1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Опасност од зависност од лекови за смирување - Benzo withdrawal syndrome

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од ЕленаНивес, 14 август 2017.

  1. ЕленаНивес

    ЕленаНивес Нов член

    Се зачлени на:
    14 август 2017
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите.

    Анксиозноста и паничните напади се многу честа појава. Анксиозноста и паничните напади најчесто се лечат со медикаменти како што се Антидепресиви во комбинација со анксиолитици односно бензодиазепини(диазепам, хелекс, лоразепам, лексилиум, апаурин, демитрин, и тн.)

    По одреден период организмот станува толерантен на бензодиазепините тежнее кон зголемување на дозата.После подолго време на користење на истите се јавува толерантност на лекот, однодно неговото дејство е спротивно од она кое на почетокот го дава.
    Бензодиазепините создаваат зависност веќе после два месеци редовно земање, но таа зависност се толерира мислејќи дека личноста која ги употребува не би можела нормално да функционира. Без сомнеж, бензодиазепините ја намалуваат анксиозноста, паничните напади, даваат некој моментален мир и најчесто се продолжува со нивната употреба.

    Овие лекови делуваат на тој начин што ги смируваат ГАБА рецепторите во мозокот и нивната трансмисија.Овие рецептори по одредено време се навикнуваат на бензо-ефектот. Во овој случај при секој нов стрес, мозок бара поголема доза на бензодиазепин. После одредено време се случува парадокс, односно се појавуваат оние или слични симптоми поради кои всушност сме почнале да ги употребуваме овие лекови. За жал кога после одредено време на употреба некој се реши да престане да ги конзумира ке се соочи со вистински хорор наречен Benzo withdrawal syndrome
    https://en.wikipedia.org/wiki/Benzodiazepine_withdrawal_syndrome
    Темава ја отварам со надеж дека секој кој ке биде навремено информиран, никогаш нема да го доживее хоророт наречен,,bezno withdrawal syndrome"
    За темава можете да се информирате повеќе на интернет, исто така да побарате вистински стории на YOUTUBE и да се информирате колку млади луѓе патат од овој синдром.

    Секоја приказна на почетокот е иста или слична, за жал најчесто никој не посегнал по апчиња за смирување на своја рака, секогаш се препишани од психијатар.
    Поголема трагедија е што прв пат за ова јавно се говори после 2000 година.
    Во Англија постои специјализирана болница за одвикнување од бензодиазепини со која раководи професорката Heather Ashton која воедно објаснува дека одвикнување од хероин и апстиненцијалната криза кај оние кои употребуваат хероин не е ни одблизу споредлива со апстиненцијалната криза која ја доживуваат лицата кои станале зависни од бензодиазепини.
    За жал во Македонија досега никој отворено не зборел на темава, а сигурна сум дека има многу зависници од бензодиазепини-НАЈГОЛЕМОТО ЗЛО кое за жал е легално!

    Сите вие кои користите било какво апче за смирување ве молам да се информирате.

    Со почит
     
  2. Дали некој ја посетува темава?Сакам да стане активна, оти и јас утврдив дека зависноста од бензоси е најголемото зло на светов!
    Пеколот е создаден со помош на бензоси!
     
    Последна измена од модератор: 24 јуни 2021
  3. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.607
    Пол:
    Женски
    Јас сум зависна.
     
  4. Колку време и по колку земаш?
    Јас веќе 11 год ама само по еден за спиење, но штетата е веќе направена.
    Пополека го намалувам.
    Прво почнав со една четвртинка, сега се спремам за уште една да скратам.
     
  5. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.607
    Пол:
    Женски
    Јас три години. Почнав со Мапразакс односно Хелекс. Прво едно, па едно ипол. Некогаш две. Во октомври имав баш стресна случка па испив пет. Во ноември мајка ми качи притисок 200 ја носевме во ургентен испив осум (од 0,5), и после тоа ја средував по дома миев садови иако зашаметена ама пак функционирав. И одтогаш почнав да ја зголемувам дозата. Пиев и диазепам и димитрин кога ќе снемав и кога докторката не сакаше да ми препише. Еднаш испив 15, цела лента и отидов на 40 дена на блиска личност, тоа беше сега во април. Во аптека еве три пати како успевам да ги намолам да ми дадат од 1мг, тие од 1 мг хелекс се рај за мене. Баш се јаки, пијам по 6 некогаш повеќе. Еве неколку ноќи немам ниедна таблета за смирување и се мачам со спиењето, како да не спијам. Едвај чекам да дојде први пак да си препишам. До толку стигнав...
     
  6. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    4.877
    Допаѓања:
    25.468
    Те молам посети стручно лице. Има решение за се.
     
    На theowndemon, cresa-jagoda и Избришан профил 146538 им се допаѓа ова.
  7. А никако душо, мораш да побараш помош и да почнеш да ги намалуваш, не сакам да те плашам, ама можеш да завршиш лошо.
    Дали прво имаш волја да ги оставиш и да си се вратиш на старата ти?
    Има многу добра група за поддршка, намалување на дозата и успешни приказни кои многу мотивираат, да ги читаш те молам тие успешните и види во табелите за намалување.
    Пиши ми колку сега пиеш точно и како се чувствуваш кога немаш?
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Benzobuddies se vika forumot.
    Prekrasen e.
     
    На SnowWhite8 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.607
    Пол:
    Женски
    Како можам да завршам лошо?
     
  10. Не сакам да те плашам, ама кризите од апстиненција се многу тешки. Потешки и од хероинските и траат со месеци. Нема да бидеш способна за ништо.
    Затоа најсериозно те молам, оди на странава што ти ја пишав и читај за tappering прво, и после успешните приказни за да се мотивираш.
    Или посети професионално лице кое се бави со овој проблем.
    Обично психијатрите овде немаат успешни табели за кинење и ќе те скинат премногу брзо што ќе те шокира или ќе ти препишат друг седатив за замена од кој ќе се навлечиш пак.
    По колку земаш сега и дали си свесна колку се опасни?
    Си читала ли некогаш?
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  11. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    4.877
    Допаѓања:
    25.468
    Со најдобра намера ти пишувам навистина. Млада си доста, цел живот е пред тебе и не вреди да се клукаш со такви лекови уште сега и со толку големи дози. Прво на ЦНС удира, а потоа и на црн дроб и се по ред. Навистина има решение, побарај психолог или стручно лице. Колку порано се обратиш толку подобро.
     
    На theowndemon и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  12. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.607
    Пол:
    Женски
    Централен нервен систем? Затоа јас не можам да учам како порано. За црн дроб знам имам покачени ензими. Ај дообјасни ми како удрира прво на ЦНС, па на црн дроб?
     
  13. ani23

    ani23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    431
    Допаѓања:
    430
    Пол:
    Женски
    Дали знаетедобар психијатар што се занимава со оваа проблематика,знам само за МАРЦЕТИК АЛЕКСАНДАР,некој со искуство да бил кај него?
     
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    9.441
    Допаѓања:
    114.077
    Ко бонбони ги пијат, на своја рака, ретко да чека некој од психијатар. Малку се тие што оделе на психијатар па станале зависни од дизјазепами. ДО пред некое време сите лапаа без рецепт. Види ги мајките превентивно даваат дијазепами на децата.
    Тетка ми беше со 17 мг на ден. Отиде на психијатар, со правилно насочување, за 6 месеци беше на 0, без никаква криза.
     
  15. Јас сум само на еден мг ама го земам веќе 10 год и многу тешко ми паѓа. Веројатно и сугестивна сум доста и си правам филмови.
    Сега сум на половинка.
    Се надевам ќе издржам и дојдам до нула. Велат дека се преродуваш кога ќе ги прекинеш, се враќало и природното спиење..
    Дај боже да ми се врати и мене.
    Молете се за мене . Многу ми е тешко.
    Ме тиштат несониците и присилните мисли.
    Луди, бизарни мисли поврзани со семејството оти премногу ги сакам и ми создаваат немир ваквите мисли.
     
    На SnowWhite8 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.607
    Пол:
    Женски
    Јас еве антидепресивот на една четвртинка го пијам а беше од 20 мг (највеке за да намалам килажа) ама луѓе вчера купив од 1 мг хелекс и испит 15 и сум спиела мирно со отворен прозор не знам колку часа, плус памук си ставив во ушите да спијам мирно.
    А еве одкако намалив антидептесив полека ми се отвараат очите каде сум и која сум и тоа не ми се допаѓа, ме враќа на старата јас. А јас сум пречуствитетлна. И сега наместо да имам подржка од другарки една ми се налути за безвезе работа, па се покајала па ке ме додала ама ја прва не ја додавам зш не сум крива едноставно. На братучедка и и правев друштво да не седи сама со машки двајца, од што едниот беше разведен со детенце. А и тој со детски ум иако е постар со мене проба да ме бакне кога ме испрати ја му го кажавв истото дека само некои пријатели може да бидеме и ништо повеќе. Не ме интересира не сум јас за такви тралала врски што на крај ке си добијам клоца. Ми треба човек што ќе е до мене. А другарка ми што ми е сестра се луди зш сум излегла, па не сум била сама бре, со братучедка и и дечко и. И сама и пратив разговор како му објаснувам на разведениот дека сме немале ист живот и нема што да пробуваме. Па нека размисли и таа дека греши. Еве братучедка и зборела со неа и ми кажа дека ќе ме аднела да збориме, јас сакам во живо, ќе и кажам се што мислам и се што зборев со братучедка и. И ако уште еднаш така ми направи ја бришам ја од животот. Студира медицина 4та година а вака се понаша со човек кој е пречуствителен и е во депресија и се мачи да ја победи. Немам коментар. Па уште ми намалуваат ми викаат ее какви работи има ти за тоа си во депресија, луѓе мене секоја година ми умираат од блиската фамилија. Стрина ми пред мене ќе испуштеше душа, од тогаш косата ми опадна на кругови што едвај ја оправив. Сваќам братучедка и нема мајка и затоа ја сум заштитнички настроена кон неа и помагам скоро во се. А сепак на крај ја сум сама и сама треба да се борам со ова се што ме има снајдено и со овие проклети ХЕЛЕКСИ.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Те молам не земај толку!!!!
    Опасно е!!!
    Како може да ти помогнеме???
    Не си сама, значи тука сме еден зс друг.
    Срања се дешаваат, но животот е преубав и понатаму.
    Како да ти помогнеме?
     
  18. Колку време ги земаше тетка ти?
    Јас сум 10 год на 1 мг Лоразепам.
    Имав инсомнија на еден ден од која се исплашив и брзо брзо на психијатар, ми препиша Лоразепам и си продолжив да си ги земам на своја рака веќе 10 год. Никогаш не ја зголемив дозата, но си го упропастив природниот сон. Додатно, и ете дури доза како мојата толку ирационална ме направи што цела декада ми помина како во сон.
    Многумина не се свесни дека бензосите прават салата од твојот мозок. Последниве месеци ми развија фобии што никогаш не сум ги имала. Анксиозност што никогаш сум ја немала. Бензосите се пекол на земјата. Ако го преживеам овој период ќе го посветам животот на ова зло.
    Имам поддршка од многу луѓе, сопруг и семејство кој ме сакаат бескрајно, но, засега ништо не ми се фаќа на душа оти бензосите прават да ги сакаш само нив.
    Посакајте ми среќа ве молам.
    Сега сум на половинка 0.5, многу лошо спијам едвај 2,3 саати, но подобро да не се спие добро некој период него одма да бараме замена. И со овие 2,3 саати многу поодморена сум, него 8,9 саати на бензос и цел ден како во кома.
    Треба многу време за организмот да се исцели од ова зло, но чудото отпосле е неспоредливо..
    Ајде да ѝ помогнеме на #Snow White , да види дека не е сама и дека чуда се случуваат ако ги посака!
     
    На cresa-jagoda, Dust, Гладиоли и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Ани, и ти го имаш истиот проблем?
     
  20. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    9.441
    Допаѓања:
    114.077
    Не знам точно, ама сигурно повеќе од 10 години.
    Сепак, она е веќе 70 години. Но, еве ја со години ич не пие, освен лековите за депресија од психијатар, што не се ни приближно штетни како дијазепамите и 17ка на ден. Ги пиеше само заради несоница, ама после ја навлекоа, непрепишани беа.
    Сепак, кога отиде на психијатар, полека ги намалија, со комбинација со други лекови и сега вооптшо не пие дијазепами.
    За млад човек да пие толку не сум чула никогаш и не знам какво е лечењето кај нив.
     
    На fana и cresa-jagoda им се допаѓа ова.