До инспекторатот. До централниот во Скопје. Не до локалниот инспекторат во градот каде Бубале живее. Кога има претставка мора да одговорат бидејќи службено се заведува. Ова ми беше кажано од нив. Напишете,потпис од родител/и ќе ви одговориме,и ни одговорија во наша корист.
И на меил би требало да и одговорат, оти и тоа е официјален начин на комуникација, ама зависи кој е од другата страна... Јас во општина Аеродром реагирав за нашево училиште, ми одговорија по меил дека ја примиле претставката, потоа уште еднаш дека реагирале во училиштето и ќе следувале санкции. Искрено се изненадив Е сеа, дали вистински реагирале или само за да ме откачат, не знам, битно ми одговорија.
Општините имаат координатори за образование и култура кои се должни да комуницираат со граѓаните. Во мојава барем, така се решаваат проблемите. Исто така општините имаат и дата податоци за соц. загрозени фамилии, па точно знаат кои деца немаат услови за следење настава.
Па рекоа реагирале, немам начин да проверам дали е така. Не беше лична работава, тука за пропуст од страна на училиштето за кој што следува кривична одговорност. Јас лично не бев засегната, да бев со адвокат ќе им одев во училиште
Јас немам лаптоп ниту можам да се снајдам за лаптоп, нема кој да ми зајми, а и не е тоа пенкалце па да побарам на заем. Да купувам и да се задолжувам кога живееме само од моја плата нема да се случи! Мојот директор ми вика "снајди се". Набавивме компјутери но ќе ги имате дури за два месеци. Ми вели - настава тогаш ќе држиш од твојот мобилен, мора да си на работното место, неможе од дома. А мојот предмет 80% се состои од експерименти, телефонот не ми подига ни pp презентации Колешките од одделенска ќе работат од јутра до сутра. Никогаш не сме биле пообесправени па и омаловажувани. И наставници и родители. Ми се рика...
Оно што беше претходно, принтањето материјали и глумење наставник воопшто не ми се допадна. Арно ама, имав/ме разбирање бидејќи беше се неочекувано. Сега гледам дека има прилично добра замисла колку се може за онлајн настава, ама слаба реализација. Има многу "дупки" во системот. Платформата сеуште не е совршена, треба да се влезе во шема за овој начин. Како и во се останатото во држава, така и во овој образовен метод се нешто касни. Ама, мислам дека е за арно работата, ако се гледа во иднината, ова е нешто со што нашата држава се прв пат соочува, и верувам ќе стане се попрофесионално понатаму. Не е мала работа сепак за нас кои немавме допир со онлајн, се знаеше имаш да бираш државно или приватно училиште и нема друга опција. Друго, не би требало да ги плукаме наставниците, не се они измислиле како да се работи. Нашава ни вели, ќе ви пишам во кое време ќе имаме час в понеделник, како ми директорка каже така. А вероватно и таа директорка чека некои други работи, од надредени над неа и така во круг. И фали комуникација на нашава, повеќе да не упати во целиот процес, првиот пат не ни кажа ни каде да се вклучиме, родители сме незадоволни, не знаат сите за Тимс и како функционира, ама и она е наставничка од стара фела, се ова е учење и за неа првин. Се обидувам да имам разбирање, бидејќи фрустрација никаде не не носи, а не па напаѓање. Гледам пред син ми да не изнесувам свои негативни забелешки, бидејќи му влијаам. Првин беше разочаран што не се оди во школо со физичко присуство, потоа кога добивме насоки за логирање на платформата и кога јас прокоментирав дека е баш кул и дека ми е жал што во мое време немаше вака да седнам пред комп и штракам по тастатура, и тој се возбуди. Едвај заспа чекајќи да се вклучи утредента. И сега па многу му се допаѓа, нешто ново, пак се гледа со другари итн, сега се па пофокусирани на што се случува на екранот. Барем засега Мора да пројде време за секоја работа да се покаже на дело, друго е теорија, друго пракса. Како ќе излегуваат проблеми, ако се комуницираат, да се надеваме успат и ќе се решаваат. И што побрзо да пројде лудило и да тргнат деца на училиште како што би требало. Деф се нови времиња и мора да се прилагодуваме на нив.
https://prizma.mk/nema-plan-b-za-ma...o3WGdaYYdPV4xkyehGreC6dpyaZwb0MT2U5DHA-FZpsT8 Многу добра анализа
Да бидиме искрени и да си кажиме реално сега. Пандемија е. Имаше вонредна состојба. Вие наставниците седевте ДОМА 7 месеци и не правевте ништо, а другите професии цело време без престан одеа на работа. Ништо нема да ви биде ако малку повеќе од вообичаено се вложите себеси за ова да успее.
Незнам кои се тие што не правеле ништо, но јас работев. Не работев само од јули до 15ти август. Од 1ви април до 10ти јуни држев онлајн настава на зум, цел јуни СЕКОЈ РАБОТЕН ДЕН бев на работа да си ја завршам администрацијата и сведителствата за децата. Додека траеше онлајн наставата мојот телефон полуде, ѕвонеше вибер, месинџер, мејлови па и инстаграм. Сите можни профили сум им ги дала на ученициве на располагање само за да имаме контакт. Приватноста ја изгубив. Кога ќе влезев да успивам дете во 10 навечер, ќе решеше некој ученик упорно да ѕвони. Што повеќе да вложам? Никогаш не сум рекла дека несакам и неможам да држам онлајн настава, но кога работодавачот не ми обезбедува услови за работа, како да работам. Еве кажи ми? Не ми дозволува од дома да работам а ми вика снајди се??? Никогаш не сум се почувствувала пообесправено. Дури ни тој ден што законски ми следува да испратам дете прваче на прв школски ден не ми го даде!
Многу голем отпор има кон учењето на далечина. Знам дека повеќето луѓе не сакаат промени, ама пандемија е, очекував поголема подготвеност од сите да се прилагодиме. Јас верувам дека со желба сѐ може да се постигне. И со постар компјутер, и со телефон, важно е да не се откажува никој. Со тек на време ќе се решат проблемите. Ќе се набават компјутери, ќе се навикнат и наставниците и децата. Многу е лошо тоа што на децата им го пренесуваме нашето мислење и уште пред да почнат, тие веќе имаат отпор кон онлајн учењето. Со хејтање и жалење не се решаваат проблемите.
...и плус ќе додадам дека со евтин ранец се оди на училиште ама со слаб телефон или компјутер тешко бидејќи сепак за овие платформи се бара нешто подобро. И за жал оние кои некако ќе присоберат мин. средства или ќе се задолжат за да купат нешто минимално за децата мислејќи дека барем им обезбедиле тоа што им е потеребно, ќе биде тажно кога ќе се соочат дома со проблеми и кога ќе сватат дека речиси џабе ги ,,фрлиле'' парите што всушност ги немале(кредит,картички,позајмици,рати...)
После една недела уки буки, платформи и др почнаа децата. Следев на почеток и јас зашто ги утнуваа децава часовите(повеќето се сами оставени дома ).Но, за два дена одма влегоа во шема. Прават уште лапсузи но ќе се научат
После една недела уки буки, платформи и др почнаа децата. Следев на почеток и јас зашто ги утнуваа децава часовите(повеќето се сами оставени дома ).Но, за два дена одма влегоа во шема. Прават уште грешки но ќе се научат. Сакав и да ја пофалам нашата учителка на 60+години да се соочиш со сето ова не е баш најлесно. Мило ми беше што можев да го видам начинот на кој му предава на моето дете. Задоволна сум,кратко , јасно и прецизно.Се гледа нејзиното искуство.. Сега сам си се вклучува исклучува и на други часови и се е ок. За вакви услови засега е добро.
На керката сеуште и немаат дадено корисничко име и лозинка,сеуште неможе да следи настава он лајн. Секој ден чекам известување ама нема позитивен фидбек од наставничките. Дали има некоја со сличен пролем да сподели искуство, каде да се обратам и што да направам?
Прво наставничката прашај ја на што се чека, па оди кај директорот и кажи што се случува. Ако не профункционира вака, можеш да ги пријавиш во Државен просветен инспекторат и воедно да ги прашаш до кога се законски обврзани да ти одговорат.
Имам познаници со деца и викаат стварно е ужас, децата неможат да седат во едно место со саати зошто се досаѓаат. Некои деца паѓале од стол, некој фаци правел на наставничката, па некои нет немале добар. Исто така имам и другари студенти што делат соба со браќа/сестри исто на 10/11 години. Едниов неможе да следи предавање зошто брат му има час во исто време, па може ќе се префрли во друга просторија, ништо страшно. Но кога доаѓа време за учење, он често учи додека брат му е нашколо, сега ни концентрација нема, па со нервози е. А неќе ни во читална да оди зошто не му се дава пари, ниту па да ризикува.
Исто и нас, мали сме до душа. Им здосадува прават глупости ама гледам дека учителката им е многу добар психолог, кога гледа дека почнуваат да вклучуваат камери да зборуваат одма им дава самостојна работа. (Пишување, решавање задачи )и се смируваат автоматски