1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Онлајн полагање испити и колоквиуми 2020 - За или против?

Дискусија во 'Коронавирус' започната од ElenaOfRivendell, 1 април 2020.

?

Дали сте ЗА или ПРОТИВ онлајн полагање испити и колоквиуми?

  1. За

    57 глас(а)
    41,9%
  2. Против

    79 глас(а)
    58,1%
  1. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    13.199
    Пол:
    Женски
    До сега имавме два онлајн колоквиуми. Првиот не го ни рачунам затоа што не беше скоро па никако поврзан со материјалот што го учиме затоа што професорката не знаела како да го изведе тестот онлајн. Прашањата беа со одговори од типот АБЦД.
    Вториот колоквиум беше поделен на дел со АБЦД, и дел со есејски прашања. Немаше место за препишување со листови или со телефони затоа шо мораше да ја покажеме собата на камера, ама затоа во нов таб на гугл сите си ги бараа одговорите. Бевме цело време со вклучени камери и микрофони, па директ во уше се слушаа звуци како секој колега куца на тастатурата. Концентрација 0. Препишување на сите страни, освен секако, ние глупите шо учиме.
    Според мене онлајн методите на полагање се хаос и нема простор за добри резултати за оние што се трудат.
     
    На candy.cane, cresa-jagoda, swizzlec и 4 други им се допаѓа ова.
  2. MitMax

    MitMax Активен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2020
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    158
    Пол:
    Машки
    Не дека некој нешто којзнае колку ке научи од онлајн предавањава.Ама ај колку да ја поминеме учебната година.
     
    На candy.cane, Regina.Phalange и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  3. swizzlec

    swizzlec Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2016
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Најдобро решение
     

    Прикачени фајлови:

    На Regina.Phalange, Iva9612, Glowy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Дечки да прашам нешто.
    Утре треба да полагаме колоквиум писмено на една платформа.
    Дали досега тие што полагавте писмено ви беше уклучена камера? Дали смее професорот да ме снима без претходно да ме извести за тоа и без јас да дадам согласност? Зашто ништо не ни кажа околу ова. Што ако мора да снима а некој има статичен компјутер без камера?
     
  5. Kuzmic

    Kuzmic Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2018
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Почнавте со полагање ??На кој факултет си ??
     
    На irenchetTo му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Јас сум скоро пред дипломирање на УКИМ, а не живеам во Македонија. Така што онлајн полагање и тоа како ми оди во прилог. (fingers)
    Секако не ме интересира дали колегите ќе препишуваат или не, секој си учи за себе (колку и да е клише ова).
     
    На Aesc2000 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Професорот те гледа на камера, а ти се снимаат дејствијата на екранот што ги правиш.
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Star_x

    Star_x Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2015
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Јас сум студент на УГД и мене ми остана за полагање само дипломска,има ли некој во слична ситуација, може ли тоа некако онлајн да се реализира?
     
  9. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.080
    Допаѓања:
    3.582
    Пол:
    Женски
    Имав полагано усно еден колоквиум. Али да бидам искрена, немав убаво научено па ја отворив скриптата на пола монитор и читав.
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  10. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    За УГД конкретно не можам да ти дадам одговор, меѓутоа познавам луѓе што дипломираа онлајн на УКИМ. Исто и јас треба да магистрирам сесијава и ќе биде онлајн. Е сега, секој универзитет си има своја политика, значи најдобро е да зборуваш со менторот за дипломската (ако имаш избрано ментор) или да контактираш некој од стручната служба.
     
    На Star_x му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.156
    Допаѓања:
    5.375
    Пол:
    Женски
    Што мислите, ќе почнуваме пак на факултет во Мај? Има ли некакво известување? Можеби е оф топик, ама не најдов посоодветна тема.
     
  12. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.169
    Допаѓања:
    32.556
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не. Прво треба да се укине полицискиов час, вонредната состојба, па после следиме ние.
     
    На cresa-jagoda и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  13. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    Според мене не. Мислам дека школите, факсови тоа последно ќе се отвори.
    Јуни директ на испитна ќе идеме и се ќе биде на дистанца преку столчиња многу и секако со маски и ракавици.
    Сепак само мое мислење.
     
    На Regina.Phalange, cresa-jagoda и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  14. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    5.177
    Пол:
    Женски
    Никој не може да предвиди, ама би требало јуни крајот, дај боже да е така да не се изгуби многу, бидејќи мене ова онлине полагање ми е безвезе...ако ништо друго до септември да се надеваме дека ќе биде во краен случај, ама пак никој ништо со сигурност не може да каже, се може во една секунда да се смени:)
     
    На cresa-jagoda и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  15. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.889
    Допаѓања:
    6.557
    Пол:
    Женски
    Тешко, самиот распоред од деканат барем кај нас е до јуни ако не се лажам со онлајн предавања. Крај на мај можеби, ама пак со голема претпазливост.
     
    На cresa-jagoda и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  16. Regina.Phalange

    Regina.Phalange Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2020
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    1.430
    Пол:
    Женски
    Мислам дека барем уште мај ќе е построго, а се надевам јунска сесија да се одржи да исчистам неколку испити, да сум до август по чил.
    Ризично е отварање школи, премногу луѓе и во училни и по автобуси, подобро вака, за од септември да е по нормала. А и помина веќе семестарот, уште некои 2 недели предавање доаѓа кај мене на факс и иде 2 колоквиумска.
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  17. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски
    Имаше прес денес министерот, ама искрено ништо не ми е јасно во врска со сесијата и како ќе се одржи. Изгледа онлајн ќе бидат испитите или погрешно сум разбрала????
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MagicalFairy

    MagicalFairy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2018
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    866
    Пол:
    Женски
    Јас сум на Угд 4та година последен семестар и прв колоквиум полагавме онлине, а средината на мај ќе полагаме втор колоквиум исто онлине на камера, министерот колку што слушнав рече дека и испити и дипломски можат да се полагаат онлине, на угд веќе има сесија дополнителна и се полага онлине.
     
    На НаталиЛили му/ѝ се допаѓа ова.
  19. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    На тие факултети кај што нема онлајн полагања, не ми се верува да спроведат онлајн испити :?:
    Аман нека има јунска сесија, сакам што побрзо да си ги положам испитите и да не му ја мислам.
     
    На martiiinna, Glowy, НаталиЛили и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    Кажа министерот дека на тие факсови и студиски програми кај шо нема простор за онлајн полагање (т.е има усно и практично ко ние на општа под микроскоп и на лешеви пример) нема онлајн да се спроведуваат...
    И онака на речиси сите факсови на УКИМ не се полага онлајн...
     
    На Glowy, ElenaOfRivendell, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.