1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Онлајн настава

Дискусија во 'Коронавирус' започната од referentka, 29 јуни 2020.

  1. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.321
    И не сите потребни програми за следење на наставата и за правење тестови функционираат на постарите верзии на Виндоус или на било која верзија на андроид. Лично пробав со одредени на друг пц и не сака:)
    Ама да, глупи сме ние, доволно е едно телефонче или телевизор. Да, сериозно одредени убедуваа дека е доволно телевизор. Е да, ама ако е некој смарт, ваков онаков, не обичнине кутии.
    Моментално сум самата у беља оти ми се расипа лаптопот па ќе се снаоѓам за полагање дур земам нов или го поправам овој, ама некој ќе ми кажува оти можам да полагам од телевизор или телефон. Не морало добар лапоп, него било каков чкљ уред. Аха, важи.
    А тек па колку има во полоша ситуација.

    Ја не се жалам, ќе се снајдам, и нов ќе земам ако треба. Ама тие што не можат? А @WildMk ?
     
    Последна измена: 9 мај 2021
    На Glowy, zuto, Ева33 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    6.312
    Пол:
    Женски
    Добро под оправдана причина подразбирам немање камера. Сепак не може секој да си дозволи. Некој ќе се снајде со телефон, но и тука има проблем бидејќи немаат сите добри телефони.
    Затоа најдобро решение е испрашување и тест со физичко присуство со почитување на протоколите, изводливо е.
     
    На Angie1432 и WildMk им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    А не го земате во предвид делот што децата лажат, па и родителите лажат за нив?
    Триста финти измислија како да ја саботираат наставата.

    А им побаравте да ги тестирате со физичко присуство?
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  4. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.385
    Допаѓања:
    34.201
    Пол:
    Женски
    Да, децата што лажат се битни, тоа што немаат услови, небитно.
    А и не мора они да обезбедат уреди, кажав претходно. Државата е должна да обезбеди за нив, кога веќе ги принудува на онлајн настава.
    Ај, Вајлд, плс.... за ова ли најде да се контраш?
     
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Се согласувам дека треба државата да обезбеди уреди на тие што немаат, ама да кажеме и дека грото од децата со уреди имаат 35 милиони изговори за да пропуштат настава.
     
  6. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.385
    Допаѓања:
    34.201
    Пол:
    Женски
    Нивно право бе Вајлд! Зошто да не лажат? И како ти или било кој ќе докаже дека лажат? Можеби лажат од револт? И оправдано.
    Се додека државата не им обезбеди помагала за наставата, нема право да диктира правила!

    Туку... имаат за голф игралишта, пратенички трошкови итн, ама за ученици не.
    Сега најгорлива е расправата за дигитализација... меѓут зилионите забелешки за истата кои ги имам јас и грото од родителите, знаеш што се случува во училиштето на ќерка ми (Љубен Лапе)? А верувам и во други училишта. Бараат од родителите да обезбедат фирми кои ќе донираат ИТ опрема за наставата која што треба да почне т.е за дигитализацијата. Ете, ова е се што треба да знаеш за нашава држава ]:)
     
    На Ева33 и Kitten им се допаѓа ова.
  7. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    Мене не ми дозволија повеќе од 3 деца да повикам на час за тестирање. Така што ми паѓа во вода цела генерација да ја тестирам со физичко присуство.

    Планирам сега нешто такво само за оние што упорно се кријат, но ако не се појават ни во школо, ќе ги оставам неоценети.

    Инаку држава за децата не обезбеди ништо! Се снаоѓаа училиштата со донации. Истото ќе ни го утропољат и годинава со електронските учебници. Како да не сте свесни што се случува во државава.
     
    На Ева33 и An-na им се допаѓа ова.
  8. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Точно, ама не е исто да ти одземат 2 години од животот на 40 и на 6/10/15. Колку помали се децата, толку поголем chunk од животот им е една година. И верувај огромен мајндфак е да треба цела година да поминеш на екран во едно ќоше од соба. Мене на факултет ментално ме поремети, па што останува за децата што се во развојна фаза.
     
    На Ева33, zuto, christinnn и 2 други им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Ама зборувам за тие што имаат опрема, не за тие што немаат.
    Кој не ти дозволи повеќе од 3 деца?

    Треба да си бараме... сите заедно.
    Прво опрема, после се' друго.
     
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Леле, аман те луѓе.
    Пандемија има.
    Што правеле во втората светска војна? во првата?
    Земојтресот во Скопје 68ма?

    Никој не вели дека е лесно, ама е вонредна ситуација.
     
  11. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.385
    Допаѓања:
    34.201
    Пол:
    Женски
    И? Што ако имаат? Приватна е, како не разбираш! Не мора да ја користат за настава, никој не смее да им наложи, ниту пак да ги уценува. Не знам што упорно се контраш.
    Пак ќе повторам, се додека државата не им обезбеди помагала на учениците, нема право да поставува услови дали и како ќе се вклучуваат учениците на наставата. Среќа е што и до сега се снаоѓаат. А не мораат!
     
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Леле глупости :D
    Не мораат да присуствуваат на настава? :D
     
  13. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Оделе на слави ваљда и се собирале чопоративно по ресторани ко ништо да не се дешава. Ако веќе ги правиш споредбиве... Со задоволство седев лани на онлајн настава кога мислев дека сите колективно ќе се задружиме да ја сопреме пандемијата. Ама сега кога гледам што сè е дозволено на сметка на моето образование и на менталната состојба на мали деца, го немам баш тој ентузијазам.
     
    На christinnn му/ѝ се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Е како не оделе на слави.
    Во 2001ва низ Западна Македонија по слави одеа, или повеќе од пола ги напуштија домовите?

    *Вонредна состојба.
     
  15. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Па тоа ми е поентата Вајлд. :D За да се вадиш на она вонредна состојба е, не се жалете ќе треба и сите други да се понашаат како да е вонредна состојба. А не јас да треба да полагам со дронови од дома како да е апокалипса, а Славица да прави крштевка со 100 души во ресторан.
     
    На nextredstyle и Glowy им се допаѓа ова.
  16. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.275
    Допаѓања:
    5.170
    Пол:
    Машки
    Мислам дека онлајн наставата дека треба да продолжи и од септември или пак комбинирано. Настава да се држи онлајн а тестирања, тестови, испити, практична настава, спорт и здравје да се спроведе со физичко присуство. Тој шо сака да учи ќе учи тој шо не сака неможиш со сила да го натераш. Знам примери и пред пандемијава, испити за на факс спремаа во квадрат место со послаби услови на живот па пак 10ки на факс имаа. Нее изговор тоа.
     
  17. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.385
    Допаѓања:
    34.201
    Пол:
    Женски
    Не мораат. Смеј се ти колку сакаш.
    За физичко присуство да, ама онлајн како ќе присуствуваат ако немаат уред и интернет? Преку гулаб ќе се допишуваат со наставничките? Знаеш нели дека уште кога се воведе наставата имаше изјава дека тие ученици кои немаат услови ќе учат преку наставен материјал кој ќе го добиваат секоја недела? Така што... не, не мора да се вклучуваат. Добра волја е на родителите ( а и најверојатно чувство на одговорност и добробит за детето) што им обезбедуваат уреди за онлај наставата, кога државата потфрли. Не мораа!
    И да бевме малку посложни како нација, требаше да се бојкотира наставата се додека не се обезбедеа еднакви услови за сите ученици.
     
    На Ева33 и nextredstyle им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Тоа да.

    Некни една ми кажува како отишла на забар и не кажала дека има корона, да не не ја примеле.
    И сега јас треба да сум ненормална да си го пуштам на школо детето, покрај такви луѓе.
     
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Абе зборувам за тие што имаат.
    Читаш ти, или не читаш?
     
  20. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.385
    Допаѓања:
    34.201
    Пол:
    Женски
    Читам, ама ти очигледно не разбираш. Како ќе докажеш кој има? И како и врз основа на што ќе ме казниш пример мене што имам уред ама ете од револт не сакам да се вклучам? Пошто лута сум оти државата не ми обезбедува услови, а ме принудува на онлајн настава? М? Многу ме интересира?
     
    На Ева33, Kitten и nextredstyle им се допаѓа ова.