Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Онлајн полагање испити и колоквиуми 2020 - За или против?

Дискусија во 'Коронавирус' започната од ElenaOfRivendell, 1 април 2020.

?

Дали сте ЗА или ПРОТИВ онлајн полагање испити и колоквиуми?

  1. За

    57 глас(а)
    41,9%
  2. Против

    79 глас(а)
    58,1%
  1. Marina*F

    Marina*F Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2019
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    267
    Пол:
    Женски
    Кој факултет ова?
     
  2. Aesc2000

    Aesc2000 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2017
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    180
    Економски
     
  3. martiiinna

    martiiinna Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.356
    Пол:
    Женски
    Секој нормален, амбициозен и вреден студент би бил против ова. Сите точно знаеме како поголемиот број студенти положуваат и земаат дипломи, не за џабе купувањето/изнајмување на бубици е најдобар бизнис во Македонија.
    Не знам зошто постои воопшто и како предлог ова онлајн полагање.
     
    На Stache, Glowy, Any05 и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Rabbit 97

    Rabbit 97 Активен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2019
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    499
    Kolku vreme imavte za reshavanje i ako ne ti e problem da mi kazhesh po koj predmet polagase?
     
  5. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    30 минути.
     
    На Rabbit 97 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Marina*F

    Marina*F Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2019
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    267
    Пол:
    Женски
    UKIM?
     
  7. martiiinna

    martiiinna Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.356
    Пол:
    Женски
    Да, имам слушнато за ова одамна. Само мислам дека мора учебникот оригинал да биде ако сакаш да го користиш на полагање, а оригинал учебник е околу 1000 ден. :)
     
  8. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    1.012
    Допаѓања:
    5.754
    Пол:
    Женски
    Мене лично ми одговара оваа опција за електронско полагање. Запишана сум на мастер во Скопје, паралелно работам со полно работно време надвор од Скопје. Ми се случувало да не можам да отидам на испити поради работни обврски.

    Не ми е страв од електронски испит, не затоа што планирам да препишувам, туку бидејќи веќе имам искуство со електронско полагање... ние на додипломски колоквиумите и онака ги полагавме електронски.
    И не е страшно, дали преку скајп или на заокружување ... не ми менува бидејќи јас секако го спремам испитот и бубам.

    Свесна сум, дека електронското полагање може и да се злоупотреби и постои можност студентите да препишуваат, ама тие што ќе препишуваат можат да препишат и у амфитеатар со професор пред нив. - I've seen it happen !
     
    На Elena69221, glosipgirl, Dream-Girl и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Marina*F

    Marina*F Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2019
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    267
    Пол:
    Женски
    Ццц се надевам дека останало во минатото само. Ужас за образованието.
     
    На Stache, Glowy и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  10. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.175
    Допаѓања:
    32.576
    Пол:
    Женски
    Не е минато. Пред две години другарка полагаше така (facepalm)
     
  11. Aesc2000

    Aesc2000 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2017
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    180
    Се полага и сега така, но само по одредени предмети. Доколку купиш оригинал ќе полагаш со книга доколку не купиш оригинал ќе немаш книга на полагање. Ама ова не е баш сигурен начин дека ќе положиш, а камо ли да добиеш повисока оценка без учење.
     
  12. Kuzmic

    Kuzmic Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2018
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Па истото во го кажувам и јас , професорот свесно ви дозволува да го носите учебникот ,со други зборови во вика препиши те , ама ѓабе ако немаш учено ти не можеш и да препишеш не знаеш каде да го бараш одговорот , со време си ограничен , па така тие што мислеле дека без учење со препишување ќе положат ,тие паднаа повеќето , исто би било и со он лајн полагањето ако не научиш не знам што ќе препишеш ќе немаш време да листаш.Тоа ми беше муабетот во секој случај ако немаш учено многу е мала веројатноста дека ќе препишеш и ќе положиш ;)
     
    На Aesc2000, Fallen.Angel и Angie1432 им се допаѓа ова.
  13. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.590
    Допаѓања:
    38.941
    Пол:
    Женски
    Кога се појави идејава, веднаш помислив колку е лоша, дека не може да се реализира и дека оценките нема да се реални.
    Еве и тука сум гласала против ама деновиве баш размислував и сфатив дека уствари можеме да дадеме шанса на ваков тип на полагање и да видиме како ќе се покаже.

    Прво, и јас си викав дека нема да е воопшто легитимно, дека ќе се препишува ама ако се помисли малце , доаѓаме до заклучок дека не е толку лесно да се препише.
    Не знам во какви услови би се одвивало, еве да речеме дека ќе биде (според мене најлогички), одговарање усно додека професорот поставува прашања или па решавање тест додека набљудува професорот(прочитав некоја таква опција на претходната страна иако мислам дека е помалку изводлива, но сеедно).
    Доколку студент нема книга фатено, има многу мали шанси да најде начин да препише и да положи.
    Еве ја како лаик за препишување(ни ме бива за тоа, ни ќе се осеќам дека сум ја заслужила оценката/дипломата ако така си поминувам), не знам ептен напредни skills за препишување :D, ама сепак знам што најчесто се користи и кога го замислувам онлајн тестирањево, ми се чини дека би било дури и потешко да се препише отколку амфитеатар.
    Замислете, ве гледа некој постојано додека го решавате тестот(зборувам за ситуација се да е регуларно) и секое екстра движење се приметува, во тој случај многу е лесно да се примети дали шараат очите и дали одат лево десно околу лаптоп, на земја или не знам каде.
    Доколку е усно, уште потешка станува ситуацијата, зборуваш со професорот и го гледаш во очи така што во овој случај доаѓа исто како да си пред него.И тука би се приметило ако одиш лево десно со очите, на пример. Оние професори кои бараат најммогу знаење не би не оставиле туку така да полагаме без надзор во никој случај.

    Сега ќе речете, може вака да се препише, може така, ама да бидеме реални, луѓето што препишуваат, го прават тоа во секоја околност.Дали во амфитеатар, дали онлајн, тој што е експерт ќе си најде начин.На тој што не му се учи, секаде ќе најде врски и ќе положи.

    Студент што вистински сака да научи и што сака да положи со вистинско знаење, ќе научи, без разлика дали е полагањето во живо пред професор или онлајн.

    Друго нешто што е позитивно од овој начин е тоа што нам ќе ни се олесни учењето: ќе можеме да полагаме на помал материјал и со тоа подобро ќе го спремиме.
    На крај, ние ќе имаме помалку стрес да си полагаме буквално од кревет, отколку да ни се натрупаат предмети и книги.

    Впрочем, во многу земји кои имаат поразвиен образовен систем од нашиот , гледам дека овој начин на полагање се практикува не само сега туку и во нормални услови.Има и луѓе што полагаар тестови за стипендија за факултет онлајн - штом овој метод може да се применува насекаде значи функционира.

    Сега, свесна сум дека на некои од факултетиве, вклучувајќи го и мојот, се полага и плус практично, што не би можело да се изведе онлајн.
    Секако, тоа би останало за после ситуацијата.
    Но, и да го оствариме тестирањето на материјалот на овој начин само за одреден дел од предмети, верувам дека ќе направи голема разлика отколку ништо да не се полага.

    Пак ќе кажам, иако на прв поглед не изгледа така, ако се подразмисли испаѓа дека има многу позитивни аспекти.Ако ги полагате испитите со знаење и труд , нема да се грижите дали редовните препишувачи пак ќе препишуваат и ќе научите исто како за испит во вообичаените услови.
    Така што, засега ја поддржувам идејава.
     
    На dayla, glosipgirl, Dream-Girl и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Kuzmic

    Kuzmic Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2018
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Конечно да се согласиме со некого , зошто да ни биде скратена можноста за да полагаме со колоквиуми , ако со колоквиуми поминуваат 60 %, со испит ќе поминат 35-40% значи ќе треба повторно да се презапише предметот и повторно да се плати за него , оваа ситуација не е по вина на професорите ама би требало да ни излезат во пресрет, би им биле благодарни
     
    На irenchetTo, Aesc2000, glosipgirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Точно така. Колеги имам кои препишуваа од погрешни места, пример од Гугл, а во книгата одговорот беше друг. Некои ептен паметни ја направија стратегијата со договарање и консултирање, една личност ги бараше одговорите, ги споделувале меѓу себе. Јас прво одговарав тоа што знам, тоа што не бев сигурна пребарав во книгата. Препишав 2-3 прашања, и повторно имав неколку грешки. Треба човек стварно да има учено и да знае кој одговор каде се наоѓа.
     
  16. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.895
    Допаѓања:
    6.615
    Пол:
    Женски
    Се согласувам дека и за да препишеш треба да имаш учено, да знаеш што препишуваш и каде да бараш.
    Но еве, велиш си препишала 2-3 прашања, да полагаше во амфи, немаше од каде да ги видиш одговорите, а тие прашања можат да значат положување или не положување, повисока оценка и слично.
    Јасно е дека цел тест не може да се препише, но тие неколку прашања што можеш, имаат значење.
    Не сакам да ме сфатиш погрешно, не те обвинувам што си препишала, далеку од тоа. Напротив си искрена и призна, а многу кои препишале ќе се прават дека не направиле ништо такво. Едноставно си се снашла во ситуацијата.
     
    На Victorian, f.girl, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.158
    Допаѓања:
    5.375
    Пол:
    Женски
    Ако може да се изведе како што треба, и ако навистина се контролира колку е можно препишувањето, онлајн би било океј, барем по некои предмети по кои е возможно тоа.
     
    На Glowy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Во амфи театар тешко дека ќе можев, ама ќе имав повеќе време и можеби ќе имав и тогаш шанса. Во амфи театар се полага помалку прашања а ќе имав повеќе време. Сега имавме само 30 минути за решавање.
     
  19. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    Сум за.
    Што има врска ако е онлајн, во живо демек не прават секакви работи и не положуваат туку така, абе ајде, не живеете и студирате во Македонија изгледа вие. :D

    На усно ги пуштаат со 0 знаење само зашто некој роднина пуштил абер за нив, во амфитеатар зјапаат од тестовите пред нив, лево, десно од нив, препишуваат со телефони, имаат купени тестови и однапред ги знаат прашањата и мал милион работи...
    Одамна е отиден образовниот систем у неповрат, за сега да се правиме светци дека онлајн не било реално, дипломата немало да има иста важност, ау бау.

    Тој што има врски исто му е дали онлајн или у живо ќе е, па ќе го пуштат.
    Па на штета на обичните смртници ќе е. Тој што сака да си учи, ќе си научи без разлика како ќе се полага.
    И тоа е тоа.
    Гласав за уште кога се направи темата. Во светот е сосема нормално и релевантно онлајн полагањево. Тоа што кај нас ваквите онлајн работи сега се открија и уште им се чудиме е друга работа.
    Ништо нема да расипе онлајн полагањето. Одамна е расипан нашиот систем.
     
    Последна измена: 5 април 2020
    На Elena69221, ToksycznaReakcja, Angie1432 и 10 други им се допаѓа ова.
  20. allaround

    allaround Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    1.572
    Пол:
    Женски
    А има ли некоја информација дали ќе се полага онлајн и на кои факултети? Конкретно некој за филолошки да знае ?