Тоа си е веќе индивидуален случај. Ти сепак зборуваше генерално за сите, како на Фемина наставниците исправале криви Дрини. Со други зборови- не работат ништо. Многу е потценувачки. Факт е дека платформата не работи и мнооогу наставници неможеа да се вклучат, а некои деца успеале.
Знам дека е тешко ама само смирено и полека. Платфромата сега паќа зашто сите се вклучени во исто време, значи е баш оптоварена. Кога ќе почнете со настава нема сите во исто време да бидат најавени значи нема токлу да паѓа и да кочи. Ќе има помала оптовареност. Не мораш се веднап да ставиш на платформа. Во Петок на пример е доволно да имаш прикачебно само материјали за првите ден/два потоа ќе креираш часови како што ти доаѓаат. Платформоата со материјали е базирана на Moodle, тој не е толку комплициран за користење. Јас сум во приватна институција и го користиме од многу одамна за споделување материјали. На почеток е тешко, а потоа влегуваш во штос и толку. На почеток имавме обука од пола ден за користење. И толку. Сам се снаоѓаш. Со лесно.
А тие што делат соба со брат/сестра, што ќе прават кога имаат во исто време настава и немаат мирен простор да седат по 4 сати за да научат нешто? Не се мисли на тоа, а ги има многу случаи...
Ако најдеш да купиш Туку... читав нешто (искрено се надевам не е вистина) дека се оневозможуваат видео врските на платформата заради брзината и пристапот до истата. Видео повиците ја оптоварувале Како ќе предаваат наставнициве, многу ме интересира. Особено математика, хемија и сл. каде што е многу потребна визуелизација
И на Зум ако има видео знае да кочи. Додека има предавање, доволно е наставникот да биде приклучен со видео, ако кочи ради останатите.
Море засрамота,истата приказна и денеска.Ерор мерор,закочи,не се отвара.....ништо,едно големо НИШТО. Цел ден ќе се дрнкам јас за да му помогнам на детето да влези,еј..па стресови,плачење,главоболки.
Доволно е телефон да имаат, секако следи пар слушалки со него . Еве и да немаат, во Џамбо мислам има слушалки до 100-130 денари, сеа не се Beats By Dre, ама за слушање на обично предавање сигурно ќе се најдат, Инаку, ние немавме проблем минатиов семестар на факултет, на почетокот предавањата се држеа на Зум па и на Скајп, потоа се префливме на Тимс. И на Зум и на Скајп професорите беа со пуштена камера и немаше никакви проблеми, исто и со screen share немаше проблеми. На Тимс кога полагаме со вклучени камери сме сите и нема оптоварување.
Да, ама вие колку сте вклучени во исто време? А сега знаеш колку ќе бидат вклучени? Се виде деновиве како функционираше. Во врска со Тимс, за да функционира како што треба треба да се инсталира апликацијата, а за тоа треба соодветна конфигурација. Го зборевме муабетов поназад. Оти, на почетоков муабетите беа, само отвораш платформа преку прелистувач и толку, ама сега не е така. До крај којзнае што се ќе излезе. На крајот, секој ќе се снаоѓа како умее и ќе користат и други опции. Се прашувам на крај зошто воопшто се потрошија 15 мил. евра? Јас разбрав дека целосно ќе бидат исклучени видеата. Реков не знам колку е точно ова. Ќе видиме следниве денови Не сакам да сум песимист, ама... вибер учење ќе имаме и годинава како што ми се чини
Ние бевме по 25+ луѓе уклучени, со микрофони, без камери. Само професорот е пуштен со камера, или споделува екран. Сестра ми, во средно е, ако не се лажам кога имаа часови по тие 2 од 15 предмета, сите беа пуштени со камери, 35 луѓе. Кога полагаме исто, еве пред некое време полагав еден предмет 15+ луѓе бевме вклучени сите со камера и немаше никаков проблем. Ама ова на Тимс само, мислам дека најдобро се покажа оваа платформа до сега, и не верувам дека би имале проблем и учениците од средно и основно доколку ја користат таа. Само сега малце касно е да менуваат цел план, шо знам.. Инаку сега видов за Тимс, мене пример не ми е инсталирана, не ми функционираше десктоп верзијата па секогаш се приклучувам на веб, има и таква опција.
Провајдерите се проблем. Немаат доволно бенвит за да опслужат толку луѓе. Ама може државата да прикупи линкови. И треба. Ако е задолжително образованието, задолжително е да обезбедат услови.
Секако врската се оптоварува со остварување и видео врска од сите членови на состанокот. Но јас веќе можам да направам споредба, Zoom излезе подобар од Teams во секоја смисла, пролетта држев настава на зум а сега неколку дена слушав обука на тимс. Постојано имавме некој проблем со тимс, дали со конектирање, дали со споделување екран, дали со кочење... Иако зум е ограничен за учесници на состанокот и ограничен на 40мин, за наставата не е потребно ништо повеќе.
Мислам дека не се проблем провајдерите, туку платформата. Дали не им е оптимизирана, дали серверите им се преоптоварени... не знам. Не би сакала да претпоставувам, оти не сум експерт на темава, па може ќе кажам некоја глупост. Некој постручен ќе може подобро да појасни. Јас сум на Телеком, со максимална брзина, па пак имав проблем со најава. Денес нема проблем, се најавив, ама кога сите ќе се вклучат ќе биде исто како до вчера. Во однос на Зум и Тимс, немам искуство со ниту еден од нив, ама според искуствата на другите, Зум-от е далеку поедноставен и подобар за работа. А и бесплатен е мислам? Од друга страна офис 365 го платија дебело и пак не функционира. Од Мајкрософт ништо асално не излегло
Не им се преоптоварени серверите, затоа што имаат повеќе од доволно. Капацитетите на провајдерите не се доволни за да опслужат толку бенвид за толку корисници паралелно. Ти кажувам што ми кажа експерт во струкава. Не зборам од памет.
Па не сум баш сигурна, ама нема да ти противречам. Само... преку Телеком следам ТВ програма на два ТВ приемници, плус интернет на 5 уреди, а тоа го прават знаеш колку корисници истовремено? Па не кочело никогаш Инаку, ги подреков.... сега пак не работи платформата Топло-ладно ќе играат децава
Зум не е баш бесплатен. Има и ограничување, колку души можат да се вклучат на еден состанок. Јас не знам само шо и требаше на Царовска оној детски муабет за "напад врз платформата", нешто во стил на сајбер напад. Па уште ко мистерија го остави да лебди во воздух. Некој да и каже кога организирале тендер за таква ствар, и безбедноста и одржувањето влегува у план. Не може некој нити да се вади дека пробно било па се преоптеретила пошто сите тогаш биле вклучени, а во редовни денови немало да бидат. Извинете ама, за колку училишта, учители и ученици правиме муабет кои во редовни денови ќе се вклучуваат во 7,8,9..... Дека нема идеално решение, нема. Али ако се нафатиле платформа да прават,а не да користат постоечки платформи, треба да е доволно добра за да тече час ко што треба. Плукни, залепи не е. Бара време и бара соодветен капацитет и услови.
На секој нов софтвер се прави тестирање. Проблемот е што овие ептен ја извлечкаа работата. 6 и кусур месеци спиеја на ушите, за во пет до 12 да биде: ура-ура.
Здраво Има ли родители чии деца од прво до трето избраа онлајн? Дали и вас ве известија дека нема да имаат децата интерактивна настава туку ќе ги учиме само дома а секојдневно ќе подигнуваме материјали од училиштето?
И да е само за еден клас оваа одлука, премногу е. Нека не си наоѓаат оправдување за да не предаваат. Ако не им работи платформата која ја усвои МОН, нека изведуваат предавање на друга платформа. Не им дозволувајте.