Најчесто помали групи до 7-8 луѓе, а бар неколку пати месечно и 20+ луѓе. Технички на еден состанок на тимс може да се приклучат до 250 луѓе па за 25 луѓе не би требало да има никаков проблем. Поверојатно е да има проблеми заради слаб интернет и луѓето не сакајки да се ставаат на mute или да исклучуваат камера. И што не е за чудење, не секој родител е вешт со апликации посебно повозрасните.
Технички да,ама не е така. Не е секогаш до слаб интернет или до незнаење на родителите.Низ цел свет се жалат дека крахнува често и тоа кога се вклучени над 20 лица. Мајкрософт нема често да ја крпи ако е добра. Не треба да се игнорира и ризикот од хакирање.
На факултетите работиме со тимс. Неретко сме се вклучувале по 100 луѓе. Не е имало проблем. Сега интернетот или апликацијата може ретко да зафркнат. Боже мој, не е совршено. Ама се следи за факс. За деца не знам што да кажам, тоа не знам како оди. Може да издржува апликацијата до 100 луѓе без проблем.
Мислев дека сме напреднале, ама штом прочитав дека училиштето е место каде што се праќаат деца чии родители ги мразат и не можат да ги поднесат дома, мислам дека тоа е тоа. Гаси интернетот!!!!
Една доза веќе прими, втората, неделава. Ама и вакцинирани се заразуваат. Никој не ти гарантира дека ќе поминеш лесно, нели?
Абе смешки. Сигурна сум дека постои некое место на интернетов кајшто се наоѓаат такви ,,универзални вистини,, пошто истите заразно се шират низ сите јазици и меридијани. Можеби во Симпсонови? Треба да ги прегледам епизодите
] Сепак е некаква заштита, изолација дома е можеби најдобра, но до кога така? Вакцинираност 100% никогаш нема да има.
Не, никој не бил на mute, и сите бевме со вклучена камера а имаше технички проблеми. Сецкање, губење звук, па црнила на камера, па те исклучува и чекаш да те уклучи. Не може цела школска година некој често да исклучува камера и тон, нели? И не може и родители и наставници да се жалат, а тимсот топ да работи. И не само од нашето училиште, од сегде се жалеа дека не е ок и дека има многу фалинки тимсот. Ок!
Исто така ништо немаше да им биде и на свадбарите, крштевките, сунетите ама пак правеа прослави. И сега нзс? Коа можат овие опа цупа да праат зашто да неможат децата у школо да ги праќаат родителите? Или едниве се себични и не мислат за општото добро а весељациве се пример за прогрес во човештвото?
Со свои уши имам слушнато кај коментираат дека едвај чекаат да почне школска година за да фатат ред и да излезат од дома.
Јас па со свои очи имам видено родители кои мораа да излезат од работа, да останат без пари за да мораат да ги чуваат децата кога немаше градинки и училишта. Па тие одвратни, гадни родители, кои бараа училишта да се куртулат од нивните никакви дечишта, да можат да одат на работа да им купат леб. Јас па свои уши имам слушано за психопати мајки кои си ги имаат тепано, малтертирано, убивано децата... пример!!! Може да речам комотно дека оти си мајка и ти си таква, пример велиме?
А се спомне образованието или мајките се немајки или наставниците неписмени... А проблем ни е системот и неспособната држава која систематски работи на негово уништување. Туку гледајте бројките на починати ,ужас 32 ...и тоа заведени регистрирани.А реалната бројка е далеку поголема.Ова е навистина национална трагедија. Никаде олкава смртност мислам нема. Некој навистина треба да одговара
А оние кои не сакаат да ги пуштат во школо, сакаат да ги ослободат од работа (оти нели еден родител мора да биде дома со дете до 10 години). Така во администрација. Ој пробај кај приватникот така па да видиш што ќе те снајде.
Против свадби и прослави сум посебно, што се тиче мене не требаше воопшто да се дозволат, ниту би дозволила до пролет, лето. Инаку ваква смртност е ужас, ова е невидена катастрофа. Ке одговара ли некој? Луѓето имале хронични болести...Па во други држави нема ли? Само нашите граѓани се со хронични, аха.
Ова што го пиша не е поврзано со тоа дека има родители кои сакаат да ги пратат децата во школо за да одморат глава.
Децата мора да продолжат на училиште. Училиштето е институција во која децата се образуваат, а патем и редот го фаќаат (надежно). Во домашна атмосфера не може да има училишна атмосфера, друга е поставеноста. Затоа е беспредметно да се даваат критики дека грешката е во родителите што не успеале да ги научат децата. Улогата на наставникот не може да ја има родителот. Домашно школо може да биде привремена мерка, за влада која готви план, која има перспектива. Не и за нашава. Кутри родители кои се сиромашни па едвај им обезбедуваат на децата услови за онлајн школо. Помислил некој на нив, како им е? // А на толку починати, мислам дека министерот етички е да излезе да покаже одговорност, да даде одговори, изјава и на крај да даде оставка. А бе бродов нѝ потона! Која црна ЕУ нас нѐ чека?!
А ти сериозна ли си со тврдењава? И сигурна си дека родителите ги праќаат децата на училиште за да одморат? Пошо... и јас многупати имам кажано дека сакам наставата да започне како треба, за да си имаат децата ред. Ова ме прави лош родител? Родител кој едвај чека да се отараси од своето дете за да се одмори? Абре, сериозни ли сте со глупостиве!!!
Да не се лажиме, полесно е кога ќе излезат децата од дома на некој саат. И не не' прави тоа лоши родители, туку луѓе со сопствени желби и потреби. Не сме само родители.