1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Онлајн полагање испити и колоквиуми 2020 - За или против?

Дискусија во 'Коронавирус' започната од ElenaOfRivendell, 1 април 2020.

?

Дали сте ЗА или ПРОТИВ онлајн полагање испити и колоквиуми?

  1. За

    57 глас(а)
    41,9%
  2. Против

    79 глас(а)
    58,1%
  1. Maylin

    Maylin Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2019
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    1.043
    Пол:
    Женски
    Компјутерски беше тестот?
    Кај нас ќе било на лист и усно, камерата поставена на одредена далечина и совршено да се гледа листот, рацете и се друго околу нас. :| Од кога ќе го завршиме тестот, истата секунда да сме го сликале и да сме го прателе по меил на професорот. Не е возможно да се препише, плус сите се гледаат на еден екран, не е како на пример во амфи, проф се свртел на лево - тие од десно препишуваат..
    Додуша секаде има такви кои што можат да се снајдат, ама во глобала потешко е вака да се препише според мене. За тоа е океј, ама има многу други работи кои не се во ред. Прво се збореше дека ќе било со две камери, едната пред нас, другата зад нас, кај да им најдам две камери ако морам на крај да го сликам тестот со таа од телефон? Ептен е зафркнато.
     
    На H.VAGA, dayla, @ster@ и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Shanina

    Shanina Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2018
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Сериозна си дека ни оди во прилог? И после имало неписмени доктори, адвокати, економисти... е од ваквите што се радуваат што ќе успеат да извадат 10 со препишување си патиме.
     
    На Waverly Raven, Just.do.it, Leat и 14 други им се допаѓа ова.
  3. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Компјутерски беше да. И јас прашав дали ќе биде со две камери и такви работи. Веќе двајца професори одговорија дека не е хумано и не можат од нас да бараат такво нешто. Некој едвај лаптоп или компјутер ќе најде, некои што имаат само телефон ќе мораат на телефон да полагаат. Воопшто не уклучивме никаква камера додека полагавме. Така ќе било и по други два предмети за кои имаме разговарано со професори.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Да сериозна сум. Ако некој решил да препише пак ќе го направи тоа. Ми оди во прилог бидејќи и онака не ќе можев овој семестар да учам како порано и да бидам присутна на факултет. Вака барем ми е олеснето. И во оваа ситуација секако е подобро онлајн отколку да го изгубиме семестарот или да стагнираат работите.
     
    На Aesc2000 и candy.cane им се допаѓа ова.
  5. Shanina

    Shanina Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2018
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Не се согласувам дека подобро е сега да полагаме онлајн и да се утепаме препишувајќи отколку да почекаме да се стабилизира ситуацијата па макар и во август полагале. А и што е толку битно присуството на факс кога можеш да седнеш и дома да научиш.
     
    На Waverly Raven, Just.do.it, Stache и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.371
    Допаѓања:
    20.957
    Пол:
    Женски
    Денес и ние имавме колоквиум онлајн и не се приклучив иако можев поголем дел од колоквиумот да го решам со гледање од тетратки или било какви други манипулации. Дали ќе се исконтролирам да не препишам доколку ми фалат прашање-две за положување? Нема. Ќе препишам и ќе си го лажам паметот дека добро сум направила, се друго сум знаела. Мислам никој не би се довел во таква ситуација да падне за малце а притоа да има начин како да најде одговор. А да не зборам па цел колоквиум да го препишеш..
    Ама кога ќе одиш на факултет да полагаш, ако тие две прашања не ги знаеш, нема начин како да ги одговориш. Немаш тетратки при раце, немаш интернет, телефон. Имаш постојана контрола во живо од професори, не преку камера.
     
    На Just.do.it, cresa-jagoda, Glowy и 4 други им се допаѓа ова.
  7. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.156
    Допаѓања:
    5.375
    Пол:
    Женски
    Јас реално ќе имам грижа на совест да препишам, и тоа ненаученото, односно препишаното, да ми се одрази во иднина во работата, и да го ставам на ризик нечие здравје и живот. И сум против ова, бидејќи немаат сите грижа на совест, ќе си препишат, и некој невин човек, некогаш ќе има лоши последици поради тоа.
     
    На Waverly Raven, glosipgirl, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  8. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Ама никој не ве тера да препишувате. Замислете дека сте во амфи и дека не можете лево-десно.

    Плус ако е само опција, не е задолжително, ќе си полагате после вонреднава. Даваат повеќе опции, ко што сфатив јас.
     
    На Scorpiongirl12, cresa-jagoda, Aesc2000 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Битно е. Поени се добива и од тоа. А на нашиот факултет и онака повеќето работи си функционираат електронски. Вежби, семинарски, истражувања. Можеби полагањава не се реални и фер. Но никогаш не може ништо да функционира 100% како што треба. И во живо се препишува и со камери и со 300 чуда може да се најде начин. Сега ќе се препишува повеќе од вообичаено, но сепак постојат и други како тебе кои и покрај отворената шанса нема да препишат. Еве ни ги објавија и резултатите, има студенти кои одговориле само на 5-6 прашања од вкупно 20. Не искористиле сите шанса. Имам колеги кои освоија максимум поени, препишуваа бидејќи сме блиски го знам тоа. Јас немав максимум поени, повеќето ги одговарав бидејќи ги знаев, некои ги пребарав и ете пак имам згрешено 5-6.
     
  10. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Имам поделени мислења и сега ќе ви кажам и зошто.
    Сум за, затоа што како што учиш материјал - така и чистиш, не се натрупува. Но, од друга страна имаме доволно време за да стасаме и цел материјал да научиме.
    За тие што се на клиника, конкретно од медицински факултет е неизводливо да се има онлајн, но ние што немаме контакт со пациенти и учиме ткива не беше проблем.
    Ама сепак, техничкиот аспект да го земеме во предвид. Отпаѓа идејата,
    само сакав едно да напоменам. Онлајн испитот нема да го уништи образованието затоа што сум сведок на луѓе што препишувале и во амфитеатар и сведок на луѓе што имаат сѐ положено иако мислат дека некои работи се во сосема трет органски систем. А, да не зборам како се полага со врски...
    Нема што повеќе да уништи онлајн испитот од она што имаме крш систем. :)
     
    На glosipgirl, Scorpiongirl12, Glowy и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.732
    Допаѓања:
    172.759
    Пол:
    Женски
    Јас кај што учев тие што беа вонредно запишани имаа опција преку скајп да полагаат бидејќи голем дел беа времено или трајно иселени по светов..
    Па баш и немаше место за паника.. дури некои и послаби оцени вадеа преку скајп, немаа од кај да препишат а испитот беше целосно усно и се снимаше..
    Ама за тоа бара време, ако посветат на секој студент по 30мин кај им е крајот
     
    На cresa-jagoda, Victorian, @ster@ и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Kuzmic

    Kuzmic Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2018
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Леле колкава паника се крева за он лајн полагањето , како што прочитав погоре значи може да се извадат и максимум поени ,а може и нешто да се згреши ,ако немаш учено не ќе знаеш и од кај да препишеш , што значи нема да бидеш без никакво знаење .И друго станува збор само за овој семестар ,а не за цело студирање ,така да со добиени 4-5 оценки полабаво ништо нема да промени, а кај нас на факултет во секој семестар имам по еден предмет каде се дозволува оригинал учебник да го носиш на испит свесно професорот ти дозволува исто како да сум дома и си полагам , па и тогаш имаше многу паднати колеги .Затоа не паничете за еден семестар зошто сите знаеме полесно е на два дела да полагаме отколку цел испит и тоа не се знае кога .
     
    На irenchetTo, Fallen.Angel и Aesc2000 им се допаѓа ова.
  13. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.087
    Допаѓања:
    26.907
    Ќе се испрепише се и после на испит дрва.
    Ни сум за ни сум против. Колку имам причини за толку имам и за против. Најубаво на факс и полагање, ама нема шанси со состојбава. Не може да праеме колоквиум со пет предавања, ама ајде. На мојот универзитет веќе има одлука и ќе се полага.
     
    На @ster@ и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  14. Kuzmic

    Kuzmic Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2018
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    На кој факултет има одлука ? Кај нас ако ги поминеш двата колоквиуми нема испит
     
  15. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.156
    Допаѓања:
    5.375
    Пол:
    Женски
    Кај нас нема да се одржуваат колоквиумските недели, директно ќе сме оделе на испит.
     
  16. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.087
    Допаѓања:
    26.907
    На друг универзитет сум јас. Не сум на УКИМ.
     
  17. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Абе не. Убаво си пиша М.
    Заостанатите колоквиуми ќе се полагаат во испитни сесии. |(
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.156
    Допаѓања:
    5.375
    Пол:
    Женски
    Аааа, јас сфатив дека нема да имало колок. недели, и дека се ќе ни биде на испит idk...
     
  19. @ster@

    @ster@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    2.982
    Пол:
    Женски
    По ова што го читам сфаќам дека технички е тешко изводливо за секој студент. На пример МОН да дели опрема на сите да се снабдени ај би било добро и фер се околу онлајн полагањава.
    Инаку немам ништо против овој вид на полагање доколку полагачите се придржуваат кон тоа да биде фер полагањето и без препишување. Ама како што веќе прочитавме кај нас без препишување онлајн полагањево би се спровело прилично тешко.
     
  20. Aesc2000

    Aesc2000 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2017
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    180
    Јас сум ЗА да се полага онлајн, барем предметите од запишаните летни семестри. Оние кои се против имаат секако можност да си ги преполагаат предметите во наредните сесии.