1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Онлајн полагање испити и колоквиуми 2020 - За или против?

Дискусија во 'Коронавирус' започната од ElenaOfRivendell, 1 април 2020.

?

Дали сте ЗА или ПРОТИВ онлајн полагање испити и колоквиуми?

  1. За

    57 глас(а)
    41,9%
  2. Против

    79 глас(а)
    58,1%
  1. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.371
    Допаѓања:
    20.957
    Пол:
    Женски
    А може и на тие што цел живот чепкале компјутери да им се случи да им снема интернет дури полагаат. Затоа не сум баш за онлајн полагање, иако условите за физичко полагање се такви какви што се, гледаме дека како и да е поголемиот дел на испитите ќе се одржат со физичко присуство.
     
    На ohlalalala, nevermet18, злоба и 3 други им се допаѓа ова.
  2. v_1

    v_1 Нов член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Ама како што може да ти снема интернет, може и автобусот да ти избега, да не ти биде тој ден добро итн...Секогаш ќе се најде нешто.
     
  3. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.371
    Допаѓања:
    20.957
    Пол:
    Женски
    Извини ама не знам за некој толку неодговорен при закажан термин за испит да пропушта автобус..
    Едно е да не ти е добро - значи зависи од тебе дали можеш или не можеш да одиш да полагаш, ипак здравјето пред се.
    Интернет и здравје немаат врска едно со друго..
     
    На ohlalalala, Pixi5, CharmedGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  4. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.087
    Допаѓања:
    26.908
    Јас кога и да полагам си пуштам хотсопот оти домашниот нет се ми паѓа. И среќа што правам така пошто кога и да полагам гледам на рутерот се паѓа.
    Ако немав интернет за пуштање не знам што би правила :)
     
    На nevermet18, злоба, Glowy и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Perelex

    Perelex Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2019
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    Има секакви луѓе. На пример еден колега има пропуштено испити минимум два пати бидејќи се успал типот.
     
    На v_1 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. v_1

    v_1 Нов член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Не е во прашање неодговорност или одговорност. Колку пати сум чекала на Партизанска автобус и не ми дошол. Никогаш незнаеш што може да се случи тој ден. Буквално исто ти е дали ќе снемаш интернет ( што е мала шансата), исто да си болен ( мала шанса), исто да пропуштиш автобус ( мала шанса).
    На крајот од денот, битно е здравјето, па ако си толкав баксуз да ти снема интернет да си жива и здрава ќе полагаш наредна сесија.
    А даа @GirlRose истото и јас го правам :D
     
    На Leviosa2503 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.371
    Допаѓања:
    20.957
    Пол:
    Женски
    Тогаш му пуштам среќа да не се успие оваа сесија :)
     
    На CharmedGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.156
    Допаѓања:
    5.375
    Пол:
    Женски
    Јас сум против онлајн полагање, со оглед на тоа што немаат сите исти услови. Како што напишав претходно, колешка имам што живее во планинско место, не интернет, струја им снемува мн. често. Дечко и пак, живее во главен град во една од соседните земји, и полагал онлајн, му паднал нетот, и нареден ден му стигнало мејл дека “препишувал и ќе бил казнет”. Не може да докаже дека не препишувал, не се ни професорите криви тука..
     
    На ohlalalala, Pixi5, nevermet18 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.371
    Допаѓања:
    20.957
    Пол:
    Женски
    И јас исто толку пати сум чекала на Партизанска па сум стигнувала на време. Сеа да не се лажеме има начин како да стигнеш на факултет на време. Освен ете како колегата погоре што си се успивал. Ама ако искочиш од дома во нормално време ако гледаш дека до одредено време не доаѓа автобус секако постои друга алтернатива.
    Значи ако си болен не се појавуваш воопшто на испит, ако ти снема интернет, минутка е во прашање некогаш пак да се конектираш па нема да ти дозволат и го паѓаш испитот. А да не зборам за двосмислени одговори и прашања кои некогаш и автоматски се прегледуваат. Имаат пишувано членки на кои им снемало конекција на интернет, нема 200 пати да се повторувам :).
     
    На Pixi5, Glowy и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  10. v_1

    v_1 Нов член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Ама реални да бидеме најмалиот проблем буквално е интернетот во онлајн полагањето. И мене на факултет ми се закочил компјутерот и сум снемала интернет, па ме преместувале ми се скратило времето? И што да правиме? Исто ти е дали дома или на факултет, секогаш ќе има некој оштетен. И секогаш се гледа мнозинството, а не исклучоците. А ако толку многу снемаат интернет баш во тие 2 часа, тогаш ќе се побуните сите и сигурна сум професорите ќе најдат решение и за тој проблем.

    А како студент на ФИНКИ, дали дома дали на факултет секако автоматски ми се прегледуваат 70% од испитите, и сум оштетена 3 години до сега, ама тоа е .
     
  11. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.371
    Допаѓања:
    20.957
    Пол:
    Женски
    Па јас како што знам само ФИНКИ и ФЕИТ полагаат на компјутери на факултет. Другите факултети не можат да се соочат со ваков проблем. А бидејќи вашите полагања и онака се сведуваат на компјутери така и ќе продолжите со полагање како што си и пишала, а на другите факултети се прави напор тоа да биде со физичко присуство под одредени услови, иако секако секогаш постои шанса некој да закаже онлајн. Али дека е подобра опција оналјн, не е.
     
    На ohlalalala, Glowy, GirlRose и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.156
    Допаѓања:
    5.375
    Пол:
    Женски
    Не мислам дека е исто паѓање нет и пропуштање автобус . Јас за на испит тргам секогаш порано, бидејќи не сакам да ризикувам, па ако не дојде автобусот, да си имам време да стигнам или пеш или да викнам такси, или пак да го почекам следниот автобус ако евентуално има време секако. А дали ќе ми падне нетот, не можам да контролирам.
     
    На Pixi5, злоба, Glowy и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    На факултет ако си можеш да кажеш вака и вака има проблем со компјутерот. И асистентот/професорот ќе провери и ќе те премести. А дома? Кој ќе гледа дали стварно и каков проблем си имал?
    Па некни на професорот му се расипал лаптопот сред предавање и стопати се извини и предавањето го одржавме следниот ден. И ок, ништо страшно. Ама на испит ќе можеш ли да му речеш ај друг ден да полагам?
    Да, се гледа за мнозинството, ама факт е дека тоа може на секој да му се случи и секој го бира начинот кој му е посигурен.
     
    На ohlalalala, Pixi5, Regina.Phalange и 4 други им се допаѓа ова.
  14. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.156
    Допаѓања:
    5.375
    Пол:
    Женски
    И да се надоврзам, не можеш да докажеш дека си имал технички проблем, и не си препишувал. Бидејќи реално, секој може да каже ми снема нет, и да си читне/препише нешто. И професорите не се криви, и ја да сум на нивно место не ќе знам на што да верувам. Чест на тие што не се такви, ама има студенти кои би го злоупотребиле тоа, односно би “им снемало нет” за да препишат. Едноставно професорот не може да знае дали студентот го направил ова второво, или навистина имал технички проблем, ниту студентот може да докаже што се случило навистина.
     
    На ohlalalala, Pixi5, nevermet18 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.087
    Допаѓања:
    26.908
    Мене ми е лицемерно.
    Ете пример, сите професори очекуваат да имаме компјутер/интернет. И треба ние да се молиме да не ни падне или струја да однема.
    И лесна и душа на тие што живеат повеќе луѓе во едно собче. Значи треба сите да ги испудам за да полагам оти професорот ќе мисле препишуваме.
    АМА, кога тој не знае да вклучи презентација или се исклуче по грешка треба НИЕ да имаме разбирање.
    А, мене ако ми падне сред полагање одма индицира на препис.
    Многу е не фер и е доста лицемерно.
    Јас ако сум млада не значи дека сум експерт во компјутери побогу.
    А, нетот па како за инает се ми паѓа.
     
    На ohlalalala, Pixi5, nevermet18 и 5 други им се допаѓа ова.
  16. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.080
    Допаѓања:
    3.582
    Пол:
    Женски
    Луѓе јас сум свесна дека некои ќе имаат проблеми со интернет, да немаат услови за технологија, да се социјално згорезни и ред други работи, овие ги набројувам како најглавни.
    Али има fine line меѓу тие проблеми и ти како млад човек на 21 век да не прочепкаш компјутер иако ги имаш сите услови. Јас лично имам колеги кои се добро опремени и се жалеа дека имаат проблеми со најпрости работи. И јас сред предавање им објаснував како да го направат. Имаше случај каде што се жалеа дека teams не им работеше, а јас со нив зборев и не ми кажува што беше точно проблемот. И професорот дојде до заклучок дека лажат. Ова според мене, ги прави тие што стварно ги имаат тие проблеми да лажат. Не трева секој да е експерт за компјутери за да знае како да се научи нешто да се прави.
    Ова ми е една нервоза што ја држам во мене од самиот старт на епидемијава. Луѓето од оваков тип не се свесни колку им наштетуваат на останатите!
     
    На cresa-jagoda и Glowy им се допаѓа ова.
  17. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Извини на прашањево, ама на кој интернет провајдер си? Најсериозно ме интересира зашто јас сум на Т-home и не сум имала проблеми до сега ама да си знам ако има онлајн сесија, да се префрлам и јас на хотпот.

    Инаку, кажав и во другата тема за образование - и едната и другата опција си имаат свои маани и што и да одлучат факултетите, се надевам дека ќе создадат услови за полагање. А во случај на онлајн полагање, да имаат разбирање за вакви ситуации, а студенти кои немаат техничка опрема или немаат дома соодветна просторија, да им се овозможи да полагаат на факултет.
     
    На Glowy и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  18. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.087
    Допаѓања:
    26.908
    Не сум на T-home.
    На Телекабел сум.
     
    На ohlalalala, cresa-jagoda и CharmedGirl им се допаѓа ова.
  19. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.727
    Допаѓања:
    33.981
    Пол:
    Женски
    До септември ќе се среди ли сеќе функционира ли се нормално?
    Прашувам бидејќи сакав од септ. Даго продолжам факсот кој што сега ми е во мирување . Како ќе можам тоа да го спроведам? Дали ќе работат студ.прашања или се ќе се одвива онлајн?
    Прашувам за ФЛФ-Скопје?
     
  20. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.087
    Допаѓања:
    26.908
    Чим ќе запишуват нови студенти сигурно ќе може и да си продолжеш.
    Ваљда ќе се вратиме до септември на факултет. Нема дома да седиме цела година. Се надевам дека ќе се вратиме :)
     
    На TutiFuti, Glowy, CharmedGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.