Онлајн настава

Дискусија во 'Коронавирус' започната од referentka, 29 јуни 2020.

  1. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.331
    Пол:
    Женски
    Бев во твоја кожа, страшно е чувството :hug:
    Можеби ситуацијата ме направи посилна, прво јас позитивна па месеци покасно сите тројца а немавме конкретен позитивен контакт.
    Најдобронамерно, бегај од темиве. Не читај и не слушај за ситуацијава, ептен мава страв.
    Ќе бидете ок сите, нема да има ништо :hug:
     
    На azelea, Tajnaotrovna, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.294
    Фала ти Фанче мори :hug:

    Ми се ску*чи од читање хорор приказни.
    Вака некој да те утеши, да ти речи дека се' ќе биди во ред!

    Фала и тебе @ivi1987 :hug:
     
    На Tajnaotrovna, fana и ivi1987 им се допаѓа ова.
  3. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.331
    Пол:
    Женски
    Ќе биде ок бе Вајлдче, доста е од црни сценарија.
    Што да ти кажам јас што сите дома прележавме, моите исто, цела блиска фамилија моја и негова прележа, а имаме луѓе со карцином, со секакви болештини.
    Ајде, главата горе, радувај му се на животот, не си мачи душа со негативни хорор приказни.
    Да си ми тука сега ќе ти ги крцнам коските од гушкање :D :hug:
     
    На Kitten, Tajnaotrovna, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    20.124
    Пол:
    Женски
    Многу ми се интересни вакви обланда мислења. Завиткана форма со очаен обид да падне некој на фората, навреда или нешто слично на тоа. Неумешно спакувано секако. И од мрзливите да сум по твоја дефиниција, ниту ќе се срамам, ниту ќе се плашам, ниту ќе изигравам жртва како што се обидуваш да ме прикажеш. Најмалку пак од рандом член на форум, кој цело време се објаснува и оправдува, а еве не гледам потреба зошто. Вината ја префрлаш таму каде што најмалку треба, со лош избор на вокабулар. Пошо ти си многу позагрижена за нечии туѓи деца. Да, за да одморат глава, пошо училиштето е институција за родителите да одмараат! |(

    Сега, да се повториме, пошо никако не си измислувам:
    За разлика од тебе, знам кога е време да се престане со цитирање, затоа уште вчера ти ги рипав небулозите. Сакам да кажам, требаше да ме промашиш, а не да ми објаснуваш комедии од колокации за да заќутам. Срамота! Патем, време е да престанеш со драматизација ад хоминем и да употребиш валидни аргументи. Ако воопшто ги имаш. :yawn:
     
    На azelea, JoyJoy, Kitten и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.332
    А тие родители, баби и дедовци на децата што не си се вакцинираат?
    Нели со месеци се збори оти вакцина спречува тешка клиничка слика. Што се случи сега?
     
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.294
    Нека се вакцинираат де.
    Нема сите да ги спаси вакцината, ама грото да.
    Во ваква ситуација, секоја опција која ти ја зголемува шансата да преживееш е прифатлива.

    Како не им кикнува инстинктот за преживување, не сфаќам...
     
  7. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Зошто не ги прикажуваш во целосен облик цитатите?
    Во вториот пример исто така се гледа дека зборувам за конкретни примери, ама вие или не читате или се правите дека не читате, само си барате причина да нападнете некој.
     
  8. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.332
    Ако така гледаме, да преживееш и да не заболиш може само ако не излегуваш од дома ама...не доаѓа у обзир тоа нели?
     
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.294
    Зошто да не излегуваш од дома, кога можеш да се вакцинираш?
     
  10. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.332
    Токму и јас тоа го викам
    Зашто да имаат СИТЕ деца онлајн кога може вакцина?
    Барем за помалите би требало физичко
     
  11. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    20.538
    Пол:
    Женски
    @WildMk имам деца, две!!! Секој сака одмор, не велам не, ама не сметам дека училиштето постои за да се одморат родителите. Јас па барам на работа да сум прва смена, дури се в градинка да работам, после поручек да сум со нив.
     
    На azelea му/ѝ се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.294
    Си помислила или рекла некогаш: “Да почне учебната година, па да ми тини глата тро/да одморам?“

    Ако да, welcome to the club.
    Ако не, не сме сите исти ко тебе.

    И то.
     
  13. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.331
    Пол:
    Женски
    А не смее човек да пише нешто позитивно? Само црни сценарија и хроники се прифатливи?
    Да, позитивно е што не фати од школо, негативно е што фати дома дур е на распуст од татко и кој го фати од маркет најверојатно зашто периодот не одеше на работа.
    Секој секаде може да се зарази, ете школите беа затворени, ете децата се на распуст па видовме што се случува.
    Гледај ја реалната слика, а не само претпоставки од што би кога би почнале децата у школо.
    Ај поздрав сега, завршив со објаснување зашто гледам дека читаш и пишуваш само како што ти одговара :hai:
     
    На JoyJoy и azelea им се допаѓа ова.
  14. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.332
    Ваквите како членката се реално на исто ниво со неверувачите.
    Абе нонстоп само најлошото, ако каже некој лесно поминав одма се ко - "аа лажеш, глеј таму некој здрав прав починал"
    Ако некој добил симптоми и е негативен што значи е настинат, овие - "ама направи пак уште 520 теста, може ќе даде позитивен, вака ќе шеташ со симптоми"
    Ако се виделе со другар/ роднина - "ама тој твој другар може со 50 души се видел и сега ти ќе префатиш и ќе им пренесеш дома и ќе ти умре цела фамилија".

    И во групата на фб. Една пишала направила неколку теста, негативна е, ама дека со симптоми, сигурно е ковид, настинката и грипот се умрено.

    У реду. Знаеме, све знаеме. И дека се умира од ковидов и дека има заразени. Имаме и интернет и телевизија и пред нос ни се таквите вести секој ден.
    Ама вие сте буквално недајбоже некој нешто утешително да напише или дека колку толку води нормален живот, одма е сериски убиец што излегол од дома.
     
  15. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.349
    Допаѓања:
    9.306
    Пол:
    Женски
    Абе разбери луѓе се, се плашат. Нема човек што не се поднастинал па да не помисли дали можеби не е ковид. Тоа е зошто сме преоптоварени со таа болест подолг период. Си зема психички данок пандемијава.
    А второ се работи за здраствена култура, која недостига кај нас. У принцип ако сум болна, нема што да се акам наоколу, да правам директни контакти со луѓе преку поздравување, гушкање и сл. Не е добро ни за мене, телото веќе оптеретено го малтретираш, може да закачиш секундарна инфекција, не е добро ни за другиот може да го заразиш. Не ме сфаќајте погрешно, не викам и за најмал проблем да се биде во изолација или на боледување, ама бар малку култура да се покаже за свое добро и за добро на другиот. Држи си дистанца, стави маска ако поткашлуваш, киваш... не оди по гости и не прави собиранки дома. Ама не мислат сите така.
     
  16. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    20.538
    Пол:
    Женски
    Секако дека може и тоа да се рече некогаш. И во ред е, се случува ама не е основа. Муабетот беше друг. Училиштето не било важно, синкир децата учеле нуклеарна физика. Бруталната вистина била дека родителите барале училишта за да одморат. Сегде во светот образованието од најмали нозе се рачуна како најбитен фактор за една нација, образованието е столбот, секаде се правеа напори да се најдат начини покрај пандемијата децата да продолжат со училиштата. Само кај нас некој ќе се избаци со муабет, е арно де, не учат никлеарна физика, голема работа, вие барате училишта за да одморите. Глуп е муабетот, затоа и децата не го сфаќаат образованието сериозно, кога возрасните вака го условуваат. Факт е дека учењето од дома не е на исто ниво како и учењето со физичко присуство. Од секој аспект. Се губат години на квалитетно образование на идни доктори, идни наставници, идни инженери итн. Да се најде начин, да се воведат добро испланирани мерки кои ќе се ефективни, да! Ама да седат дома со години оти не било ништо битно да учи на училиште, премногу е.
     
    На Mikha4, Annath, JoyJoy и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.332
    И јас добив симптоми и баш поради целава оптеретеност со ковидов исто мислев имам. Ама кога се тестирав и добив негативен тест, продужив со животот нормално, само со луѓе не се гледав дур подоздравам, иначе не повторував упорно тестот оти и онака се ошурив за првиот и не лаев дека нема шанси да е настинка у пандемија.
    Се однесував исто како и сите 50 пати до денес кога сум била настината.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.294
    Не го реков то.

    Се согласувам дека образованието е многу битно.
     
  19. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    20.538
    Пол:
    Женски
    Не го рече ти то, знам :) ама некако се испреплетија мислењата.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Kanya

    Kanya Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    4.509
    Пол:
    Женски
    За делот во градинка можам да ти одговорам, бидејќи имам блиска вработена.

    Вистина е дека има 20+ деца во група без маски, кои ги чува една негователка и една учителка. Значи 20+ луѓе на 2, а секој момент, ми се јаде, мочка, пие, спие... Да не зборувам дека врз поголемите имаат проблем да воспостават некаков авторитет на педагог и учител, бидејќи од дома така ги учат. Значи напорот на педагозите е залуден за повеќето деца.

    Цел колектив чистачки, кујна, негувателки и учителки, постојано пребришуваат со средства за дезинфекција, носат маски (некои носат и по 2,3 маски), вакцинирани се повеќето, а некои и прележани и повторно пазат многу. Да напоменам зборувам за градинката каде што работи моја блиска.

    Она носи 2 маски, облеката за работа и дома е различна, ја пери одделно од другата облека, секој ден си доаѓа и се тушира само што ќе влезе. Кога беше пикот 6 месеци живееше од нас во одделна просторија, за во ноември да доживее паничен напад, 4 пати се онесвести и врати пред мои очи. И тоа затоа што и јавија дека заболено дете од covid 19 го донеле родителите свесно за они да се одморат. Детето не било позитивно а родителите позитивни (facepalm). После тоа беше покол во цела градинка и воопшто ама воопшто не ми се збори на оваа тема.

    А капак на се е постојаните закани кои ги добива од директорката и вработените во министерство. Не можам да ја препознаам 20 кг симна и е како дух. Сите ја поддржуваме да даде отказ, а она не сака да чуе.

    Знам дека ќе ме нападнете ама не само родителите, поголемиот дел од населението се однесува крајно неодговорно, а и власта е идеална слика за населението.

    Се однесуваат како да нема пандемија, одмори, кафе, слави, прослави, разни чуда и врагови се поважни од животот.

    Да бевме свесни ќе се стегневме 5, 6 месеци во строг карантин со строго почитување на мерките, маска, дистанца и дезинфекција. Ама не нас други ствари ни се поважни.

    Затоа сме тука каде што сме еве веќе 2 години.

    Мојата фамилија сеуште се придржува до мерките, не исмеваат дека носиме маски и не се дружиме и не идеме по забави, ама да не се подрекувам, ниту еден член не заболи. Се надевам дека ќе остане така до сам крај. И јас и другите излегувавме строго по потреба со сите мерки.

    Значи можело се ако се сака и ако имаш барем малку свест дека не си сам на светов и веков.
     
    На cresa-jagoda, mareane, Biljarkata и 2 други им се допаѓа ова.