Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Опасност од зависност од лекови за смирување - Benzo withdrawal syndrome

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од ЕленаНивес, 14 август 2017.

  1. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Добро ама објаснете ми што е толку опасно? Долго време ги земам, освен тешко учење, и заборавање, покачени етрени ензими немам друго ништо.
     
  2. Не сакам да те заплашувам. Откако ќе ги оставиш ќе видиш.
    Колку денови можеш да апстинираш?
     
  3. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    10.521
    Пол:
    Женски
    Seizures, не знам македонски збор. Огромни се шансите да ги имаш во случај да ги прекинеш наеднаш. Затоа пази се.

    Негативните ефекти ке ги осетиш после прекинување.

    На редит може да прочиташ повеќе од луѓе кои минуваат низ ова
    r/benzorecovery
     
  4. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Една недела максимум две апстинирав, ама немав напади, само проблеми со спиење, се будев лесно. се штрекнував во сон.
     
  5. Па тоа сакам да и кажам ама не верува. Само со еден бензос од најслабите не можам да дојдам при себе.. Кај мене проблемот е што цела деценија го земам за спиење и сега и сугестија доста ме мава.. Да ми даваа плацебо сигурно ќе спиев, ама вака свесна сум дека го кратам и си велам нема да спијам и не спијам.
    Многу е битна автосугестијата при кинење и позитивна мисла.
    Кај мене тешко оди тоа.
    Ама длабоко во себе верувам дека ќе успеам.
    Докторите ми велат дека вреди да се издржи, после доаѓа препород
     
    На theowndemon и cooll им се допаѓа ова.
  6. А по колку пиеш на ден?
     
  7. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    10.521
    Пол:
    Женски
    Дали си пробала мелатонин за спиење?

    Сигурна сум дека ке успееш. Но сепак месеци се во прашање додека целосно се ослободиш.
     
    На Избришан профил 146538 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Мила, кај мене повеќе е автосугестија. Од мала имам проблем со несакани мисли и страв од неспиење.
    Ако сум опуштена би спиела супер и ако не мислам на тоа. А сега мислам, опседната сум и ова е резултатот. Ама ќе помине.
    Имам огромна поддршка, тешко е напати. Поготово кога ти требаат природно 8 саати сон а сега едвај 2,3 спијам, ме маваат сугестии, лоши мисли, ама мора да се издржи.
    Докторот ми рече нема да умреш од неспиење а ќе си направиш полошо ако се исплашиш и почнеш да земаш замени..
    Ни мелатонин не ми препорача оти на тој начин ќе му ја нарушиш природната функција на мозокот да создава природно.
    Евентуално камилица, нешо природно и да се остави мозокот да си се регенерира природно и да си се врати природната потреба за сон.
    Има еден многу добар форум benzobuddies, со фантастични прикаски од хронични зависници кои не спиеле со месеци, години, со страшни кризи, али биле упорни и сега се подобри и поспокојни него што биле пред да почнат со овие демони од таблети. Па им се вратил природниот сон со тек на време.. Едноставно се пресреќни.
    Има светлина на крајот од тунелот.
    Snow white оди на форумов и прочитај што се бензоси и читај ги поттикнувачките стории од луѓето таму.
     
    На cooll му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Не е за ензимите, тоа најмалку битно! Брзо се регенерира џигер. Прават штета на централниот нервен систем и ги уништуваат природните ГАБА РЕЦЕПТОРИ кои се задолжени за да блокираат стрес, анксиозност, несакани мисли и истите тие рецептори се најбитни за добар сон, чувство на задоволство и сл. Со еден збор ако продолжиш да ги земаш мозокот ќе ти стане буден само за непријатни емоции, не ќе можеш да спиеш, ќе паѓаш во депресии и анксиозност и тоа. Пеколот постои само во мозокот на луѓето а истиот го прават овие демонски пилули кои убиле многу луѓе или ги направиле несреќни засекогаш.
    Тоа што ти починале многу луѓе не е шала, но ако го лечиш тоа со бензоси на добар пат си да паѓаш во депресија за секоја ситница во иднина и да не можеш да доживееш среќа и добар сон никогаш.
    Те молам свати го крајно сериозно ова.
    Значи од 1 мг што го земав од најслабите, имам штета од која ми се крева коса и мислам дека ќе умрам од неспиење. Препасивна сум. Не можам да укапирам ништо лесно. Ме оглупавеа а не бев свесна. Не чувствувам задоволство во ништо, се чувствувам незаштитено и дека во секој момент ќе умрам а имам огромно семејство и ненормално многи љубов од сите. Пријатели, сопруг, голема фамилија сите живи здрави. Да имав здрав мозок ќе бев најсреќната личност на светот, а вака не чувствувам ништо, заглавена сум во својот свет од несакани бизарни мисли, очај и безволие.
    Те молам свати го сериозно твојот проблем.
    Не си свесна со што си правиш!
    Слушај паталец што си се посра на својот преубав живот а немаше причина!
    Сѐ почна од една непроспиена ноќ од која почнав да земам оти се уплашив од несоницата. А сега ми е 1000 пати потешко!!!
     
    На neno0o, SnowWhite8, Tanjamm и 2 други им се допаѓа ова.
  10. ani23

    ani23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    845
    Пол:
    Женски
    Еве како докторов објаснува за оставање на лекови..
    За несоница многу делува маточина чај 2 кесички пред спиење,и магнезиум директ, бедоксин, или B 6, дневно спиење и лежење никако ,и активност преку ден.Треба дневна рутина за да се навикне организмот ,мислам ова е најважно.Се е точно што кажа interrupted GIRL,док се свртиш стануваш зависен,и не можеш да функционираш.
     
    На cresa-jagoda и Избришан профил 146538 им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Лековите за смирување се со акутно дејство
    А ако пречесто си растревожен, значи дека има некаква underlying condition и хелексот само привремено ќе те смири.

    Решението е да посетиш психијатар, да те дијагностицира точно и да ти препише правилна терапија.
    Кога таа адекватна терапија ќе почне да делува, растревоженоста се намалува, а со тоа и потребата од често конзумирање седативи.

    Како во случајот што го кажа @Cka ...
     
    На theowndemon, Избришан профил 146538 и fana им се допаѓа ова.
  12. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.205
    Допаѓања:
    111.865
    Пол:
    Женски
    @SnowWhite8 јас искрено и се чудам како пишуваш на форумов :|
    цела лента хелекс? за да заспиеш? ЛЕНТА!:o
    тебе може ти е убаво и ќе си се наспиеш, ама едно ќе ти кажам: Тоа што го правиш НЕ Е нормално.
    На психијатар под итно !
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Имам близок кој го помина тоа.
    Среќа траеше само 2-3 месеци.

    Откако го дијагностицираја и му препишаа терапија (антидепресиви во случајов), самата потреба од количината на апчиња за смирување му се намали.
     
    На cresa-jagoda и fana им се допаѓа ова.
  14. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.587
    Допаѓања:
    38.897
    Пол:
    Женски
    Па исто како што секоја друга зависност е лоша.И самата викаш дека веќе имаш потешкотии, што друго сакаш да имаш за да знаеш дека е опасно?Барај помош од психијатар за одвикнување.
     
    На cresa-jagoda и Избришан профил 146538 им се допаѓа ова.
  15. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    16.241
    Пол:
    Женски
    Совет до тие што ги користат бензодијазепините само поради несоница. Зависноста од лековите е тешка т.е да прекинеш со истите и тоа треба да се одвива постепено и подолг период, не нагло. Тие смируваат да, безбедни се за користење но делуваат на когницијата пред се, затоа јас кога учам не се осмелувам да се напијам ни еден бензодијазепин, и со еден се чувствувам поспано, омалаксано следната ден а не пак вие што земате толку долг период. Во периодите кога имав несоница знев повремено да земам бензо. најмала доза, но тоа е краткорочно решение. За мене фунционира секојдневна интензивна физичка активност, тоа е лекот за мене. Со физичката активост кај мене ги снема сите симптоми на анксиозност. Чај од маточина често се пијам пред спиење. Дали сте пробале со два бедоскина б6, наеднаш да се напиете?Доста помага, а и нема штета.
     
    На cresa-jagoda и Избришан профил 146538 им се допаѓа ова.
  16. Не знам како да и' помогнам.
    Ме плаши самата помисла од тоа што си прави оваа девојка.
    Не се убедува дека треба да си помогне.
    Фана, ме читаше ваљда погоре, 10 год земам бензос од најслабите, еден пред спиење. Никогаш не ја зголемив дозата, дури и психијатарот ми рече дека таква слаба доза ако не се зголемувала била сигурна, демек не правела последици. И многу ми помагаше со анксиозноста. Но, еве после 10 год дури и со таква слаба доза како мојата, јас имам последици.
    Од пред некој месец после трауматичен настан ми тригерира толеранција и повеќе не можев да спијам како спиев минатата декада. Ми разви уште поголема анксиозност. Сватив дека бензосот си го направил своето.
    И настанот не беше толку трауматичен колку самата си го претставив. Бензосите ги уништуваат ГАБА рецепторите кои се задолжени за блокирање на стресот и даваат чувство на рационалност, спремност да се носиме со ситуациите, а бензосите ќе направат да се чувствуваш како мало беспомошно дете кое ќе почне да вреска а кога ќе земеш си пак исто ирационална, можеш да кажеш ме заболе и да избегаш од проблемот. Но следното утро проблемот ќе е пак тука, и така во круг.
    Друго, понастрана од секој вид на таблети ако стварно немате сериозен проблем. Психијатарите знаат да препишуваат само таблети, таблети таблети до бескрај, тоа им е работа. Не за сите луѓе треба таблети.
    Да отидев кај психолог пред да почнам со бензосите сега ќе имав сосема поинаква прокаска.
    Психијатар ми ги препиша и уште ми велеше земај ги и доживотно ако ти помага оти дозата е крајно ниска и сигурна. А сега не знам каде ми е главата од "сигурната доза".
    Поминувам низ психолошки пекол и само се молам да излезам од ова.
    Би го посветила животот за будење на свесност од ова зло!
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.587
    Допаѓања:
    38.897
    Пол:
    Женски
    Зависи за кого, мене еве на пример хелекс да се напијам не осеќам дека ми делува во смисла на поспаност и летаргија, за б6 да не правиме муабет, никако не ми делува, како вода да сум испила.
    Ама ако некој толку долго зема без прекин значи има проблем шо треба да го реши а не да го маскира со лекови.Бидејќи апче за смирување е само краткотрајно одложување.Искрено и не ми е јасно кој доктор туку така препишува без никаков надзор или пак кои се тие фармацевти што им даваат без рецепта...претпоставувам дека повеќето така им даваат зашто многу луѓе си земаат неконтролирано.
     
    На theowndemon и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  18. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.741
    Допаѓања:
    3.557
    Пол:
    Женски
    Секој лек е добар ако се употребува кога треба и во разумни количини. Јас секогаш избегнувам секаков вид на лекови, освен кога се мора нели. Кога имам проблем и не можам да спијам, пробувам со исхрана, чаеви и во ни еден момент немам земано лек за спиење. Секој е различен и има различни проблеми но сум сигурна дека најдобриот лек за вакви работи е психијатар и психолог. Тој најдобро ќе ве упати па и ако инсистира на лекови, укажете дека сакате да пробате да го решите проблемот на поприроден начин барем на почеток, ако е возможно. Особено за млади луѓе. Иначе навистина е проблем, како и секоја зависност толку и оваа е опасна. Тетка ми ги конзумираше, и често ми кажуваше како губи концентрација, работеше во фабрика па често не била способна да ги извршува обврските таму, се чувстувала истоштено. Ова според мене се само рани знаци на зависност а во позадина којзнае што све се случува во организмот.

    ЕДИТ: Пред некој ден имаше прилог на ТВ не знам колку рецепти за вакви лекови биле издадени минатата година, значи сепак свесно се даваат од страна на докторите. Статистиките покажуваат дека секој трет зема лекови за смирување.
     
    На Избришан профил 146538 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. За жал немаме центр
    Мене ми ги препиша психијатар пред 10 год за несоница и толку ми е криво што не издржав и брзо брзо отидов на психијатар. Ми ги даваше цели 10 год оти дозата била сигурна и слаба а ете мене ми помагаше многу.
    А за каква глупост отидов господе боже не можам да си простам.
    Една вечер не спиев воопшто и се уплашив дека нема да спијам пак и правец психијатар, и ете се погоди да налетам кај таков кој направи жртва од мене.
    Молете се за мене да ја издржам оваа битка.
    Сакам да си го спасам бракот и да живеам свесно, продуктивно и стабилно.
    Многу сакам да победам! Да спијам природно како кога бев дете, да немам опсесивни бизарни мисли нон стоп, да се опуштам, да бидам расположена..
    Да сонувам повторно..
    Дозата ја намалувам многу споро.
    Земав 1 мг цела декада. Од пролетта скинав четвртинка, сега сум на половинка.. О. 5, Докторот ми рече дека треба да оди многу споро за да немам големи кризи..
    Се вработив и работата бара многу физичка активност, има моменти кога мислам дека умирам, но кога завршува смената ми се влева надеж дека ќе успеам.
    Ако го издржам летово, есента планирам да одам кај сопругот во Грција во рехаб центар покрај природа за да ја дооставам и последнава половинка.
    Ќе ми треба одмор тој период, да не се стресувам и да бидам опуштена.. Е замислете 1мг што ми направи.
     
    На душленце, SnowWhite8, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Апсолутно, јас го имам истото.
    Не можам ни јазикот да го учам каде сум мажена од слаба концентрација и безволност.
    Ова е страшно. Да не праам муабет какви опсесивни бизарни мисли имам нон стоп, за кои сум свесна дека се мои но, не можам да ги контролирам. Мозокот ми стана хиперактивен за глупости а отупен за реалноста.
    Ве молам ширете свест за ова зло.
    Ве молам.
    И помолете се за мене да оздравам. Да доживеам многу посреќен и постабилен живот.
    Многу сакам. Многу!
     
    На душленце, Ivanita_89, SnowWhite8 и 1 друга личност им се допаѓа ова.