Кај нас 10мин порано е вклучена учителката. А другите наставнички точно на време се. Петто одделение е син ми. Освен технички проблеми, јас сум задоволна како си ја вршат работата нашите наставнички.
Најлесно би било да се откажеме, да кажеме не бива, не оди, сакаме во клас. Тоа е најлесно. Да препишеме на тоа дека не бива, едноставно сметам дека некои коишто сеуште велат вака и сметаат дека не бива и не оди не сакаат ниту да се потрудат. А богами знам дека челични нерви требаат но ситуацијата е таа што е. Времево не е за во клас дефинитивно, ризчно е, колку и да сме исцрпени од ситуацијава во друг универзум бе не можеме без вирусот, наместо тоа би требало да погледнеме напред и да се потрудиме, како така барем е образование, може не е исто и не е исто се согласувам но е сепак некакво образование наместо ништо. Е сега, овие што каснат за час или не одржуваат или излегуваат порано се еквивалентни на секој еден што клати врата или на оние што работам ама денес не ми се работи, ова е неопростиво и ваквите професори не заслужуваат да работат заслужуваат да се соодветно санкционирани, неопростиво е, се чудам како возразни факултетски образован народ не му се работи, не можам да сфатам колку несериозност постои а за ова е крива државата нормално. Свака им част на професорите и наставничките што се трудат и успеваат си ја сакаат работата и дечињата ги прават радосни, вчера читав статија на наставничка од битола ли беше од каде беше што изработила автомобили на секоја клупа, за жал таква љубов и довлест и таков труд се се поратки. Пример за лице што заслужува да работи. Државата треба да обезбеди компјутери или што год за децата што немаат, секој заслужува образование, се перат ужасно толку многу пари наместо да се проба да се оправи нешто во нејзе. Тоа е најтешко. Зборот ми е како што вирусот носи нов правец и драматично лош чисто сумњам дека и европските држави ќе опстојат да следат настави, би требало секој еден да проба да е смирен и да проба да влезе во моментот во периодот нова нормала, иако е тешко, но сепак е образование, сепак е нешто многу подобро и поквалитетно од ништо. Најлесно е да се предад, тешко е да пробаат да работат сите на овој начин. Што сакале или не сакале ќе потрае сега за сега.
Не само за период од 01.09-31.09. Скратувања има во целата наставна програма ,во зависност од предвидениот неделен фонд на часови. Ако нема измени во меѓувреме, II полугодие започнува на 21.01.2021
Сакав да кажам дека програмата е скратена за онолку часови колку што се изгубени во тој период, не тие што требало тогаш да се изучуваат. Не се изјаснив како што треба
На комшија детето доби забелешка зошто ја мјутнувале наставничката, а тоа само едно дете го прави и сега цел клас страда. Или па ако детето нема камера го запишуваат како оцутен, а уклучено е со микрофон. А класната пред да почне учебната година ги праша децата и родитрлите дали имаат камера, преку што се уклучени. А тие податоци треба да ги знаат останатите наставници зошто стварно неферски испаѓа! Каква таква е наставата, има такви што воопшто не се уклучуваат, ама повеќето си ја следат. Сакам да кажам многу неферски реагираат наставнициве кон децава, мора да олабаваат малку!
Ги прашувам тинејџерите дома како помина првиот месец од онлајн наставата. Си фатија ритам и наставниците и децата, само се жалат дека часовите им биле досадни, без многу интеракција. Им треба помош на професорите како да ги направат часовите интересни. Сосема поинакво искуство е онлајн учењето.
Искрено не оди баш најдобро. Уште не се спремни наставниците за онлајн да држат настава.. Плус технички проблеми има многу и многу ученици го злоуптребуваат тоа и се вадат на слаба конекција и немање услови.
Моето е прваче, оди со физичко присуство и можам да кажам секоја чест на наставничката( како и многу други верувам) за почитувањето на мерките, известувањето во однос на учење, здравје на деца и сл. Плус, секоја недела одржува онлајн час на Тимс по рсзличен предмет, се со цел ако не дај Боже дојде до тоа, децата и ние како родители да бидеме спремни. Завчера имавме и онлајн родителска средба.
На teams како излегувате од тим? Имам неколку што ми сметаат, цело време ми стигаат часови закажано шо не ми требаат ама нема опција да ги тргнам. Порано имаше опција знам на трите точки ама сега ја нема. Некој да не знае друга опција?
Ако нема опција leave team, тогаш оди во hide. Ќе се тргнат и ќе се во hidden teams. Јас така правам.
Ама на mail ми стигаат цело време известувања и плус во закажани во календар ми стојат и тоа ми смета... Малку сум перфекционист и ми сметаат, па цело време ги тргам и залудно ми губат време...
Така им праам ама досадно е на сите. Најдобро решение е да го ливнам тимот ама штом нема опција тогаш тоа е...
Знам дека имаше порано опција во Manage team ---> Leave team, директно одиш тогаш на тимот и на трите точки. Оди на General од тој тим и channel notifications ---> OFF, мислам дека така нема да добиваш нотификации.