Србија беа комбинирано мислам, ги менуваа од време на време. За време на пиковите беа дома, мислам. И не можеш да споредуваш оригинален сој и Алфа кои беа присутни минатава година со Делта која е сега присутна.
Да мислеа за доброто на децата па спрема моменталана ситуација да донесуваа мерки дали онлајн дали со физичко во ред.Ама кај нас се е спрема моменталната политичка состојба. Лани ова време имаше далеку подобра епидемиолошка слика. Комотно можеа да одат до кај ноември.Па и јануари, февруари или мајот... Споредуваме со др.земји ама таму секаде на овој начин беше комбинираната настава.Спрема бројките така и се организираа.А овде наставничката болна децава не ги ставаа во изолација.Колку од нив имале асимптоматски и пренесле дома само бог знае.А да не спомнувам за условите некаде и овде .
Е. Ќе си поднесеш писмено бараање до училиштето и они ќе решаваат дали да оди онлајн. Вие сега барем имате ваква опција, лани децата кои сакаа да одат физичко присуство ја немаа истата можност.
А разликата е??? Заразноста? Па и британскиот беше заразен, а поголемиот дел од државите имаа приоритет децата да одат со физичко присуство т.е крајна опција беше затворање на училиштата. И сега со делтава не е поразлично мислам.... ама... што знаат тие? Не се паметни како нас, затворај децата во глувчешка дупка, за последиците после ќе му ја мислиме
Да, во заразноста. Ако Британецот заразуваше 2-3, други, Делтава заразува 5-7 други. Плус дупло поголема шанса за хоспитализација со Делта, по најновите студии. И не споредувај со други земји, тие и лани имаа под 2% смртност, додека нашата е 3.5%, моментално и повисока. Еве затоа што Норвешка ми е некако најблиска, децата до 7 одд. одеа постојано во школо, тоа им е нив како elementary school, а други во мидл и хај скул цело време беа комбинирано, сега дома после во школо. И еве сега, секој ден се тестираат со домашни тестови. Во Австрија 3 пати неделно ги тестираат, во Грција 2 пати неделно, и тоа со високи стапки на вакцинација, во Македонија ни еднаш неделно. А за последици децата за жал секако ќе имаат, мислиш ќе немаат од секој ден мерење температура во школо, цело време со маски, без дружење како што е по протоколот и сл.?
Во школото (основно) каде ќе оди ќерка ми нема онлајн настава, само учебниците ги праќале по меил во пдф и толку.Вака и во многу други школи, а испрашувањата ќе бидат во самото школо како и тестирањата. Настава како настава нема.
Ќерка ми лани одеше во училиште и нема никакви последици од мерење Т и маски, напротив.... поголеми последици имаше кога еден период одеше онлајн. За тестирање... и кај нас се спомнува нешто слично, ќе видиме... За заразноста, хоспитализации, смртност итн... колкав процент деца се хоспитализирани или умрени кај нас?
А тие децата сами живеат дома? Или имаат родители, од кои голем дел се со хронични болести, имаат и баби и дедовци голем дел од нив, со кои заедно живеат или ги чуваат додека родителите се на работа.
Аха... ај ако не да седиме дома следниве 20/тина години. Плус, за тие деца кои имаат хронични болести или некој домашен со хронични болести можна е онлајн настава. Не паничете... кратко ќе биде физичково како што гледам, за жал... после за што ќе кукате ме интересира? Инаку, тинејџериве (средношколци) што дека лани не одеа во школо кога цело време беа по паркови, домашни журки. А и летово не се прибраа дома, па не гледам дека се испоразболеа ама коронава може само во училиште доаѓа
Освен тоа лани имавме мирно лето, сега од сам почеток на август е ужас. Се потпираат само на вакцината, а други мерки немавме освен сегашната задоцнета каква таква контрола на границите. Знам повеќе луѓе целосно вакцинирани со по месец-два по втора доза се заразија, а некои многу лошо го минуваат. За жал не е доволна вакцината, мораше да се спроведува во услови на засилени мерки и мала трансмисија, зошто сега во трка по вакцина и заразени се вакцинираат. Лани не беа фул деца во училна туку многу помалку сега ќе седат сите заедно со тешки протоколи.
Кажа @BlackNight каква ќе е онлајн наставата за тие деца, така да срамно е тоа. По паркови и журки на отворено Во Школо ќе се 30 деца напикани во 30м2 на затворено, плус на одмори 500 деца по тесни ходници.
Сепак , колку родители ќе се ослободени за да децата следат онлајн настава? Можеби требаа да почекаат до октомври, да се стиши малку. Сега е сред оган. Или да се скарат часовите, па и ннека таботи цел ден училиштето, нека вработат луѓе, па да ги поделат децата по неколку во клас… Имаа цело лето да мислат. И дневен усвоиле да има , до 15ч.
И градинките се жаришта, таму ни маски не носат. Како да го вртиш, лошо е. Јас иимам прваче,не можам ни да се израдувам прописно.
А дотичните се погрижија барем децата од позагрозени семејства да имаат можност да следат исто така онлајн настава или тешко? Или пак истата слика од лани за тие деца?
Кога го усвоиле ова? И што ќе прават децата после 15 часот? Кога родителите им се уште на работа и затоа се определиле децата да им седат во дневен престој.
За жал ќе има многу повеќе тешко болни деца со делтава. Видете ја пример УСА. Деца над 10 год не проаѓаат веќе асимптоматски. И кај нас има моментално хоспитализирани неколку деца на 15 год со потешка слика. Но, знам и колку децата се психички уништени од седење дома. Затоа мора да се спроведе наставава со следење протоколи и апел од родителите да носат маски.