Онлајн полагање испити и колоквиуми 2020 - За или против?

Дискусија во 'Коронавирус' започната од ElenaOfRivendell, 1 април 2020.

?

Дали сте ЗА или ПРОТИВ онлајн полагање испити и колоквиуми?

  1. За

    52 глас(а)
    40,9%
  2. Против

    75 глас(а)
    59,1%
  1. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.414
    Допаѓања:
    1.634
    Пол:
    Женски
    Мислам дека тие што следат предавања онлајн периодов, треба да добијат шанса и да полагаат онлајн (нормално, кој не сака, не мора, не е задолжително високото образование, нема да се случи крај ако не се полага семестаров). Е сега, на УКИМ конкретно има факултети што организираат онлајн предавања, главно од општествените науки (логично, заради фактот дека нема лабораториски вежби за нив). Затоа и може да има онлајн испити, само универзитетите се независни од државата, сами ќе си одлучат за испитната сесија. Штета би било да ја пропуштиме...
     
    На Marija_Magdalena, Glowy и НаталиЛили им се допаѓа ова.
  2. Dream-Girl

    Dream-Girl Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    10.478
    Допаѓања:
    116.531
    Пол:
    Женски
    Не верувам да не полагаме.
    Крај на јуни ќе се одржи сесија мислам. Нас бар така не известија. :)
     
    На BlackMistery, Glowy, ElenaOfRivendell и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Purplelilac

    Purplelilac Популарен член

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    25.417
    Пол:
    Женски
    Колку што знам на Правен нешто испробуваа да одржат полагања онлајн, ама не знам дали и колку беше успешно.
    Кај нас си кажаа дека ќе се полага на факс кога ќе има услови за истото (најверојатно јуни), а мислам дека и на повеќето факултети ќе е така. А би требало да има повеќе испитни сесии, зошто да се полагаат првин колоквиуми ќе се нема време мислам, па директно ќе се оди на испит е некоја моја претпоставка.
     
    На НаталиЛили и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  4. Pixi5

    Pixi5 Активен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2020
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Јас сум на правен, кај нас се спроведе анкета дали се за или против онлајн испити, студентите изгласаа против, така да нема да има онлајн, освен некои професори кои понудија како олеснителна околност да се полага така колоквиум/дел од испит.
     
    На Glowy, cresa-jagoda и Purplelilac им се допаѓа ова.
  5. Purplelilac

    Purplelilac Популарен член

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    25.417
    Пол:
    Женски
    И усните испити не ви ги спроведоа?
    Зашто една моја познаничка ми имаше споменато дека им кажале термини, ама не ја прашав после што направија.
    Во секој случај мислам дека не е баш добра опција онлајн, зашто може и да се исклучи нешто и само потресување дополнително за џабе.
     
    На cresa-jagoda и Pixi5 им се допаѓа ова.
  6. Aesc2000

    Aesc2000 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2017
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    99
    Штом ја укинаа матурата веројатно не постојат услови за одржување и за испитите. Не знам зошто од министерство едноставно не им испратат некој официјален допис дека веројатно нема да може да се поалага физички На факултет и да почнат со онлајн полагања. Па на кого му одговара онлајн полагањето ќе полага, на они кои не им одговара да ја чекаат првата сесија што ќе може да се спроведе на факултет.
     
    На НаталиЛили и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  7. Pixi5

    Pixi5 Активен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2020
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Ништо не спроведоа..Ама и мене повеќе ми одговара да е во живо, што знам некако, ова е неиспробано и не верувам дека ќе биде добро ако се решат за онлајн. Еве искрено за некои предмети професорите ги вклучуваат на онлајн предавањата асистентите да им менуваат слајдови бидејќи они не знаеле како. Со ова не ми е поентата да навредам некого, ниту професорите ниту студентите се подучени за користење вакви платформи и поради тоа сметам дека е неизводливо и ќе создаде само непотребно дополнителен стрес и нервози, и за нас студентите и за самите професори. Еве лично мене веќе месец дена како ми е слаб интернетот и ми снемува по неколку саати...
     
    На Принцезичка1, christinnn, Glowy и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Angie1432

    Angie1432 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    4.112
    Пол:
    Женски
    Сигурно е ова за кај нас? Зашто јас прочитав само неофицијално
     
  9. Glowy

    Glowy Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    848
    Пол:
    Женски
    На УКиМ на некој факултет се одржа некое онлајн полагање или не? Веќе не сум во тек, за ФИНКИ се зборуваше, но дали се спроведе?
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Angie1432

    Angie1432 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    4.112
    Пол:
    Женски
    Другарка што е на правен полагаше еден предмет сега неделава, прва година е.
     
    На cresa-jagoda, ElenaOfRivendell и Glowy им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    13.721
    Допаѓања:
    135.948
    Секако има измами.
    Сенкир нема препишување, и нема професори кои за некои практикуваат едни параметри за оценување, за други-други.
     
    На RainbowButterfly, Star_dust и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  12. Glowy

    Glowy Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    848
    Пол:
    Женски
    Да беше напоменето дека не е официјално за сесиите, но најверојатно би било да имаме јунско-јулска сесија.
     
    На ElenaOfRivendell и Angie1432 им се допаѓа ова.
  13. Angie1432

    Angie1432 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    4.112
    Пол:
    Женски
    Ама претпоставувам се би одело директно на испит?
     
  14. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    637
    Допаѓања:
    1.682
    Пол:
    Женски
    Кај нас најавија дека колоквиуми ќе полагаме во јунска најверојатно, па испитите август, ама не е ништо официјално.
     
    На Pixi5, Glowy, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Star_dust

    Star_dust Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2019
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    1.810
    Пол:
    Женски
    Финки имаа колоквиумска недела. Сè полагаа online.
     
    На Stache, Angie1432, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Glowy

    Glowy Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    848
    Пол:
    Женски
    Зависи од тоа што е материјал за колоквиум и за испит. За предметите што е ист материјал за двете, ќе бараат да одат без колоквиуми, барем така беше напишано.
    Не мора да е така, туку прво колоквиуми, па испитот во различни рокови од иста сесија.
    Ќе видиме како ќе е, да не гатаме :D
     
    Последна измена: 1 мај 2020
    На Pixi5, Angie1432 и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  17. Dream-Girl

    Dream-Girl Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    10.478
    Допаѓања:
    116.531
    Пол:
    Женски
    Па неофицијално ама според мене ќе се одржат сигурно полагањата само покасно во јуни и цел јули...
     
    На Glossy-girl, Pixi5, Angie1432 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Iva9612

    Iva9612 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2019
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    460
    Пол:
    Женски
    а добро апсолвентите нели треба да дипломираат кога ќе може знае некој? Јуни ќе се отворат факултетите ? Јас нигде ништо не слушнав ,а не сакам да чекам до др година за дипломирање
     
  19. Pixi5

    Pixi5 Активен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2020
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Мислиш за бранење на дипломска?
     
  20. Iva9612

    Iva9612 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2019
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    460
    Пол:
    Женски
    да