Зарем детето на тие несвесни родители се уште оди во истата градинка? Зарем не треба тие родители да добијат казна за загрозување на здравјето на цела градинка? Зарем нема соодветен директор кој ќе постапи соодветно на дадената ситуација? Зарем негувателките, наставниците, професорите немаат никакви права и заштита? Крајно подло и со зла намера. Зошто немало реакција од останатите родители? А и тие ако биле позитивни, значи седеле во изолација, а ако веќе седеле во изолација, зарем не треба кривично да се гонат за напуштање на домот. Не те прашувам лично, само си размислувам за тоа колку може човекот да биде несвесен и себичен.
Нема, затоа што е дете на родители од "високата класа". Од иста партија со директорката, ако се побуни ќе и летне фотелјата. Кај кого ќе се буниш? Да беше од обична фамилија ќе беше во најмала рака избркано од институцијата. Значи родителите можаат да шетаат и можат да се заболат, ама на вработените и фамилиите им е забрането се од нормалниот живот. Не дај боже да се заболеш. Немаш поим тие што се заболија каков притисок имаа од господата горе. А се заболуваа од децата, т.е. од родителите. Ама знаеш што забележав и предходно но со пандемијата се повеќе дојде до израз. Обичните луѓе како, јас, ти и 90% од населението не само од Македонија од цел свет, се посовесни, а го јадеме заради тие 5% што мислат дека го фатиле Господ за .... да извините на изразот. Или поточно не се посовесни туку знаат дека ако се заболат не само од covid 19 од било која друга болест немаат €10к за лекување за еден член, а камо ли за цела фамилија да се лекува во приватна болница. Знаат дека ако излезат без маска (ова пред неколку месеци) ќе платат казна од 20€. Знаат дека ако се во карантин не смат да излегуваат бидејќи ќе платат €10к, итн. Верувам дека секој од нас слушнал: - дете на функционер правел забава за време на карантин. - вработен во ... прави забава и никој не го казнува бидејќи ... - по етникум се ... заштитени се како бели мечки кој смее да ги допре - по етникум се ... не плаќаат никакви сметки ама зимаат социјална помош, нема панемија за нив - а сега слушам моето дете ќе го образова таа и таа учителка. Предаваше во друго одделение ама сега ја наредивме работата. Еве имам блиска личност која работи во градинка независно дали е приватна или државна, фаќаат врски за да бидат нивните "посебни деца" кај одредена учителка или негователка. Хаос прават буквално. Истотака и јас бев на неколку настани, опремена со визир, КН95 маска и ракавици, буквално на игли стоев и едвај чекав да завршат и бев оддалечена од сите, бидејќи морав да присуствувам. Господата си дојдоја без маски, а кога беа опоменати дека не смеат да влезат без маска од редарите, а потоа и од мене ми се обратија со: Знаеш кој сум јас/ние? Јас им одговорив дека болеста не селектира функционери и обични луѓе, за по 20 минутно натегање јас им дадов маски и ги ставија. Ама знаеш до кога? Додека не отидоа до buffet масата и започнаа да јадат како да нема утре. Во месеците што следеа еден по еден се разболуваа, ама повторно за нив беа затварани оделенија во болници, плаќаа приватни болници или уште побезобразно, доктори кои им идеа дома, а над нив бдееја поспособните медицинари. И можам да редам и редам примери, ама револтот е огромен. Факт е дека сите институции делуваат, а сите закони важат селективно, а со тоа одредена група на граѓани се целосно заштитени. Не дека и во обичните нема испадоци. Пример знаам неколку кои веруваат во некои теории на заговор, како прскање од Авиони. Но носат маска бидејќи нели нив ќе ги напрскаат. И искрено не ме интересира воопшто кој во што вреува се додека се придржува до протоколите. Ама протоколи сега нема, бидејќи одлучувачкото гласачко тело треба да се ослободе од казни. А господата се спремаат за избори, немаат време за протоколи. А за сите оние кои после се што се случи им е дојдено до свадби, крштевки, прослави, големи собири, кафани, дискотеки... немам коментар навистина. Се можам да разберам во животот ама баш се. Но себичноста, нечовечноста, и вообразеноста НЕ.
Wild доаѓаат не знаат лажица, вилушка да држат, не знаат да јадат, не сакаат да се потрудат да научат. Не дај боже да пробаш да ги научиш песничка или да не им дадеш играчка која е кај друго дете. Веднаш со плачење ќе те кажат кај родителите, родителите кај директорот, а директорот ќе ти се заканува тебе. Тоа е тој магичен круг. А заради тоа дете трпат 30 други деца во групата. Мојата блиска имала и по 40+ деца во групата затоа што така наредила директорката. 40+ деца ооставени на 2 жени. Дома се затвараше 1 час во тишина, викаше ми треба мир. Тие што започнуваат од јасли се супер бидејќи се веќе навикнати да делат се со другите деца, ама дел што започнуваат на 3,4 години, особено ако се "од посебните" ќе ти се посерат на глава и нема ни збор за зуцнеш, бидејќи ќе останеш без леб. Не е се црно и бело. Јас скоро излегов од образовниот систем и многу добро знам кој професор колку е спремен. Секогаш го одбирав тие кои бараа знаење а не тие каде што лесно се поминува. Целта ми беше знаење, не диплома.
Се е тоа во ред, меѓутоа и градинките не беа поштедени. Во групата кај син ми многу позитивни деца имаше. После некое време и негувателката пријави дека е позитивна, неколку пати одеа сите во изолација. После некое време во јасли неколку бебиња беа позитивни па беа сите комплет во изолација, вклучувајки ги и негувателките со кои на пауза заедно пиеле кафе. Во кратки црти, не секаде беше сјајно. Во нашата градинка конкретно иако по протокол на негувателките не им беше дозволено заедно да седат, да се собираат и кафе да пијат, токму спротивното се случуваше, секој ден на купче заедно паузата ја користеа. Ги гледав и ги гледам зашто секој ден од таму поминувам.
Пак ќе повторам, зависи од училиштето. Јас основно школо завршив во мало место. Поголемиот дел од вработените т.е. скоро цел персонал, работеше во тоа школо бидејќи нема и не беа вработени со врски. Додека јас учев, а сум gen z бевме прваци на државно ниво по Историја, Математика, Биологија, Техничко и Физика, 4 години по ред. Сеуште тоа школо вади супер резултати на државно ниво, и солидни ученици. Само пофални зборови не само јас туку и останатите имаме за цел персонал, бидејќи не научија на труд, напорна работа и дисциплина. А средна школа и дел од фах беа сосема друга приказна и ми ги отворија очите дека животот не е розеев. @ivi1987 има разлика од вработени до вработени. Јас пишувам тоа што го гледам. Но факт е дека поголемиот дел од вработените во градинките конкретно и децата кои ги посетуваа се заболија од други деца кои имаат несовесни родители.
Нормално дека има разлика, како што не се сите негувателки исти, така и сите родители не може да се стават во ист кош. Нашата негувателка не се зарази од децата од градинка, си пиша коректно во групата на вибер и прописно цела група ја пријавила па си беа во изолација.
Тоа е дел од нејзината одговорност, и иако се заразила го направила потребното, односно, навремено ги известила сите контакти. И тие вработени се луѓе, кои имаат фамилија и останати контакти, што значи и тие се ризик фактор за проширување на зараза. Јас никого не обвинив дека се заболил, сите можеме да се заболиме бидејќи болеста не бира. Само посочив каде е дел од проблемот, кој е доста голем бидејќи дел од родителите одбиваат да превземат одговорност, и ја префрлаат на туѓ грб. Наше е да бидеме свесни и да се придржуваме до мерките, а кога ќе се заразиме да ги пријавиме и да ги известиме сите оние со кои сме биле во некаков контакт. Во мојата фамилија конкретно заради определени професии кои се во контакт со луѓе повеќе пати бев во изолација, со брисеви со се. И ние се чувавме но сме имале и среќа да секој пат сме негативни. Но морам да напоменам дека и заболената страна била фер па прописно не известила. Психата ми е тотално сје***а, ни психолог ни психијатар не ме оправаат, сите ќе избегаат само да отворам уста. Сеуште чувствувам страв и немир кога ќе видам поголема група луѓе. Менувам улица за да не се разминам. Сеуште немам храброст од врата да ја извадам маската бидејќи секој пат се навраќам на моментите во изолација. Сеуште правам тотална дезинфекција на се и сешто. И да колку и да не сакам да признаам имам страв, бидејќи за жал пандемијата сеуште е дел од нашето секојдневие, а јас се прилагодувам во согласност со тоа секојдневие.
Да прикажеш дека е позитивно на ковид, или е во изолација поради контакт со позитивен. Не знам дали можеш да приложиш дека е во ризична категорија.
Може само барање до училиштето дека сакате детето да следи он лајн настава. Не е задолжително да биде медицинска причина за ваков тип настава
Пишувам тука бидејки навистина сметам дека е потребна онлајн наставата за сите ученици, барем за месец декември. Времето заладува, деца на 14-17 години починаа од корона, се ближи зимскиот бран, а на никој не му е гајле. Мешавината физичко присуство со онлајн настава е многу неефикасно за тие што се онлајн моментално. Јас сум позитивна и морам да следам онлајн. Професори не се вклучуваат, а кога ќе се вклучат лошо ја местат камерата и ништо не се гледа. Катастрофа е. Сфаќам дека наставата со физичко присуство е незаменлива, но сред пандемија сме.
Движењето „Поддршка за онлајн настава“ произлезено од „Фејсбук“ група која брои 15 илјади членови побара второто полугодие од учебната година да почне со онлајн настава. Од движењето на прес-конференција порачаа дека вирусот се пренесува многу брзо кај децата во една училница, а шансата за заразување е голема. „Во првото полугодие учениците од основните и средните училишта наставата ја посетуваа во најголем број со физичко присуство, додека еден дел од учениците, според одлукатата на Владата, поради различни причини ја посетуваа онлјан. Дел од учениците не беа вклучувани, дел беа уценувани од одредени просветни работници. Сметаме дека правото на образование е загарантирано со уставот, а дел од законите се грубо прекршени“, велат од Движењето. Ана Глигорова, која говореше на пресот апелираше до Комисијата за заразни болести да дадат предлог до Владата за онлајн настава. Таа рече дека ако со делтата и со првиот вухански сој се заразувале еден или двајца, во овој случај се заразуваат сите. ©Makfax.com.mk
Не само што нема да има онлајн, туку големи се шансите и маските да ги укинат. Можеби не веднаш од старт на второ полугодие, но очекувам во текот на полугодието.
Kakva online nastava,se vakciniravame site ,pa sega doma ke sedime.Tesko na ovie generacii deca,uciliste im treba,nastanik ,drugarce,druzenje.Site mora na rabota da odime,koj ke mi gleda deca? Baba sto ne se kacuva vo avtobus,komsika ,strina.Stvarno se nerviram mnogu za vakvi nebulozi.Ajde pa site da si sedime doma i da cekame samo KOVID da ne ne fati.
Леле, надве сум со ова. Од една страна ризикот е голем, од друга, далеку се посреќни кога одат на школо... Порадо би да има некаква комбинација од двете опции.
Вака како лик кој се наоѓа и од едната и од другата страна (наставник и родител) би кажала дека наставата со физичко присуство е НЕЗАМЕНЛИВА. НО, има едно големо НО, во моментов барем на месец до месец ипол можеби е најдобро да се спроведе онлајн ( и не, наставниците нема да седат дома по пижами што лично за мене е убиство во 4 ѕида цел ден затворена, туку би држеле онлајн од училиште) Сега го тераме бранот од нова година и Божиќ, таман кога ќе помислиме се смирува доаѓаат зимувањата од околните држави, па и кај нас кој што само ќе ги пролонгираат бранот на многу заболени на дневна основа. Верувајте, децата во училиште ретко кое ја носи маската правилно. Температурите се ниски па отворените прозорци и не се некоја опција. Јас како наставник ќе облечам капут и ќе свртам 3-4 круга во училна ќе ми заврши часот и така пак на следниот, ама што е со децата што седат 40 мин, посебно оние до прозорците. Уште нешто, на училиште на крајот од првото полугодие доаѓаа во некои одделенија по 5-6 дечиња, се друго беше онлајн. Секако знаевме кои се исклучоци од здравствени причини и тие од сам почеток си следеа од дома, ама другиве штом им згусти со оценките се префрлија онлајн што стварно не беше фер за оние што доаѓаа редовно во училиште. Така да додека малце од малце се смири работава со вирусов, заради сите, бидејќи не прашува овој сој дали си вакциниран, прележан и сл., моето мислење е да се почне онлајн