Онлајн настава

Дискусија во 'Коронавирус' започната од referentka, 29 јуни 2020.

  1. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    28.546
    Освен мене, сите си траат. Се обиде еден родител да побара родителска (онлајн) која е задожителна и не му успеа, нѐ одби наставничката. Еден куп неправилности има, најголемиот дел ги опфатив.
     
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.295
    Епа?
    Немаше истрага од инспекторатот?
    Тоа одма се решаваше ние кога пријавуваме...
    Кај е школово? Во некоја планина?
     
  3. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    28.546
    Ќе ти кажам што ќе биде исходот. Во тек е процедурата. Не би вака јавно детали.
     
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.295
    Од ноември, до сега, нема шанси да нема исход.
    Да не подлажнуваш тро? :)
     
  5. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    28.546
    Од ноември детето не оди на школо и следи онлајн настава. Процедурата трае како што јас ја испланирав, редоследно. Ако сакаш подетални објаснувања дојди во лп. А и слободно можеш да мислиш дека лажам, мене ништо не ми менува тоа.
     
  6. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.873
    Допаѓања:
    36.606
    Пол:
    Женски
    Јас бев против и се уште сум.
    Детево во два наврати ми беше онлајн и иако наставничките ѕверски се трудеа да балансираат во наставата и да им посветат внимание на онлајн учениците, сепак ни одблиску не е исто како со физичко присуство. Многу, ама многу работи им беа ускратени. Немаа физичко воспитание (само учениците со физичко присуство) сите активности кои се изведуваа надвор им беа ускратени ( а имаше приличен број такви) плус интеракцијата со наставничките и другарчињата е поинаква онлајн и со физичко присуство. И за крај, програмата воопшто, ама воопшто не е прилагодена за онлајн. Пак ќе кажам, секоја чест за наставничките, навистина се потрудија, меѓутоа програмата е таква каква што е.

    Инаку... секое училиште поединечно носеше одлука како ќе се одвива наставата, можеби дури и на ниво на одделение е оставено (за учениците од 1 до 3) па така, не ме чуди ситуацијата на @zuto ниту пак мислам дека лаже ;)
     
    На nevermet18 и zuto им се допаѓа ова.
  7. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Од сам почеток бев против онлајн, иако цела година предавам на ваков начин, сеуште сум против.

    Колку и да се трудат и наставниците, па и децата и родителите, квалитетот на наставата не и ист.

    За воведување на е-учебници, сум исто ПРОТИВ!

    Скоро сите кои се дел од образовниот процес (наставници, професори, ученици, родотели) се против оваа "реформа".
     
    На nevermet18, Kitten и zuto им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.295
    Не предавате?
     
  9. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Секако дека предаваме, но квалитетот на настава со физичко присуство, и онлајн настава не е ист.
     
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.295
    Во која смисла?
     
  11. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Прво, за многу ученици наставата на далечина е само формалност, колку да се вклучат на час, да не ги запишеме, а не вистинска замена за редовната настава.

    Второ,некои ученици немаат соодветна опрема за следење на онлајн наставата, односно немаат електронски уреди, компјутер, телефони,таблети, камера... па наставата и комуникацијата со овие ученици е отежната.

    Понекогаш, (не знам дали од оправдани причини или не) за време на онлајн наставата ученикот може да ја "изгуби" интернет конекцијата, па да не се вклучи неколку часа.

    Трето, за дел од наставниците/професорите (оправдано или не..) најважно е да го предадат наставниот материјал, да се спуштат оценките и се да се заврши на еден формален начин.

    Наставниците/професорите се наоѓаат во ситуација во која се неподготвени и без соодветна поддршка.
    Критериумите и насоките наложени од надлежните институции не се доволни за ефективно справување со ситуацијата.

    Ниту еден наставник не може со сигурност да потврди дали зададената домашна работа или тест/наставен лист на учениците е напишана самостојно.

    Четврто, програмата... Уф.... воопшто не е прилагодена за настава од далечина, секој се снаоѓа како знае и умее.

    Цел реферат има за пишување..
     
    На LejlaD, nevermet18, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  12. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.754
    Допаѓања:
    21.440
    Пол:
    Женски
    Петто, секое дете ја нема таа можност да си слуша настава од посебна соба. Најчесто се дели со брат/ сестра, па и ако и тие треба да слушаат настава, ужас. Па ти влегуваат во соба, си пречат меѓусебе, галамат и се губи концентрација.
    Се на се, катастрофа е, поплаки колку сакаш.
     
    Последна измена: 8 мај 2021
    На LejlaD, nevermet18, WildMk и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.775
    Допаѓања:
    40.574
    Пол:
    Женски
    И двете.За одредени сегменти ми одговара онлајн настава, за одредени не.
    Ама јас на факултет сум, за сите помали од мене не само што им штети од аспект на тоа што многу помалку учат, туку им штети и намалената социјализација, и искрено многу ми е жал за нив.
     
    На Glowy му/ѝ се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.295
    Социјализацијата е намалена за сите. Поради пандемијата. Затоа и има онлајн настава.
    -------------------
    @Ева33
    Мене не ми е јасно оти сите наставници не испрашуваа со вклучени камери?
    Или да ги викнеа за писмено тестирање со физичко присуство?
     
  15. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Не испрашуваат сите со вклучени камери бидејќи не сите ученици сакаат да ги вклучат,без разлика дали им се издржани изговорите или не.
     
    На Glowy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.295
    Нема сакам-не сакам
     
  17. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Арно велиш така.... Но, реалноста не е баш таква!
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.295
    Имавте отпор од родителите?
     
  19. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Не често, но имаше во неколку наврати ситуации кога реагира родител да не бараме од нивното дете да вклучува камера од Х-причини.

    Некогаш децата "од оправдани" причини не можат да вклучат камера.... И така... Со сила не можеш да се туркаш
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  20. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.873
    Допаѓања:
    36.606
    Пол:
    Женски
    Како бе нема сакам, не сакам?
    Ај, наврати се на првичните муабети кога се зборуваше какви конфигурации се потребни за следење на наставата и колкав финансиски трошок е тоа за родителите? Нели не убедуваа дека и со стар компјутер може да се следи? Епа, не сите компјутери имаат камери.
    Кога министерството ќе обезбеди компјутери, камери и интернет за сите ученици, тогаш ќе имаат право наставниците да бараат да бидат вклучени камерите! Сега... не смеат да писнат! Особено што пратениците ги обезбедија со лаптопи, плаќаат сулуди суми за патни тропоци, а за учениците нема?
     
    На asdas, Kitten, Ева33 и 2 други им се допаѓа ова.