Форумџика на годината

Онлајн настава

Дискусија во 'Коронавирус' започната од referentka, 29 јуни 2020.

  1. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.125
    Допаѓања:
    20.287
    Пол:
    Женски
    Уште кога ќе ми текне дека пред година и пол се дезинфицираа супи, кеси, маргарини, па и лебови. Па се седеше на прозор се броеа луѓе колку шетаат надвор, нарекувајќи ги со најпогрдни имиња оти излегле надвор... спремни со телефоните одма во полиција да се пријави некој ѓубре што фрла... па пропаганди ѓубрето дома да си го чуваме, оти ако излеземе да го фрлиме, ќе умрат 5 души одма. Па миење коса одма кога се враќа од продавница, оти на коса се лепела короната, па чевли дезинфекција, па алишта вриење оти во воздухот надвор короната лебдеше со денови ако кивне некој. Напреднавме, Бога ми... добри сме. :inlove:
     
    На noteforself, Harper, christinnn и 11 други им се допаѓа ова.
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.545
    Допаѓања:
    201.664
    Пол:
    Женски
    @venus♡ и јас се залагав за онлајн. Ама, тешко е за детето, не само за родителот. Јас и мм не ни бевме дома додека имаа настава, колку пати ми се има јавено плачејќи дека нешто му се случува со компјутерот или тимсот... Многу пати паѓа интернет, се случува да не работи микрофонот, дете да не слушне кога имаат наставни листови или тестирање или нешто за домашно, па да не се спреми на време и после плаче оти не си ги исполнило обврските.
    Има деца кои не се замараат со школото, ама има деца што сакаат да си бидат исполнителни. Моето учествуваше на натпревар математика, одбив да го пуштам на регионалниот, оти јасно ми беше дека не се докажува вистинското знаење на детето со решавање од дома.
    Со онлајн наставата е тешко да се совлада добро материјалот, дури и да го имаш најдобриот наставник на светот. Нема конзистентност, нема учење како во училиште, ги нема придобивките од седењето во училница. Друго, детето ми качи голема диоптрија од онлајн наставата, од 1.25 му рипна на 4. Со постојани главоболки беше, со замор од екрани и немирно спиење. Со две раце потпишувам дека го преземам ризикот за кој сум свесна дека постои, ама децата мора да се вратат во клупите, без оглед на сѐ.
     
    На noteforself, Harper, Lianna Anna и 11 други им се допаѓа ова.
  3. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.074
    Допаѓања:
    77.014
    Пол:
    Женски
    Се читаш ли што пишуваш??? Неограничен нет имам дома на Т мобиле, што повеќе од тоа сум можела да направам?
    Плус, ти како замислуваш дека би било оваа година ако СИТЕ се со онлајн настава. Тоа лани какво беше преоптеретено, годинава не сакам ни да помислам како би било. Ама така е, родителите и наставниците се криви, топла вода треба да измислат.
    Се почитуваа, децата и наставниците постојано беа со маски правилно ставени, самата се уверив во тоа. Ама вирус е, колку и да носи човек маска може да закачи како што закачив јас.
    Ама ти изгледа не ме читаш мене. Плус, ептен си контрадикторна. Прво ми се закачи дека не сум му обезбедила на детето услови за онлајн настава, а ете не сум го пуштила да се меша за доброто на сите. Сега па од друга страна лесно ми било зашто сме прележале.
    Да не си им во кожа на тие што прележаа, само тоа ќе ти кажам. Зашто ние си знаеме низ која голгота поминавме за да застанеме на нозе.
     
    На Harper, Kitten, elenaklasik и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.966
    Допаѓања:
    179.739
    Шо уствари се расправаш и со кого?:D
    Требало да се вакцинираш, кога немало вакцини и сега треба деца да чуваш дома:drunk:. Не знам што не е јасно(facepalm)
    (tumbleweed)
     
    На Harper, Kitten, elenaklasik и 4 други им се допаѓа ова.
  5. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Да, но зашто не се обидовте да ги решите тие проблеми? Фала Богу, се' се решава, значи тоа е најмал проблем.
    Ама го пушти на општинскиот каде немаше ни надзор ни нешто слично, туку си решаваа обичен квиз без да бидат приклучени на митинг. Ова е многу контрадикторно.
    И да, постојат исполнителни деца, таквите и покрај се' ќе си научат, макар било онлајн или со физичко.
    Објасни ми зошто мислиш вака? Воопшто, не се согласувам за ова.
    Твоето дете се' што учи го има научено на часовите од училиште? Дома воопшто не повторува, пишува домашни и слично?
    Објективна сум и признавам дека ова р голема маана на ваквата настава.
    Но, зарем чии беа оние деца кои цел ден не стануваа од играње игрици? Хм, тоа не го расипуваше видот на децата, но наставата и те како влијаеше.
    Ти можеби си во состојба да преземеш ризик, но има семејства кои не се.
    99% од тие што сте за онлајн настава сте прележале без компликации и смртни случаи, па го замислувате вирусот како настинка. Не, не е така кај сите. Доста гледаме само за себеси.
    Не.
    Треба да се даде барем право на избор, како што се даде за вакцинација.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.074
    Допаѓања:
    77.014
    Пол:
    Женски
    И ја тоа се чудам :drunk:
     
    На LejlaD и Biljarkata им се допаѓа ова.
  7. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Да го контактираш провајдерот за техничките проблеми и да се решат.
    Не разбрав, што било преоптеретено?
    Ако една онлајн настава е научна фантастика за вас, не знам до кај ќе се тера со размислувањава.
    Коментарот ми беше во однос на тоа што дозволиле мешање на групите.
    За вас поминало, значи веќе не е битно за другите. Ако вие сте прележале вие сте безбедни и сега сите мораат да имаат настава со физичко присутство, така?
    Викаш да не си им во кожа, иако си свесна дека токму тоа ќе се случи со отварањето на училиштата.
    Не. Треба да се отворат училиштата кои ќе бидат најголеми кластери и масовно да се рашири вирусот и да се зголеми смртноста. Тоа ли?
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.545
    Допаѓања:
    201.664
    Пол:
    Женски
    Сите проблеми се обидовме да ги решиме, за жал, не секогаш успешно. И јас мислев дека нема да има никакви проблеми со ваквиот remote начин на учење, ама погрешен впечаток имав. За многу работи, додека не ги преживееш и поминеш, не можеш да судиш како е.
    Друго, моето дете не седи цел ден пред компјутер, еве цело лето нема екран фатено, надвор поминува време, со брат му.
    Го пуштив на општински натпревар оти мислев дека се сите совесни како мене, ама за жал, не беше така. Никогаш немало толку многу ученици кои делеле прво место, се прашувам зошто. Моето освои второ место со сопствен труд, и самиот одлучи да не оди на регионалниот натпревар оти притисокот му беше преголем. А од училиштето го притискаа, но го поддржав него и неговите желби.
    И немаме прележано ние, фала му на Бога, се надевам така и ќе остане. Свесна сум за ситуацијава, свесна сум за ризикот како што кажав, ама пак сакам децата да се вратат во училиште.
     
    На Harper, azelea, eli25 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    https://www.google.com/amp/s/abc7ne...ty-california-school-covid-outbreak/10982004/
    Секој си знае што е најдобро за своето дете. Но, се надевам дека, вакви примери нема да се случуваат и кај нас.
    Можеа да направат избор, не секој сака своето дете да посетува физичка настава, туку онлајн и обратно. Во услови на пандемија и во земја која верувам дека најлошо се справува со ширењето на вирусот, а потоа и лечењето, во ред ќе беше да имаш право да одлучиш што е најсоодветно во моментот и како да постапиш. Според мене, најподлежна и таргетирана група ќе бидат средношколците, знаејќи го нивното однесување, особено во одредени градови, каде себе не се почитуваат, не па закони и мерки. Што да кажам, ќе видиме што ќе следи, се надевам дека нема да сме сведоци на идиоштини како наставничката на линкот и се надевам дека навистина ќе се почитуваат мерките.
     
    Последна измена: 30 август 2021
    На mareane, LejlaD и venus♡ им се допаѓа ова.
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.966
    Допаѓања:
    179.739
    Ама ви кажаа, има тема за онлајн настава, не знам шо праите овде долги и широки.

    Иви ли е крива шо е ситуацијата со вирусот таква каква што е, или Ана, или јас? Јас само цело лето се чудам оти е село без кучиња, и сега пола Европа ќе се чуди исто така.
    Пиши им таму на ФБ страни на надлежни министри, може поише ефект ќе постигнеш:?:. Очигледно тераат некоја агенда, ич не им чуе ни за деца, ни за возрасни, ни за живи, ни за умрени:|

    Ах, да. Читав вчера анализа за линкот погоре од @GrimTheReaper :). Се е направено како што не треба, сите можни протоколи се прекршени(facepalm) Идел на работа со симптоми, маска не носел кога зборувал, итн итн... Не дека е тешко да тестираш деца и наставници 3 пати неделно и да спречиш вакви ситуации, ама секој со своите идеи.
     
    Последна измена: 30 август 2021
    На LejlaD, GrimTheReaper, ivi1987 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Eве да ти кажам како студент. Ми се случувало и мене од нигде никаде да ми падне интернет. Ако било зачестено, сум се јавувала ама само ќе ти речат или не знаеме или нешто некои ситни технички проблеми.
    Ама не е секогаш нешто озбилно, туку моментално да падне врската.
    И затоа секогаш во период кога имам полагања, имам и интернет на телефон резервно.
    Башка и не е секогаш интернетот, апликацијата за следење настава се случува да падне. И остај ме мене, јас се навикнав, си го знам факултетот, колегите кои ми се, комуницираме, башка се снаоѓам.

    Ама никој не може да ме увери дека е исто за средношколец или студент наспроти деца од 2ро/3то одделение да изгубат две години во седење дома и им е сеедно дали следат онлајн настава или со физичко. И затоа барем помалите е пожелно да следат барем дел физички.
    И знам пак ќе почнете со "луѓе умираат", ама чекај...за што се вакцините тогаш? Колку да се рече примиле? Ако е целта на вакцината да се сведе короната на грип, по клиничка слика и статистика, тогаш со вакцина нема проблем. Оти тој дома хронично болен и грип може да му донесе детето. Знам, корона не е исто со грип ама збориме вклучувајќи ја вакцината.
    И да, пак ќе прашам. Се погрижија ли дотичната Мила и остали да обезбедат вака или онака услови за сите деца? Или пак треба обични луѓе како Борче Стаменов (ДонирајКомпјутер дечкото, кој патем скоро го донираше 1000тиот компјутер) да се грижат за таа работа?
     
    На azelea, JoyJoy и GirlRose им се допаѓа ова.
  12. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Премногу очекуваш од оваа вукојебина:) Кога ќе си ги намалиш критериумите и стандардите, па може и ќе ракоплескаш ако стават апаратче за дезинфекција. Ахам, да, ќе даваат пари за тестови. Сеа локални се ближат, од кај пари?!
     
    На LejlaD и venus♡ им се допаѓа ова.
  13. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.074
    Допаѓања:
    77.014
    Пол:
    Женски
    До тимсот беше проблемот, општо СИТЕ УЧЕНИЦИ го имаа истиот проблем. Оваа година ако одеа онлајн истото ќе се случуваше. И пошто платформата не е ок, децава неписмени ќе останат ако продолжат со онлајн настава.
    Све беше преоптеретено зашто и децата учеа онлајн и многу луѓе работеа од дома.
    Не, мислам дека треба херметички да се затвориме дома и бел ден да не видиме, дури и ролетните да си ги спуштиме, да не ни влезе вирусот преку стакло.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  14. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Да ама не по 30 во училна и на начинов на кој е планирано.
    Знаеш каква трансмисија ќе има особено по средните?
    Мила се виде колку и' е гајле. Ништо нема изреализирано правилно.
    Ете, пример кај оние деца кои јас ги познавам немаше толку страшни проблеми, добро се справија онлајн. Не пишувајте за сите, доколку вашиот пример не е таков.
    И колку чудно. Мајкрософт тимс, широко прочуена апликација за онлајн митинзи само во Македонија не работеше ко што треба. Чудесно.
    Нема поврзаност едното со другото.
    Ти под онлајн настава тоа го подразбираш? Оф, Македонијо, до кога вака?
     
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.966
    Допаѓања:
    179.739
    Ааа, Маро мори, сенс за бизнис да се немало:smirk:
    Немаше некои пари од ЕУ што експертиве не знаеја да ги искористат, јер експерти?:?: Ај новиве градоначалници ко ќе дојдат, ќе тргне сидрото напред(fingers)
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  16. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Тие уплатени се више на сопствена сметка за хациенди на Халкидики. Пиши папала маца, или што влегло во црква, не искача. Ќе пуштат едно дезинталче да замачкаат очи, и тоа од нерастворениот, да трае до следно полугодие:)
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.074
    Допаѓања:
    77.014
    Пол:
    Женски
    Ти седна да видиш како работи тимсот? Верувам дека не си, затоа вака пишуваш.
    Родителските идеа преку тимс, една родителска не се одржа како што треба. Слика има, тон нема. Или обратно па наставниците мораа во група да ни ги пишуваат битните работи.
    Ама не, еве гледам ти знаеш повеќе од мене која има ученик дома и тераше цело полугодие со онлајн настава.
    Не, ти под пазење од корона вирусот тоа го подразбираш изгледа.
    Само човек што воопшто не излегува од дома нема ризик да го фати вирусот, се друго е млатење празна слама.
    Мислам, да не се разбереме погрешно. И јас пред да закачам ''лаев'' дека сите што фатиле се мешале со многу народ и не пазеле, ама ми се мавна се што зборев од глава.
    Затоа, секој нека пази колку што може и нека си го зачува психичкото здравје, зашто и тоа е многу битно во ситуацијава.
     
    На azelea, LejlaD и friendy им се допаѓа ова.
  18. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Реков дека живеам со ученици. И да, сум употребувала тимс како приватни, така и за родителски состаноци.
    Во 99% од времето одлично работела апликацијата.
    Тоа што можеби вашиот провајдер не може да ви обезбеди добра конекција не се препишува на апликација, и тоа од светски размер.
    Неточно. Доволно е да знам дека не посетува незадолжителни собири и настани и тоа за мене претставува пазење.
    Но, тоа што ти си се заразила и покрај тоа што си се пазела не значи дека другите нема да се заштитат.
    Ок, да, сфативме дека ова е најголемиот изговор за да не се почитуваат мерки, протоколи и све остало.
     
  19. ForeverYoung

    ForeverYoung Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    657
    Допаѓања:
    1.980
    Па немало тон ако се ставиле на mute :D Или исклучиле камера.
    Offtopic, само ми е чудно што ја направивте крш апликацијата. Секојдневно во просек по 3-4 саати сигурно ја употребувам и многу ретко имам проблем.
     
    На M.B., cresa-jagoda и venus♡ им се допаѓа ова.
  20. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.620
    Допаѓања:
    35.190
    Пол:
    Женски
    А ја употребуваш како? 20+ вклучено одеднаш или 2-3?