1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Онлајн полагање испити и колоквиуми 2020 - За или против?

Дискусија во 'Коронавирус' започната од ElenaOfRivendell, 1 април 2020.

?

Дали сте ЗА или ПРОТИВ онлајн полагање испити и колоквиуми?

  1. За

    57 глас(а)
    41,9%
  2. Против

    79 глас(а)
    58,1%
  1. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    За жал, не можеме да знаеме однапред што ќе се случува со следната сесија и воопшто, со следната академска година. Да се надоврзам на одговорот што ти го дала членката горе, и јас очекувам да се среди се до септември. Меѓутоа, секогаш постои можноста од втор бран што го најавуваат и европските универзитети што ги следам, најавуваат наредниот семестар (а можеби и целата академска година) да биде онлајн. Е сега, дали и нашите универзитети ќе го следат тој концепт, не знаеме.
    Како и да е, не мислам дека тоа треба да те одбие од идејата да си го продолжиш студирањето. Мора да научиме да функционираме во ваква состојба и да не застане животот зашто еве, трае со месеци, можеби ќе трае цела година и некои процеси едноставно не смеат да чекаат. Секако, имаш слобода и да одлучиш да почекаш наредна година, до тогаш веројатно ќе биде завршено се (да се надеваме).
     
    На ohlalalala, Glowy и GirlRose им се допаѓа ова.
  2. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.889
    Допаѓања:
    6.557
    Пол:
    Женски
    Студентски прашања мислам и сега работат, така што на есен сигурно ќе работат, треба заверка на постоечки, упис на нов семестар, упис на нови студенти..
     
  3. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.727
    Допаѓања:
    33.981
    Пол:
    Женски
    Аха моментално не сум во мк ниту таму живеам па мислев ако може да си го продолжам и да си полагам онлајн од тука (ДЕ) секако како вонреден ако се префрлам и продолжам пак од септ.бидејќи ми останаа уште некој испит па вреди дасе проба.
     
  4. Regina.Phalange

    Regina.Phalange Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2020
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    1.430
    Пол:
    Женски
    Да си се самоцитирам. Еве кај нас јунска сесија ќе се одржи официјално онлајн, и искрено гледајќи како растат бројкиве, мислам дека е најдобриот избор. Барем можам да си ја исчистам годината.
    Искрено се надевав на нормална сесија, ама не вреди ризикот, по моето и туѓото здравје.
     
    На ohlalalala, nevermet18, НаталиЛили и 1 друга личност им се допаѓа ова.