес за да видат до каде е платформата, нормално е да падне, да закочи, се случува фејзбук да падне од нигде никаде вие за оваа платформа... Како да знаат они како ќе фукционира ако предходно не е тестирана со огромна посетеност одеднаш.. ТЕСТ период е сега не вистински час
Така е, тест период е, ама не се тестира платформа 1 ден пред почеток.. Јас на 2 Октомври треба со настава на почнам. Како ќе спремам се,и прикачам на платформа? Лекцијата како ќе се предава? Пак по стара шема, сликај, препишувај, праќај? 30 мин е часот, од кои 10 одат за најавување, па пречки, па кочење, па паѓање на систем... Ќе речете дека на наставникот "му паднал" системот, не знае да работи, не знае како, неписмен е ништо не ни објасни итн... На ученикот се сервирано треба да му се предаде, а како кога не може ни да се логира, а не да креирам часови на платформа?
Може да, јас преку Зум држев минатата година, ок беше се. Но тој начин не ги опфаќа сите предвидени начини на реализација на програмата. Не може се преку Тимс или Зум.
Нема ние и вие, ама врати се и прочитај ја членката уште еднаш со - милина ќе ВИ БИДЕ кога ќе ПОЧНЕТЕ со наставата. А и не знам дали е свесна дека ако се појави заразен во одделение, дека сите ќе одат во изолација и ќе следат онлајн настава. Тогаш на кого со потсмев ќе му пишува не знам. Да му е страв на човек да дојде во темава и да пише како ќе биде во училиштето во кое му учи детето. Затоа пишав, секој со своите одлуки. Не мора одма да се напаѓа човек ако не мисли исто за ситуацијава и е за онлајн настава поради здравјето и безбедноста на целото семејство.
Никој, никого лично не напаѓа, сите сме револтирани на моменталниот "неуспех" на платформата. Добро е осмислена, разновидна е, има се што треба за нормална онлајн настава, НО се оди преспоро, а времето лета, ќе се бара од нас "акција, а како?? Пак ќе речам, вината пак ќе падне на наставникот, ако нешто навремено не функционира, кочи, времено не е сработено итн.
Еве сега функционира. Јас ќе прокоментирам за наставниците како и секогаш точни и прецизни па така и денес. Класната им закажува час во 10ч, ја нема се уклучува во 10и30, потоа им вика сега во 6и30да се уклучат, класната повторно ја нема. Што наставници ќе беа ова абе низ цела онлајн настава ако еднаш се имаше уклучена жената точно во времето кога е кажено еве те. Може на фемина се заборавиле во расправање криви-дрини
Како се закажува онлајн тестирање, и ти кажуваат 15 мин пред старт?? Еве јас не сум дома во моментов, немам лап топ, ни слушалки со мене, а класна сум, мора да се уклучам... ПРОПАЛ МОН.. Не, не се наставниците криви, посебно сега околу целава оваа мешаница..
Нас пред самиот почеток. Ги барам децава да се вклучат, сите наваму-натаму, 10 се најавија само од 26. Тоа е, ама тотален хаос околу платформава.
Требаше од 1Октомври да почнат да ја тестираат штета до сега немаа време да почнат со тестирање многу зафатени беа. Очај
Ништо со платформава,пиши пропало.настрана сите зафрканции и мемиња,сеири што се пукаат по интернетов,за грев учениците.За грев! Досега на едно шестооделенче му помагав да се логира,ама не ми е блиску па преку телефон оди ваму,пиши таму,тоа ми излегува,не тоа ,врати се назад...А платформава бавна,кочи,ужас,еден час изгубивме само за да се најави,каков час,каква проба.Нема никој да му помогни,па утре ја викнав да дојди,да прочепкаме малку,нормално,ако работи платформата. Абе не им е срам за ова,специјалки сите од прв до последен.Експерименти си прават,сега во пет до дванаесет,и тоа неуспешни.Бруки живи.Сега што ќе биди...само Господ да им е напомош,тргни,па не работи,па преку тимс,зум,па никако и оп полугодие,ајт оценки. Не знам не ни следев денеска,на вести кажаа за ова дека не функционира или молчи си трај си ,работава...Офф море..неписмен народ им треба за манипулирање,се гледа оддалеку.
Па па па, многу духовита си бреј! Како што децата неможат да се вклучат, така и кај наставниците паѓа системот и тие самите неможат да се вклучат на време. Што тука не е јасно? За вечерашново тестирање ние добивме известување 15 мин претходно! Ете толку се ажурни од Мон. Мислиш наставниците и децата седат цел ден дома и зјаат во мониторот да чекаат нивна наредба... Ја утнаа работава и не признаваат. Бараат од нас разбирање и трпение а сите не бутнаа под невиден стрес!
Па за тоа ќе се уклучиш 15минути порано како сите се уклучија само нејзе ја нема? Постојано се во контакт може да извести дека не и работи платформата, а не да ја чекаат. И додека учеа од март постојано им каснеше, извини ама тогаш немаше препреки за да доцни, имаше случаеви кога и не им се појавуваше на час а им закажала. Не можеш да оправдуваш нешто што не е за оправдување.