Мислам дека минатата недела, а другото нема врска со ковидов зошто и пред него беше до 15ч. дневниот.
Најдобар ќе беше комбинираниот модел, со малку деца во училница,делумно онлајн, што е можно повеќе на отворено, ама за тоа треба да се планира многу добро однапред како ќе се спроведе. Излишно е да зборувам колку требаше само контрола на граници да се воспостави и да немаше свадби, журки со илјада луѓе, врз истурено млеко не се плаче.
УСа е во кампања за вакцинирање деца. Од есенва започнуваат и вакцинирање од 6 месеци до 12 год. Во Британија со студија од 260 000 деца која веке беше објавена во медицински часописи потврди дека делтата не е опасен за децата. И со сезонски грипови имало хоспитализирани деца со многу потешки слики. Народов треба да смири,а и децата. Во Хрватска имаше студија на 21 000 дете во основно и средно школо,која покажа сериозни психички нарушувања од кои 7 деца со обид за самобиство. Кај нас никој не се замара со психичките последици на народот. Јас сум за физичко присуство со носење маски,но да се одложи за 1.10.во реоните каде има многу заболени. Со коронава ке се вртиме во круг.Вечно дома не е возможно да се остане. Трабоњача имунолог А можеби е и паметно прележаните и вакцинирани да продолжат да живеат нормално без маски вирусот да циркулира и да се бустаат,наместо бустирање секои 5 месеци со истиве вакцини. И Данска ги укина сите мерки и короната е прогласена за некритична за државата. Што мислам ке се случи и секаде каде ке вакцинираат 50-70% од возрасното население.
Да бе @Cosmi затоа кажав и дека разбирам зошто се бара да одат во школо. Имам блиски професори што кажуваат и кај нас какви психички последици остава седењево дома на децата. И наши деца одат по психијатри, а нема крај ова. Ама мора да се почитуваат мерките и да се носат маски без да тврдиме дека сите лесно ќе пројдат, зошто нема сите лесно да поминат. Ама сит на гладен не верува. Тој што прошол само со затнат нос мисли дека сите така проаѓаат. Следете во следните недели починати, ќе видите колку помлади ќе има. И тие мали деца што ќе одат во школо имаат родители кои може да префатат. Ама ете и моето дете оди во градинка со целиот ризик зошто немам др опции.
Децата треба да се вратат во училишта. Сите студии укажуваат дека кога се учи од дома децата губат. Не учат толку. Не само кај нас туку во цел свет. Почитување на протоколите се битни. Јас од лани од градинка имам супер искуство со детето. Се разболуваше помалку од претходно. Само позитивно мислам иако ми е страв. И прележани и вакцинирани сме ама пак ми е страв. Ама не смеам тој страв да го пренесам на детето. Само зборуваме за миење раце и носење маски по дома за да му влезе во ум дека така ќе биде во школо и толку.
и јас така мислев и си реков браво за Данска, ама после негде читав да не планираат на секој 6 месеци да му ставаат на сите пак??
Ајде да бидеме реални и брутални. Родителите што сакаат физичко присутство ги мрзи да си ги чуваат децата и полесно им е да ги пратат во школо. Барем мнозинството. Не ми кажувајте приказни за совесноста за колку знаење ќе имале, па психичка состојба, па ова па она... Од кога толку совесни во Македонија?
Што ви учат децата толку па многу ке пропуштат со онлајн настава? Нуклеарна физика, цепење атоми, ке го спасуваат човештвото? Дај не драматизирајте, ништо нема да им биде ако поседат дома уште некој месец. Секако не се затворени во четири ѕида по цел ден, сигурно ги изведувате на воздух и шетате. Туку кажете си дека на вас ви е полесно детето да го оставите во школо. Не верувам дека било која нормална држава во свет при ваква епидемиолошка состојба би пуштиле ученици на куп во клупи. Ама јасно ни е како ден дека тука никој не мисли на народот туку си тераат политика на сметка на човечки животи.
Така е! Ај, ако не да ги чуваме дома уште неколку години т.е до полнолетство па после и факултет онлајн. Шоимаврска Дали учат нуклеарна физика или не не е битно, пошто додека да стасаат до нуклеарната треба основите да ги знаат. А тие се учат сега. Со оналјн тешко. Знаете каква беше онлајн наставата или си тресете на празно? Многу понормални држави од нашава со полоша епидемиолошка состојба не ги затворија училиштата. Тоа треба нешто да ви каже Или да ја видиме спротивната страна: родителите кои сакаат онлајн се незаинтересирани за децата, ги мрзи во школо да ги носат и сакат дома да дремат? Фер ли се вакви етикетирања?
Ги мрзи да си ги чуваат децата???? What the actual fuck? Ова ти е целосен ад хоминем наратив, веројатно поради недостаток на соодветни аргументи. Страшно! Апсолутно не е реално ама е брутално, во право си. Не познавам родител кој не се тресе од страв од најобична вироза да не се искомплицира, а не па нешто друго. Психата не е за занемарување и е апсолутен факт дека ситуацијата влијае психички и на децата. Секако дека родителите се загрижени и од таков аспект. Ама сега ги мрзи да ги чуваат еј! Ниту образованието, а уште помалку психата на децата е дефиниција за бајки и приказни. Многу несоодветен израз и цела една генерализација за луѓе што живот би дале за родено дете! Живот!!!!
Еве во моја блиска фамилија имам две внуки, кои и има кој да ги чува и ги чуваат без проблем, ама самите родители викаат неможам јас да и објаснам физика како професорот / наставникот. Не е дека ги мрзи да чуваат, едноставно неможе да се совлада материјалот. А пред се социјализацијата со децата дома ја нема.
Нема да има крај на коронава,и затоа мора да се вратиме во живот. Друго нема.Мора да се работи,да се иде во школо. Да се надеваме дека помладите хоспитализирани ке се извлечат.
За тоа драга Ана треба да се грижиме ние возрасните и наставниците. Наставникот (кој не се погрижил доволно да има контрола врз учениците) и ти како родител што не си ги стегнала твоите деца да учат, сте виновни дека вашите деца не стекнале знаење, а не онлајн наставата. Да. Затоа што во тие држави не треба да фаќаш врски и да даваш мито за да те примат во инфективна кај што едвај се наоѓа кревет, ниту пак да му плаќа на Жан Митрев по илјадници евра за лекување. Затоа што нема Стојанки што шират пропаганди против вакцини и вирусот. Затоа што има значајно поголем процент вакцинирани. Затоа што се одговорни народи. Накратко, затоа што имаат подобри услови. Освестете се и не ја израмнувајте Македонија со други држави во кои има подобар систем. Родителите кои сакаат онлајн се грижат за здравјето на децата, семејството и општеството. Ете, барем тие јас кои ги познавам. А, за разлика од нив, познавам многу родители кои се залагаат за со физичко и кои лично ми се жалеле дека не можат да си ги трпат више децата, дека не можат да им помагаат за учење, дека не можат да бидат на раат од нив. Ете затоа го напишав она погоре. Ете што да се прави познавам такви. И тоа многу. Ако толку се грижеле за здравјето, можеби немаше да ги пуштаат по школски дворови, кафичи и автобуси да се мафтосуваат цел ден. Да, ама за тоа е професорот виновен. Тој не објаснил убаво. И да одеа со физичко немало да биде поразлично. За среќа, не.
Бар ти тие што ги познаваш не го отсликуваат цел народ, зашто не сме сите родители исти. Ќерка ми лани прво полугодие беше дома и следеше онлајн часови, најмногу поради мојот огромен страв и параноја од вирусот. Дури и тука се контрав со сите и кажував дека треба сите онлајн да учат за да заврши вирусот. И погоди што? На крај ПАК го закачив вирусот зашто јас одев на работа, морав да одам да испазарам до маркет или пазар и џабе само си го затворив дома детето. Онлајн наставата беше благо речено ужасна, де микрофонот не и работеше, де слушалките не и работеа, па паѓаше нетот дома или во училиште и се случуваше често и по цели два часа да не можат да ја вратат назад на час, често и на тест се случуваше тоа па остануваше со празен лист и стрес. Па ја фаќаа панични напади, па со липање и тресење одвај сум ја смирувала, дете од трето одделение. Училиште никако, дружба со деца НИКАКО, баби, дедовци и општо роднини никако, па така им го всадив стравот па ако по улица одеше некој позади нив панично бегаа и плачеа. Е кога закачив корона и видов дека и покрај тоа што не ја пуштив со физичко присуство, и покрај тоа што бегавме од луѓе како од огин второ полугодие почна да оди со физичко присуство и се препороди. Некој погоре пишал дека претходната школска година била помалку ризична и немало заразени по школите зашто немало делта сој. Иако одеа само до трето одделение со физичко присуство, иако носеа маски цело време и одеа по 10 деца во група пак кај ќерка ми во одделение од едно позитивно дете се испозаразија двете групи зашто се дозволи за деца што нема кој да ги чува да одат во двете групи. Затоа, децата во школски клупи, никако онлајн. Вирусот ќе трае уште долго, децата не смеат веќе дома да бидат затворени. Плус, поголемите деца цело време се дружеа, искачаа, се собираа по станови и викендици, одеа заедно по Охрид и општо по одмори цели друштва. Еден куп деца се испозаразија, позитивни се вратија дома и им го донесоа на родителите дома. Ама како, тоа е ок, ама во школо не е ок да одат, дома нека седат.
Лани имаше нула процент вакцини и вакцинирани. Некои затворија школи, некои не затворија. Ама да држиш школи затворени цела година е немање концепт. This way or another, ми се чини шведскиот модел не испадна толку лош.
За тоа си ти виновна, што не си обезбедила услови за дома, а училиштето и министерството што не обезбедиле услови за наставниците. Децата и со физичко присутство кога оделе биле изложени на голем стрес за оцени, тестови, испрашувања и се' и сешто. Ама никој тогаш не обрнуваше внимание на тоа. Волшебно од годинава се загрижија родителите за своите деца. Сакаш да знаеш како ќе се препородеше ако не дај Боже некој од членовите на вашата фамилија настрадаше од вирусот? Ете, за жал некои се препородија на тој начин, а уште повеќе ќе се случува тоа благодарение на состојбава. Значи, не се почитувале протоколите и правилата, како што и претпоставивме. Сега нема да биде така и шансите се уште поголеми за зараза. 30 деца во училна, 500 деца во смена, можеш да замислиш каква трансмисија ќе биде тоа? Така. Лесно е откако ќе си прележиш откако ќе видиш дека ништо не му е на твоето семејство и дека никој не е во ризик да се збориш вака. И јас сум против распуштените деца во Охрид, ама пак ќе речам, затоа се виновни само родителите и никој друг. Ама дефинитивно имаа болнички капацитет.