Price:US $11.99 Approximately EUR 8.85 Buy It Now Add to cart 169 watchers Add to watch list Experienced Seller eBay Buyer Protection Limited quantity remaining Shipping: $11.99 (approx. EUR 8.85) Economy Int'l Shipping | See details International items may be subject to customs processing and additional charges. Item location: Hong Kong, Hong Kong Ова е тоа болдираното
Ти благодарам. Ја најдов истата, цените се тука некаде... http://www.aliexpress.com/item/New-Vint ... 41940.html
Jovanovska a preku koja smetka ke plakas? Ja imam na tutunska ke mozam li sto taa visa electron da platam na ebay?
Сеуште немам извадено картичка, сега планирав тоа да ве прашам, инаку на ebay има доста интересни работи ама не можам да се снајдам баш најдобро, па најверојатно ќе порачам на aliexpress... Инаку планирав во стопанска да извадам, ама уште се мислам... Некои сугестии во која банка да извадам?
^^Исто е мислам, нема некоја разлика само што таа на стопанска ти е само за интернет порачки, а од тутунска можеш да ја користиш и за други потреби. Тука ај да ве замолам тие што порачуват преку ebay од Македонија да појаснат како направиле paypal
Јас се мислев да ја нарачувам оваа јакна од sammydress.com ама гледам велите се плаќа само со пејпал, така ако некој ја има загледано на алиескпрес, нека ми пиши ЛП. Фала. Еве ја јакната,
http://www.aliexpress.com/item/2013-New ... 27139.html http://www.aliexpress.com/item/Free-Shi ... 78583.html http://www.aliexpress.com/item/Hot-Wome ... 21585.html
Ме интаресира дали некој порачал нешто од онлајн страна и колку платил за достава? Дали е многу скапа доставата ? И од која страна ? благодарам однапред
^^ Цела тема е во врска со ова, прочитај и ќе се информираш. Секој има споделено некакво искуство. Исто и во оваа тема http://forum.femina.mk/moda-i-stil/asos-i-vo-makedonija-t9353/790.html?hilit=асос#p1807252
Баш сега пред некое време видов на другиве теми во врска со онлајн купувањето дека имало нов закон со кој се зема ДДВ за пратки над 22 евра..а јас гледав да не надминам 45 евра и ете што излезе сега чекам пратка од 24 евра па си викам колку ќе ми земат ДДВ А и уште нешто дали кога ги земате пратките плаќате дополнително за поштарина,бидејќи јас за едно сатче од 5 евра платив 22 ден.
И мене за една пратка ми донесоа картонче дома, па морав од пошта да ја земам. И јас платив 22 денари, за некои си марки, појма немам која им е функцијата, а и таа на шалтер од кај што ме пуштија да ги земам ја прашав зошто се, ми вика: Појма немам, ете колешките во последно многу почнаа да ги бараат. Инаку, јас да пофалам, сигурни селери. http://www.aliexpress.com/store/516399 - за накит. Веќе спомната е низ темата. Многу брзо стигаат нарачките, и многу сум задоволна. Нема одредено минимална сума за нарачка, што мене многу ме радува. http://www.aliexpress.com/store/302239 - од тука си порачав фустанче, ама ете, не знам што се случува, сега веќе немаат ниеден производ. А инаку задоволна сум, порачав еден број поголем отколку што носам (така и советуваат Кинезите), и ми се погоди. И на изглед супер беше, баш како на сликата.
Женски, многу време чекав едно фустанче за ќерка ми па бидејќи многу каснеше- му пишав на селерот да ми ги врати парите и ми ги врати пред 1 недела. И кога оп денес ми стигна фустанчето,а парите ми се вратени веќе. И сега што да правам ќе може ли да ги поврати парите назад , греота е да не му пишам ништо
А од која страна порачуваше, од ebay, aliexpress или ..? Како и да е јас мислам дека најдобро е да му испратиш порака на селерот и да го прашаш. Mожеш на пример во случај да не може да си ги врати, да ја направиш повторно истата порачка од кај него и да му кажеш да не ти да не ти ја испраќа, па да ја потврдиш како стигната.
Од ebay порачав па да може и така ,секако ќе му пишам, сега работата е што производот го земав преку аукција , можеби тој единствен му бил ама не е битно ср надевам ќе најдеме решение
Здраво, женски нова сум и токму поради оваа тема се зачленив, зависник сум од онлајн шопинг од ибај веќе порачав некои работи, со некои немаше проблем стигнаа за 20 работни дена како и што пишуваше, но маска за телефон порачав не стигна веќе ете 2 месеци, не беше скапа долар и нешто, но ми беше многу кеф, го контактирав продавачот, ми кажа дека можеби е изгубена некаде во пратката и дека често се случувало помалите пратки да се изгубат. Е сеега не е битно тоа, сакав да ве прашам дали имате вакво искуство, поготово со накитот бидејки на 27ми септември порачав ланче и обетки па дека помали ми е да не се изгубат и тие .. Ве поздравувам и ве бакнувам.. ДОБРО ВЕ НАЈДОВ..
Јас имам порачувано од ибеј накит па до сега се ми стигнало немора да значи ако е помала пратката дека ке се изгуби
ај некој нека казе парфеми дали царинат и колку пари ке кошта царината за еден парфем да речиме од 1000 ден
ова го најдов на официјалната страница на Царинска управа, за кои производи не се плаќа царина и според ова мислам дека на парфемите се плаќа ...... „Начелно, при пристигнување на поштенските пратки на царинското подрачје на Република Македонија, согласно одредбите на Уредбата за спроведување на Царинскиот закон под надзор на царински службеник се врши издвојување на пратките кои се пуштаат во слободен промет без обврска за поднесување на царинска декларација и тоа: - поштенски картички и писма кои содржат само лични пораки, - писма пишувани со Браилово писмо, - печатен материјал кој не подлежи на плаќање на увозни давачки и - сите други пратки од некомерцијална природа кои се испраќаат со писмо или со поштенски пакет од незначителна вредност, со вкупна вредност до 45 ЕУР во денарска противвредност, под услов да не постои обврска за плаќање на увозни давачки, а кои содржат ситни подароци, рекламен материјал, ситни мостри и слично, освен пратките кои содржат алкохол и пијалоци што содржат алкохол, парфеми и тоалетни води, тутун и производи од тутун.“ а доколку плаќате царина ете што пишува за нејзино пресметување .. -Поштенско царинска декларација: ако вредноста на стоката во пратката е помала од 800 ЕУР во денарска противвредност и се применува единствена царинска стапка од 15 % и стапка на ДДВ од 18% или 5% во завосност од видот на стоката. Неа ја пополнува царинскиот службеник, а давачките се плаќаат при приемот на пратката