Онлајн настава

Дискусија во 'Коронавирус' започната од referentka, 29 јуни 2020.

  1. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.214
    Допаѓања:
    8.419
    Пол:
    Машки
    Анкетите на УСС покажаа дека треба да се оди онлајн и имаше одлука која траеше 5 минути за да се претвори во комбинирана.

    Според мене, јас мислам дека кај факултетите шо преовладува повеќе теорија и бубање треба да се оди целосно онлајн а таму каде што има потреба од физичко присуство (вежби, медицински) да одат комбинирано а колоквиуми и испити да се одвиваат физички.

    Факсот мој е повеќе теориски шо можам да го пратам и онлајн и мене мие глупо некако да одам со физ. присуство за теории и повеќе ме демотивира тоа и плус ние шо сме надвор од СК, сме изложени на ненормални трошкови заради тоа шо шо државата ги начука сите факултети во "метрополата".
     
    На злоба му/ѝ се допаѓа ова.
  2. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.881
    Допаѓања:
    129.875
    Пол:
    Женски
    Немаат сите студенти компјутер и интернет дома.А,и оние кои имаат,немаат секогаш квалитетна услуга од операторот.Интернетот често паѓа по неколку пати во текот на денот,дури и во урбани средини.А,online платформите и онака се ризични.
     
    На poi му/ѝ се допаѓа ова.
  3. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.214
    Допаѓања:
    8.419
    Пол:
    Машки
    Океј, има недостатоци и во тоа, но тие пролеми што ги наброја 50% државата треба да си ги среди. Се се врти околу дигиталноста и светот оди на тоа, неможиме ние да одовлекуваме и немора на еднаш да преминеме на тоа туку постепено, ако го одовлекуваме за неколку години ако се случи иста ситуацина светот ќе биде далеку пред нас а ние тогаш ќе биде на левел 1, како што бевме лани неспремни па 1 месец каснеше школската година.
     
  4. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.927
    Допаѓања:
    16.930
    Пол:
    Женски
    Ехх, сигурно не е поскапо од сместување во Скопје, плаќање кирии и сметки, плус дополнителни трошоци за храна.
     
    На quattro му/ѝ се допаѓа ова.
  5. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.881
    Допаѓања:
    129.875
    Пол:
    Женски
    Да,ама не треба да се дискриминираат учениците и студентите кои немаат можности за следење online настава и полагање.
     
  6. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.758
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Женски
    Да но нели кога се запишуваш на факултет одиш со претпоставка дека ќе одиш со физичко присуство. Ако немаш услови можеш да се запишеш на факултет близу градот во кој живееш (сите овие трошоци кои ги наброи се помали во останатите градови) или да побараш подостапно сместување пр во студентски дом.Тоа што одредени “шерифи“ се изживуваат со студентите и наплаќаат 250+ евра за обична барака тоа е друга тема на разговор.

    Сметам дека секој факултет треба да си одлучи за себе. Медицински и останатите факултети на кои има практична настава треба задолжително и без исклучок да бидат со физичко присуство а останатите кои имаат можности (а со тоа што цела година беа сите онлајн мораа да се снаоѓаат некако, верувам дека и се снајдоа до сега *мојата чудесна земја*) треба да одат онлајн уште овој семестар. Кога може да се избегнат контакти а сепак да нема многу загуба во квалитетот на образованието зошто да не?
    Испитите на сите факултети треба да бидат со физичко присуство зошто и со 10 камери ќе има преписи.
     
    На Larson и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  7. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.927
    Допаѓања:
    16.930
    Пол:
    Женски
    Тоа и го велам. Нема потреба да се оди со присуство доколку теоретски може да биде истото предадено и онлајн. На некои факултети неизбежно е физичкото присуство за вежби, но за предавања реално не е и би можело да биде онлјан. И така ни се преполни болниците, нема потреба да се создаваат дополнителни кластери и од факултетите.
     
    На quattro му/ѝ се допаѓа ова.
  8. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.214
    Допаѓања:
    8.419
    Пол:
    Машки
    За да не бидат дискриминирани тие проблеми треба државата навреме да си ги реши.
    Нелим секој треба да учи она што го привлекува? А државата сите факултети ги смести во еден град. И сега ако некој нема таблет или пц е дискриминирачки а нее дискримирачки да не го учиш она што го сакаш туку она како што му налагаат "условите" (високи трошкови од по 500+ евра) и запишување на најблискиот факултет шо не го сакаш а немаш услови за друг, да речиме УКИМ.
    Има студенти што нема да бидат примени во студентски дом заради Х причини.

    Факултети каде преовладува теорија = онлајн
    Факултети каде има вежби како медицински = физ. присутво или комбинирано
    Колоквиуми и испити = физичко присуство.

    На крајот од денот тој шо учи не му менува дали е онлајн или со физ. присуство.
     
  9. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.881
    Допаѓања:
    129.875
    Пол:
    Женски
    Власта наместо да носи лоши мерки,може да ги преправи и да донесе некои со кои ова ќе се спречи.


    И ова е проблем.Не треба да им страда образованието ради недостаток на пари.
    Ученици и студенти повеќе мамат на online настава.
    Треба да се мисли и на ризикот од хакерски напади.
     
  10. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.758
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Женски
    Да, секој треба да учи она што го привлекува. Во скоро секој град има дисперзирани студии и скоро секоја струка е опфатена. Тоа и те како беше/е олеснување уште на времето за студентите кои немаа услови да студираат во Скопје. Сепак, државата треба да биде таа која ќе овозможи олеснување за да може кој кај сака да студира.. И не е оправдување ова “сакам онлајн зошто не сум од Скопје имам високи трошоци“. Точно, ама се знае како се оди на факултет/образовна институција - со физичко присуство. Тоа што сега е пандемија и е онлајн не значи дека нареден семестар, година ќе биде пак онлајн. Решение треба да има за тие студенти без разлика дали ќе бидат онлајн или со физичко.
    Дескриминирачко е и тоа што државата не се грижи доволно за таквите студенти (со ниски примања) или општо за студентите. Доколку се алудира на физичка настава истата треба да се овозможи со доволен капацитет за простории, за проветрување ама погледни ја реалната слика и ќе видиш дека една шајка не е закована. Зградите се истите уште од времето кога мајка ми и татко ми студирале. А ако се алудира на онлајн настава треба да се овозможат услови за истата (да се дадат сретства за тие кои не можат да си ги дозволат).

    Во врска со болдираново, не си во право, има доста факултети кај кои практичната настава е од суштинско значење.
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  11. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Треба да се овозможи ваква настава за секој кој не сака да се воведува во ризик себеси и своето семејство.
     
    На quattro му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.168
    Допаѓања:
    5.384
    Пол:
    Женски
    Не може да биде за некои вака, за некои онака на факултет. Училиштето е задолжително, и мора од МОН да се прилагодат за ете, ако некој смета дека му е ризик да оди на школо, бидејќи мора да оди. На факултет не ги интересира, бидејќи не е задолжително, ќе ти речат ако ти е страв - паузирај година. Не знам ни како би се извело тоа, тие што сакаат - онлајн, тие што не сакаат - физички (за на факултет зборувам). Или ќе биде за сите, или за никого...
     
    На Larson му/ѝ се допаѓа ова.
  13. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.725
    Допаѓања:
    13.497
    Пол:
    Женски
    Првично беше да се вакцинираме за да може да се вратиме во нормала, да може да се вратиме на факултет. Се вакциниравме, иако вакцините не се ни проверени како што треба и нус појавите од нив допрва ќе се видат, ама сега испаѓа студентите сакале да имаат онлајн настава и затоа наставата ќе била онлајн. Ова не е фер кон нас што се вакциниравме само за да можеме да одиме на факултет, нека си одат онлајн тие што сакаат, а нас вакцинираните треба да ни дадат опција дали сакаме онлајн или физички да слушаме настава, ова е изводливо, нека слушаат од дома тие што не се вакцинирани а другите што се вакцинирани нека си имаат избор и предавањата да одат на зум или нека ги снимаат. Испаѓа како ние многу да сакавме да се вакцинираме со некоја неиспитана вакцина создадена за 5-6 месеци, од која не се знаат нус појавите на долг рок, и сега и покрај тоа што сме вакцинирани и сами себе на ризик се изложивме дома ќе си седиме и ќе спиеме пред лаптоп. Ова е страшна неодговорност од страна на УСС, а и вчера се виде дека воопшто не ги ни интересираат студентите, си прават како им дојде. Многу сум изреволтирана.
     
    На Anie93 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.210
    Допаѓања:
    277.137
    Пол:
    Женски
    Со почетоков на школскава година само господ напомош да ни е...И да не лажат дека лани немало внтарешна трансмисија на вирусот.И тоа на толку мал број на деца во група и во период кога децата мн малку го фаќаа вирусот.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.769
    Допаѓања:
    41.738
    Пол:
    Машки
    Имаше, имаше. И тоа што беа поделени на 2-3 групи класовите, со скратени часови и други мерки. Ова сега ќе биде скроз со 0 контрола, освен носење маски, ако ги носат.

    Мила следи примери на Европски држави наводно, ама уште да спомне дека во тие држави популацијата над 18год. е вакцинирана во над 70%, некаде и децата над 12 години во голем процент, па така вирусот и не е опасен за нив (пример Данска, Норвешка). А од друга страна не сака да ги тестира ни наставниците, а камо ли децата, барем 2 пати неделно на трошок на државата.

    Ама попис мора да има...
     
    На Guns N` Roses, VDT2906, noteforself и 13 други им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    Абе нека има попис, ама нека биде и онлајн наставата.

    Вака шо ќе напрат?
    Ќе не попишат, па после ќе прешкртуваат луѓе кои ќе починат.
    Ептен глупо.
     
    На venus♡ и mal.ecka им се допаѓа ова.
  17. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.243
    Допаѓања:
    27.873
    Wild најголем дел од родителите сакаат настава со присуство. И Мила и Филипче и сите знаат дека е лоша одлука, ама избори идат, придобиваат народ.
    Затоа реков дека нивните одлуки ќе чинат животи.
     
    На venus♡, oblace1, mal.ecka и 5 други им се допаѓа ова.
  18. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.910
    Допаѓања:
    36.745
    Пол:
    Женски
    Тебе никој не ти брани да ја оставиш ќерка ти да биде онлајн :^)

    Што ви е бре луѓе?! До кога децава дома ќе седат?! И така наставава ужасна беше до сега, сега со онлајн „наставава„ запечативме судбина на цели генерации. Знам јас и страв и се, ама граници имајте, аман!!!

    @Ahoy Ај, европските држави на страна, ама еве да земеме пример од поблиски држави... Хрватска, Србија, колку што знам немаа онлајн настава, а се многу слични со нас, па не им изумреа децата |(
     
    На Harper, referentka, Kitten и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.384
    Дозволено ќе биде кој сака онлајн?
     
    На mal.ecka и WildMk им се допаѓа ова.
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.853
    Допаѓања:
    202.955
    Пол:
    Женски
    И јас сум за да одат со физичко присуство, изолираноста дома им штетеше многу. Кај син ми малку деца се во клас, 19 мислам, има опција за дистанца, маски секако ќе носат.
     
    На Harper, referentka, Anne Boleyn и 5 други им се допаѓа ова.