1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Онлајн полагање испити и колоквиуми 2020 - За или против?

Дискусија во 'Коронавирус' започната од ElenaOfRivendell, 1 април 2020.

?

Дали сте ЗА или ПРОТИВ онлајн полагање испити и колоквиуми?

  1. За

    57 глас(а)
    41,9%
  2. Против

    79 глас(а)
    58,1%
  1. swizzlec

    swizzlec Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2016
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
  2. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Е тоа мислам дека зависи од секој факултет поединечно. Следете ги известувањата на веб страните на факултетите или ако имате студентски парламент или слично студентско претставничко тело на факултетот, тие ќе ве информираат за сесиите. Лично мислам дека јуни ќе си има редовна сесија (не знам дали онлајн или ќе се бара физичко присуство, големи се амфитеатрите, барем на факултет може да се обезбеди растојание меѓу студентите кое не може да се обезбеди на пример во училница во школо). А за казнени/дополнителни сесии надвор од редовната, искрено мислам дека нема време веќе семестаров, можеби крај на август/почеток на септември. Ама пак ќе нагласам - ова е само МОЕ мислење, мора да ги следите официјалните известувања од факултетите.
     
    На swizzlec, Glowy, prominent и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.249
    Допаѓања:
    12.149
    Пол:
    Машки
    Против online полагање, бидејќи сум сигурен дека УКИМ ја нема ниту потребната инфраструктура, ниту пак професорите се доволно обучени и спретни да се справат со вакво решение!

    НО! Постои едно големо “но”, како и на кој начин би се извеле полагањата? Еве на медицински беше предложено да се скратат процедурите и да се полага само усно.

    Друг проблем е во однос на сместувањето на студентите, најголем дел се вратија дома, некои целосно го напуштија смештајот во Скопје бидејќи не им се исплаќаше да плаќаат за месеци во кои не престојуваат, оние пак кои биле сместени во студентските домови не се сигурни дали ќе имаат можност за скоро време да се вратат, бидејќи домовите беа искористени за државен карантин, а и да можат да се вратат за брзо, дискутабилно е тоа колку би било паметно толку луѓе да се соберат на едно место, по 3-4 во една соба...

    Треба уште многу да се размислува и одлучува пред да почне целиот процес на полагање, а времето изминува... предлогот на ФСС-УКИМ е испитната да стартува од 1 јуни но, дали е тоа изводливо?
     
    На Rock\m/girl, злоба, Glowy и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    31.200
    Пол:
    Женски
    Против! Сигурна сум дека не би го организирале како што треба и ќе има многу препишување. Не ни е потребен дополнителен неквалитетен кадар кој во иднина ќе ги зафаќа работните места на оние кои чесно и посветено ќе ги завршат студиите. Секој по нешто изгубил поради ситуацијата, нека почекаат и студентите некој месец па нека полагаат како до сега.
     
    На nevermet18, prominent и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  5. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.684
    Допаѓања:
    5.448
    Пол:
    Женски
    @Fallen.Angel @Star_x дали знаете кога ќе биде редовна јунска сесија?
    Не ми отвара апдејт на соопштенија, не можам да најдам никакво инфо за јунска сесија, заверка на летен...
     
  6. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Ништо не знам, дури ни втор колоквиум по ниеден предмет немаме полагано.
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  7. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Е фала богу се донесе одлука да има јунска сесија, да не го одолговлекуваме семестаров. Мада според мене, касно се одлучи зашто ретко кој испит се спрема за две недели (барем ако сакате вистински да го научите и разберете предметот, не да набубате за една 6ка и после да не памтите ништо). Ама ајде знаеме дека на нашите факултети ништо не оди на време, па тоа е тоа. Ви посакувам среќа на сите што полагате сесијава и сега останува да видиме кој факултет како ќе одлучи во однос на начинот на спроведување - онлајн или со физичко присуство.
     
    На cresa-jagoda, Glowy, ElenaOfRivendell и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.684
    Допаѓања:
    5.448
    Пол:
    Женски
    Каде е официјалното инфо?
     
  9. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.156
    Допаѓања:
    5.375
    Пол:
    Женски
     

    Прикачени фајлови:

    На Rubiii и CharmedGirl им се допаѓа ова.
  10. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    На официјалната фб страница на Универзитетското собрание на УКИМ (не мислам дека можам тука да копирам фб линк). А имаше и изјава на ректорот на УКИМ на вести на Сител ама во објавата на собранието е подетално напишано од кога до кога ќе траат сесиите во јуни и август (ќе бидат продолжени).
     
    На Glowy, Rubiii и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  11. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.684
    Допаѓања:
    5.448
    Пол:
    Женски
    Ова е само за УКИМ?
    Конкретно за УГД ми треба инфо за сесии, а немаат ништо објавено.
     
  12. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Па да, ова е конкретно за УКИМ. Како што имав пишано претходно погоре - универзитетите се автономни и секој си тера сопствени одлуки, значи треба да ги следите соопштенијата од вашите факултети конкретно, не се носат одлуки на ниво на држава како за школите.
     
    На ElenaOfRivendell и Rubiii им се допаѓа ова.
  13. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    13.199
    Пол:
    Женски
    Колоквиумска почнува од оваа недела и ќе трае до 1ви јуни, а за испитна уште немаат кажано, ама најверојатно од 10/15 јуни ќе почне.
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Perelex

    Perelex Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2019
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    Кај нас на ФМН кажаа од 8ми до 26ти јуни прва декада, од 29ти јуни до 17ти јули втора декада. Се уште не се знае дали ќе биде преку Теамс или со физичко присуство. Веќе има и дати закажано за некои предмети .
     
  15. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски
  16. v_1

    v_1 Нов член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Јас дефинитивно сум ЗА онлајн полагање. Во вакви случаеви кога цел свет може онлајн да полага, може и УКИМ да се потруди. Не е апсолутно ништо тешко, имаа време скоро 3 месеци да се договорат и да најдат решение, секој за својот факултет соодветно.
    Јас сум студент на ФИНКИ. Ние досега имавме онлајн колоквиумска , и иако секогаш ги критикувам и дури мразам како функционира ФИНКИ, за чудо задоволна од тоа како нашите професори побараа наше мислење, и успешно колку што можеа го спроведоа колоквиумот.
    Втората колоквиумска ја полагаме пак онлајн, а се надевам и испитната.
    Прашањата за теориските предмети се Multiple choice, со негативни бодови ако згрешиш, и задолжително објаснување за секое прашање зошто тоа си го заокружил кое несмее да биде од книга или па од презентација. Има решение за секој предмет, потребна е само желбата на професорите.
    Секако не е се совршено, и може да се препишува, но препишувањето демек го нема на факултет?
    Секогаш го имало и ќе го има. Не менува ништо ако еден семестар од можни 8 се помине онлајн. А што ако од септември има втор бран? Пак УКИМ ќе бидат инвалиди и нема да можат да организираат онлајн? Треба да се оди напред... А во ваков случај каде што ризикот треба да го сведеме на минимум, онлајн полагањето е соодветен механизам.
     
    На allaround, cresa-jagoda и злоба им се допаѓа ова.
  17. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.080
    Допаѓања:
    3.582
    Пол:
    Женски
    Проблемот е што да ќе има луѓе што немаат техничка опрема, но има и многу што се технички неспособни. Зборам за тие што не седнале и непрочепкале компјутер воопшто.
     
    На Glowy, ElenaOfRivendell и v_1 им се допаѓа ова.
  18. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Без навреда, ама таквите искрено не ми се за академски граѓани.
     
    На christinnn, allaround, Marina*F и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Oд една страна и јас би онлајн ама може сред полагање да ти снема интернет како што ми се случи некни на предавање. И може за минута ќе решиш проблемот, ама системот да те отрфли автоматски ако и за кратко се исклучиш. И ќе си го паднеш испитот ни крив ни дужен. Ете пиша една членка ( не знам дали на темава беше) дека така и се случило.
    Кај нас на повеќето предмети и досега и сега имаме есејски прашања, зашто патишта на сигнална трансдукција или кариокинеза не можеш да ги доловиш со прашања на заокружување, мора да разкажуваш до детали. Што од една страна е подобро зашто ако автоматски се проверуваат, може заради една случајно утната буква да ти смета за грешно, вака професорот ќе прегледува.
     
    На Glowy, ElenaOfRivendell и v_1 им се допаѓа ова.
  20. v_1

    v_1 Нов член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Да разбирам, ама ова се исклучоци за кои може да се најде пак решение. На ваквите случаеви може да им се даде друг термин да полагаат, или дополнителна сесија кога би имало физичко полагање. А мислам Министерството им помогна на тие социјални случаеви кои немаат техничка опрема.
    А за другите кои имаат дома PC, нема сила на светот што ќе ме убеди дека нема да се снајдат онлајн да полагаат.:D
     
    На ElenaOfRivendell и cresa-jagoda им се допаѓа ова.