Пријатно изненадена сум од малите дечиња колку се дисциплинирани. Моето првиот пат кога му ставивме маска се исплаши, ама после тоа гледаше дека сите носиме и без проблем ја носи и тој.
Има методи за тоа, маски со различни дезени, па да им се даде да употребуваат повеќе во денот за секое поединечно. Мислам дека за деца е полесно да ги воспиташ и убедиш, потешко е да се делува на некои од нивните родители кои не веруваат дека има корона и така ги учат и нивните деца. Мислам дека целна група на која треба да се поработи се тие родители. Зошто ти како наставник колку и да ги убедуваш и контролираш дечињата ако од дома нема поддршка тоа твоето џабе е се, тогаш мислам ќе има најголеми проблеми во спроведувањето на мерките на безбедност.
На оваа тема кога дискутира девојка која нема деца и кога збори " јас кога ќе пораснам ќе имам деца и ќе биде вакаааа..." - нели е малку хипотетички кажано??
Ние дадовме. Работевме со распоред на часови. А тоа со "бам-бамот" беше ради нашата целокупно неспремна држава. Не само образование. Се гледаше само да се протурка годината иако законски можеше тука да заврши, но така ќе беа оштетени децата со оцени, ќе се ставеа оние што ги имале до моментот. Не дека вака сега беа реални де Вака се измалтретиравме сите, највеќе родителите па наставниците и децата. За да не нѐ фатат повторно неспремни, реално низ обуки ќе треба да поминат и децата и родителите. На кој му е до тоа?
Епа како ќе раскажеш искуствено? Како девојка можеш само да кажеш како го замислуваш, ама без факти, без посочувања на позитивности и негативни страни на тро-месечното искуство и правење паралела меѓу обично образование и он лајн. Ако немаш ученик дома како би објаснил на пример?
Затоа рековме најдобро ќе каже тој што е ем родител ем наставник. Не е убаво да не пишува некоја што не е мајка. Пример има некоја што не може да има деца, а сака. ( Дај Боже сите да имаме) Гледајќи ја внука си, внукот тука дава мислење. И што? Не се слуша нејзиниот глас? Ма, дајте ве молам !
Сите сме криви пошто немавме стратегија за ваков случај. Иако беше кажано од стручњаци, уште одамна. Светот немаше време да мисли на ова... Очигледно 90 % од наставниците воопшто не работеа Можат да кажат од нивно искуство. Сите имаат онлајн настава. Плус, би и рекла ли на @Alishan30 да не пишува, пошто нема искуство?
Да се изјаснам на темава сум за комбинација од онлајн настава и конвенционална настава во учлница, за да пред се' се одржува социјализација и инеракција ученик- соученик и ученик- наставник. Почитување редовно на мерки на претпазливост и поголема зближеност помеѓу наставниците и учениците што ќе резултира со подобра соработка меѓу нив. Сум за онлајн затоа што сметам дека во 21 век редно време е од помали нозе децата да се обучуваат да ракуваат и користат компјутер, да научат колку може да им користи технологијата, да ги поттикнува тоа да проучуваат и истражуваат. Исто многу е важно и наставниците да поминат низ низа обуки за да го спроведуваат целиов овој процес најдобро што можат и да знаат во случај на проблеми каде да се обратат. Исто така смеатм дека ќе има и поголама инволвираност на ИТ кадарот во образовниот процес и бејзик програмски обврски. Се на се мораме да одиме понапред и да сме со тек на времето. Никој не кажа дека ќе биде лесно но мора од некаде да се започне.
И трета страна има: Оние кои имаат онлајн настава. Башка форум е. Сега нема ваљда да цензурираме некого, заради лични причини? Дискриминација на дело. Џабе си наставник
Ме би рекла на никого да не пишува. Тамам работа. Пишав дека на нивниот осврт неможам да градам некакво мислење. Бидејќи се работи за хипотетичко размислуваење.
Мора и кај наставниците да се подигне нивото на свесност за примарната одговорност на нивната работа. Мислам дека сите наставници ќе бидат попосветени на грижата кон здравјето на дечињата и колку и да се тешки овие времиња тоа ќе им создаде посебен вид на бонд меѓу новиве генерации и наставниците.
Реков дека немам многу искуство. А, зошто ти не студираше за професор, наставник, па можеби ќе беше најпаметна од сите.
Што најде сега за лутење, во постот никаква дискриминација не видов? Збрка со двојна негација? Ќе допишам после, да сублимирам впечатоци