Онлајн настава

Дискусија во 'Коронавирус' започната од referentka, 29 јуни 2020.

  1. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.207
    Допаѓања:
    106.318
    Пол:
    Женски
    Во случајов не се работи за проблеми со платформата, туку со одлука на училишниот совет за начинот на " учење на далечина" на децата од прво до трето кои избрале онлајн. За нив нема настава, туку печатени материјали ( кои може да ги достават и по меил) но МОРА да одам да ги земам лично, во точно дадено време ( кое го одредуваат тие) СЕКОЈ ДЕН а за денот во кој нема да одам, детето ќе се водело отсутно.
    Ем не му овозможуваат настава ем со изостаноци се закануваат.
    Не наидов на можност ни за договор, компромис. Мора, мора да одам секој ден, без исклучок, во даденото време и точка.
    * вчерашното ливче го видов, три реда текст, го пишува часот и броевите на задачи и на која страна во учебник се. ТОЛКУ!
    Ај што навистина немам кој да пуштам во тој период и сама сум со три деца, дури и да можев да, одам, не ми се оди, толку време се пазам, затоа битки водев за да има опција онлајн, зошто ме условуваат да ризикувам здравје, ем свое ем нивно.
    А детево е разочарано, само чека кога ќе се уклучела учителката,ја гледа сестра му веќе трет ден таа има пробни часови.
    На Times на смартфон си фунционира супер.
     
    На cresa-jagoda, tina2018, senjorita-v и 2 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.295
    Пријави ги во Државен инспекторат за образование
     
    На cresa-jagoda, g8lQQk и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  3. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Јас колку што знам, тие деца што одбрале да следат онлајн настава од 1-3 одд, се вклучуваат дирекно преку Тимс на часот, и ја следат учителката во живо како предава на децата што се со физичко присуство.

    Ама, ако во вашето училиште е донесена таква одлука на ниво на училишен совет, не знам колку може да се смени ситуацијата.
    Прашај си пак со време.
     
    На raww и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.295
    Можи-можи.
    Платени се да предаваат и ќе предаваат.
     
    На cresa-jagoda и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  5. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Ахааа, се сомневам, ама нека пише членката што ќе и кажат во училиште.
     
    На raww му/ѝ се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.295
    Што сакаат нека и' кажат во училиште... во инспекторат нека ги пријави
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.207
    Допаѓања:
    106.318
    Пол:
    Женски
    @Ева33 и јас очекував дека ќе е така, потпишавме изјава за избор онлајн дадена од страна на училиштето а во самата изјава кај делот за онлајн е нагласено дека детето редовно и навремено ќе следи онлајн часови.
    На совет одлучиле да биде вака и не отстапуваат, дефинитивно нема настава за тие деца и нема компромис дури ни за времето за подигање листови а камо ли да дадат онлајн.

    Дете од второ одделение, на кое, како што гледам, ќе му пишуваат изостаноци, зошто јас нема да одам по листови, дали знаете какви последици има од тие неоправдани? :?:
    Како да ги оправдам? (facepalm)
    И промена на училиште е опција, има наставнички кои не прават проблем за електронска комуникација, но не сакам да ги делам децава.
     
    На raww и tina2018 им се допаѓа ова.
  8. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Шо се инатиш безвезе, аман од тебе.

    Има два начина на онлајн настава за деца од 1-3 одд.

    Или да се вклучат дирекно преку Тимс да ја следат наставата во живо, или како што и кажале на членката, да се праќаат материјали во печатена форма, и да се посочи на кои страни и од кои книги треба да се учи.
     
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.295
    Не се инаетам, ти се инаетиш.

    Кажи ми: За што сте платени?
    Да пренесете знаење или да испратите материјли?

    Не сте бибилиотекарки, наставнички сте.
     
    На cresa-jagoda, raww, Bezimenka90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Не знам што да кажам, таква им е моментално политиката и одлуката во вашето училиште.

    Се надевам ќе се среди се.
     
    На raww му/ѝ се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.295
    А бре какви неоправдани.
    Има опција за онлајн и има да ја практикуваат.

    Ај на приватно нека одбијат работни задачи.
    Ќе ги држат мислиш?

    Има основа отказ да добијат.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.842
    Допаѓања:
    17.728
    Пол:
    Женски
    Не ти е малку контрадикторно ова? Како е начин на онлајн настава кога мора со физичко присуство да земе физички материјали, кои претпоставувам мора и физички да ги предаде назад за оценување и такви ствари? :?:
     
    На cresa-jagoda, WildMk и candy.cane им се допаѓа ова.
  13. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Шо ми се обраќаш мене, па ја да ти оправам или објаснувам??

    Има служби за тоа, во сите училишта е различно.

    Од кај јас да знам тие што носат на совет во нивното училиште?

    Такви се опциите дадени од МОН, не се измислени.
    А која ќе се одбере, зависи од секое училиште посебно
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.295
    МОН ви даде опција да не предавате, ами само материјали да испраќате?
     
  15. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Абе такви одлуки МОН донесе, не јас..

    Јас само ви ги пренесувам.
    Нека се бунат во министерство.
     
    На LollySky и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  16. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.331
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми е трето, наставата ја следи преку тимс. На нас ни кажаа дека само доколку има деца кои не можат да следат настава зашто немаат никаков уред дома тогаш ќе праќаат печатени материјали тековно.
    Ама, потенцираа дека тоа е последна опција и дека не е пожелно.
    Инаку, како наставници мора да најдат начин како да предаваат онлајн, има опции.
    Ова кај вас што се случува очигледно е самоиницијативно и без желба да се потрудат да имаат онлајн час, кој и те како еве во моментов непречено се одвива.
    Јас би те советувала да реагираш, нема зашто да го поминуваш тоа што го поминавме од март до јуни.
     
    На cresa-jagoda, raww, tina2018 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.295
    ?
     
  18. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.842
    Допаѓања:
    17.728
    Пол:
    Женски
    Ако е навистина така е ептен дебилна одлука и не знам што да кажам. Не те напаѓам тебе лично, нормално дека не зависи образованието од еден наставник.

    Само навистина е чудно како на никој ништо не му одговара, ама затоа никој не се буни. :D
     
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.295
    Ако навистина е така, плачат МОН за тужба.
    Има доволно родители на кои им е смачено да изиграваат наставници, како пролетва, а некој да зема плата за незавршена работа.
     
    На cresa-jagoda, raww, Kitten и 3 други им се допаѓа ова.
  20. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.207
    Допаѓања:
    106.318
    Пол:
    Женски
    Не ми е воопшто целта да се создаде тензија на темава и да се караме, пишав за доколку има други запознаени со ова.
    Тие од МОН нити ми враќаат нити ми креваат.
    Од март до јуни бар имав комуникација по вибер, сега имам ултиматум за средби секојдневни во живо.

    Се бунам јас, во училиштето не реагираат на моето бунење, МОН не е достапно, Народен правобранител не ми врати уште.
     
    На cresa-jagoda и tina2018 им се допаѓа ова.