Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Онлајн настава

Дискусија во 'Коронавирус' започната од referentka, 29 јуни 2020.

  1. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Exactly, токму ова го мислев.

    Ама ти препорачувам да не се изјаснуваш повеќе вака бидејќи мене само уште за на бесилка не ми пресудија.
     
    На oblace1 и WildMk им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Немам гајле :D
     
    На oblace1 и venus♡ им се допаѓа ова.
  3. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.634
    Допаѓања:
    11.059
    Пол:
    Женски
    Ам кај мислеше така ко не рече така? Или јас не те имам проследено добро? 8-|
    Не ги мешај брзините, само за да си во право.
    Школо е школо и ништо не го заменува.
     
  4. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.661
    Допаѓања:
    18.296
    Пол:
    Женски
    Што има лошо во тоа да сака родител да одмори? Е лошо е што некои едвај чекаат да одмараат пет дена неделно.

    Овие услови не се нормални и треба да се приспособиме според нив. Точно дека испуштеното не се надокнадув ама бројот на жртви е преголем.
     
    На oblace1 и venus♡ им се допаѓа ова.
  5. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Добро, напишав ,,ги мрзи" (наводниците ги ставив да претставуваат цитирање, да не мислите дека претставуваат иронија па да ме нападнете дека сум измислувала) бидејќи сум крајно изреволтирана од помислата дека некој верува дека е соодветно време со 1000 заразени на ден, училиштата да функционираат целосно нормално.
    Не го упатив тоа кон сите, реков мнозинството, што значи дека има исклучоци, а како што гледам вие на форумот се сметате меѓу исклучоците.
    Ама не, моравте да ме нападнете одма, почнавте да пишувате како сум напишала дека сте си ги мразеле децата и дека сте ги праќале намерно да се заразат.
    Можеш да видиш дека потоа напишав дека без нивно присутство им е полесно како што имаше и Вајлд напишано и затоа реков дека се согласувам потполно и дека тоа го мислев.

    Зарем не викате дека ќе одморите глава кога ги праќате децата кај вашите родители или на искачање?

    Факт е дека е така. А пред вистината и Боговите молчат.
     
  6. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.279
    Пол:
    Женски
    Децата кога се на училиште повеќето родители се на работа. Кое црно одмарање, какви не глупости ќе прочиташ! Првите училишта датираат уште од пред нашата ера, ама фала Богу, денес сфативме дека тие се за да одморар родителите.
    Јас не знам во кој свет живеете, ама околу мене сите луѓе работат, или неколку знам што сакаат да се вработат, ама чекаат да видат со престој што ќе биде.
    Едно е да кажеме дека на секој човек му треба саат два одмор и тишина, ама дека училиштата служат за да одморат родителите тоа е тотална глупост.
     
    На Harper, fana, eli25 и 8 други им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Имаш деца?

    Знаеш колку родители сум чула да речат: “Аман нека почни школската година, да се одморам тро?“
    И то, пред пандемијата, да не прајме муабет за сега.

    Не се училиштата за да се одморат родителите, ама ако си цел ден со детето дома, ќе ти преседни.
    Та и со било кој.
    И маж и родители и секој.
    Башка шо беснеат ако немаат обврски.
    Па и да одиш на работа, ќе си дојдиш скапан, нив им се шета, им се игра, циркузи им се прај.

    Кој родител никогаш не ја употребил реченицата која е во наводници, нека крени два прсти.
    Баш ме интересира.
    Јас сум рекла.
     
    На cresa-jagoda и venus♡ им се допаѓа ова.
  8. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.496
    Допаѓања:
    19.831
    Пол:
    Женски
    Многу нормално дека на секој човек, не само на родител, му е потребен одмор од се. Како ова значи дека некој не ги сака децата, односно не се грижи за нивното здравје и го мрзи да ги чува и не може да ги поднесе? Тоа беше муабетот, аман. И да не е саат, два и неколку денови да се, е валидно и нормално. Не ги прави мрзливи. Пошо и психата има максимум, кој многу лесно може да се постигне! Ниту на родители, ниту на деца им е ова од корист!

    Да не може човек да се пожали дека му е преку глава од се, одма е мрзлив и незаинтересиран за нивното здравје. Приказни од емотивен аспект, наместо валидна аргументација. На пример, едукација, почитување протоколи, кревање свест, вакцинација и редови останато!
     
    На fana и WildMk им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Не реков дека значи оти не ни е гајле за децата.
    Некој друг ако рекол, со него објаснувајте се.

    Јас го разбирам поривот да сакаш мир и не се сметам за лош родител поради тоа.
    Впрочем, пишав веќе:
     
    На Lianna Anna му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Среќа

    Среќа Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2015
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    2.568
    Пол:
    Женски
    Темава излезе децата и корона вирусот во Македонија. Дефинитивно децата треба во градинки, училишта родителите на работа. Замислете сите дома на куп сите нервозни или оставена мајката со децата дома а таткото по кафани или излезен цели денови и ноќи. Сите мајки мислат добро за своите деца (скоро сите) ама и тие треба да бидат здрави и физички и психички за да им бидат од помош на децата.
     
    На Lianna Anna му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.496
    Допаѓања:
    19.831
    Пол:
    Женски
    Затоа и се објаснуваме, пошо првото мислење беше во сосема друг контекст, со обиди после да биде надоврзано на твојата конотација која е многу различна и валидна. Ме мрзи да го барам мислењето, а и нема смисла веќе. Да не идеме во бесконечна низа.
     
    На fana и WildMk им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Ќе научат и тие ко ќе им дојде редот :lol:

    -----------------------
    Туку, дали ве плаши тоа што ќе одат со физичко присуство?
    Мене, да.
     
    На fana и venus♡ им се допаѓа ова.
  13. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.062
    Допаѓања:
    76.847
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е јасно како само за школото се закачивте и само школото ви боде у очи, а децата ќе одат со протоколи, со маски и одат за да учат, задолжително е.
    Што е со градинките пример? 20 деца во група без маски, во едно собче седнати 8+ саати секој ден. Или кај нив нема корона?
    По канцеларии 6+ луѓе без маски, 8 саати секој работен ден. По кафичи келнери и луѓе лабаво си седат без маски, ете келнерите не се вакцинирани. Свадбите исто, се пее, се гушкаат, играат, јадат и пијат збиени по маси.
    АМА само школото е проблем, само таму има корона.
    Еве уште не се почнати во школо децата па пак секој ден има еден куп заразени и починати.
     
    На Tajnaotrovna, Kitten и eli25 им се допаѓа ова.
  14. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Ти знаеш јас што сум мислела а што не...
    Бреј од кога станавте видовити?
    Ама проблемот со школите е што задолжително е да присуствуваат физички, за разлија од сите објекти кои ги наброја.
     
  15. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.496
    Допаѓања:
    19.831
    Пол:
    Женски
    Од вчера, кога мислите си ги преточи во писанија. Зарем не е јасно? |(
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    ... а тек ко ќе почнат!
     
    На oblace1 и venus♡ им се допаѓа ова.
  17. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.062
    Допаѓања:
    76.847
    Пол:
    Женски
    Не мора да значи Вајлд. Кај ќерка ми повеќето прележаа во второ полугодие и повеќето беа асимптоматски, родителите не фатија од нив. Ете и ќерка ми не фати ни од мене во јануари, ни од децата кога излегоа позитивни а цело одделение си беа регулар во изолација. Ќерка ми закачи од маж ми кој поима немаме кај го фати.
    Затоа, без паники и страв. Не значи дека ако седат дома онлајн вирусот нема да ни дојде дома.
    Јас те разбирам целосно, ти го разбирам стравот зашто и јас бев преплашена и со страшни панични напади, ама се докажа дека нема никакви правила.
     
    На Tajnaotrovna, fana и WildMk им се допаѓа ова.
  18. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасно зошто се обидувате да бидете жртви. Напишав ,,барем мнозинството". Ако ти не спаѓаш во тоа мнозинство требаше да ќутиш, не одма да трчаш да се расправаш, притоа да додаваш дека сум рекла дека тие родители ги пуштаат намерно децата за да им се заразат, да им се разболат.
    Или како некоја погоре што пиша дека сум рекла дека не си ги сакате децата.

    И да, стојам на критиките кон тоа што одредени родители ќе ги пуштат децата во школо, и покрај пандемија, само за да одморат глава.

    Но, не е исто со ќерка ти која е четврто одд. ако не се лажам, и со највисоките одделенија и средношколците.
    Цел ден по кафичи, во гужви. Маските ко да не постојат.
    А и тоа што ќерка ти конкретно не закачила од училиште го кажуваш како толку позитивно искуство, без да обрнеш внимание на тоа дека некој друг се заразил можеби?
     
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Алал да ти е како мојш да си позитивна :hug:
    Паники не ме фаќаат, ама цело време осеќам underlying fear.
     
    На Dentina, fana и ivi1987 им се допаѓа ова.
  20. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.212
    Допаѓања:
    111.920
    Пол:
    Женски
    Родители на сите ученици. Најпрво им посакувам успешна година на вашите деца.

    Сакам да ви кажам дека на децата ќе им биде супер. Немојте толку да сте уплашени. Бев и јас кога ги отворија градинките. Внимававме многу на протоколите. Се пазевме. Вашите деца се поголеми, мислам дека повеќе ќе бидат заштитени од причина што сите ќе носат маски, за разлика од малите кои не носеа и не носат. Во нашата група немаше изолација ни еднаш од како се отворија градинките, а имаше позитивни родители. Ама цела среќа што немаме родители од типот "кашлам од цигарите", па истиот ден не носеа дете во градинка.
    Ќе се почитуваат протоколите и се ќе биде во ред. Не може да биде полошо од порано, голем дел се прележани, голем дел се вакцинирани.
    Ви посакувам се најубаво и со што помалку стрес да ви почне школската година :hug:
     
    На cresa-jagoda, noteforself, azelea и 7 други им се допаѓа ова.