1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Опасност од зависност од лекови за смирување - Benzo withdrawal syndrome

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од ЕленаНивес, 14 август 2017.

  1. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.741
    Допаѓања:
    3.557
    Пол:
    Женски
    За да успееш ти треба силна волја а ти и тоа како ја имаш. Ја имаш нашата поддршка и тој што сака и се труди секогаш ќе успее:l::muscle:
     
    На cresa-jagoda и Избришан профил 146538 им се допаѓа ова.
  2. Маја, ви благодарам на поддршка!
    Ми значи!❤️
     
    На x-MajaEsposito-x му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Da da, najsvesno prepisuvaat sedativi doktori kako da se vitamini.
    Veke kazav jas sum zrtva na istite.
    Ve molam ne zemajte nitu eden sedativ ma kolku bilo tesko, oti posle ke e samo mnogu potesko.
    Benzosite se poopasna droga i od opijatite.
    Ima mnogu podelotvorni prirodni cuda za smiruvanje.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.453
    Допаѓања:
    165.547
    Пол:
    Женски
    Извини шо ќе се замешам. За да не кршиш на 1/4 оди кај специјалист да ти намали доза. 1мг е најголемата доза, не најмалата. Најмалата е 0.25, имаш и 0.5. Евентуално ќе стигниш да ги кршиш 0.25ките и така. :) Само оди на лекар за да ти дај рецепта и "амин" нели за помали мг за официјално помали да ги земаш. Пример 1/4 од 1мг не можиш нахнадно да кршиш ама 0.25ка цело апче можиш. :)
     
    На cresa-jagoda и fana им се допаѓа ова.
  5. Јас земам Лоразепам од 1мг, не Хелекс.
    Лоразепам има од 2.5 и 1 мг.
    Сега сум на 0.5, една половинка.
     
    На cresa-jagoda и theowndemon им се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.453
    Допаѓања:
    165.547
    Пол:
    Женски
    Аха океј. Во тој случај јас се префрлив со случајот на Сноу Квин шо искрено ме загрижи ко го прочитав. :| И времето на земање таблетки и... Количината.

    Инаку од 1/4 се врати пак на 1/2? Како и да е, сигурно е тешко. И вервам дека ќе издржиш зошто стварно се трудиш и се гледа то. Ќе беше добро да можи да се дели на помали дози за да ти е полесно ама тое.

    Пример можиш со партнер да се договориш тој да ти ги крати апчињата ама ти да не знајш кога. Голташ со мижење, не знајш дали е 1/2 или 1/4, или витамин ц. :D Ова зошто мислам дека ти спомна дека ти е плацебо. Пробај вака за да видиш дали е. Прво нормално ќе ти дава дозата шо пиеш, кога мисли ќе оди пола од то. И така. Ти нема да знајш и ќе го немаш тој свесен момент на не спиење ради свесно намалвање на доза, туку ќе биди онака како шо телото природно би реагирало на промената.
     
    На cresa-jagoda и fana им се допаѓа ова.
  7. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.647
    Допаѓања:
    29.307
    Пол:
    Женски
    Под итно да си отидеш на психијатар и да почнеш да ги намалуваш хелексот. Видов дека си испила 15 апчиња тоа е преопасно и можеш да се предозираш. Ти зборам како психолог и како некој што остави хелекс. И би те советувала покрај апчињата на психотерапија да одиш, бензос и антидепресиви се само начин моментално да се смири состојбата.

    Мене ми беа препишани хелекс за редовно да ги пијам во мај 2019, не ги земав редовно зошто ми беше страв, ама ми беше влошена состојбата и во септември 2019 ми ја зголемија дозата на 3-5 апчиња хелекс од 0.25 во комбинација со антидепресивот. Фати пандемијата и не отидов на психијатар и ги земав цело време до март оваа година кога решив да ги прекинам. Бидејќи сум добро запознаена со ова знаев дека постепено треба да ги намалувам и беше подолг процес за да не ми дојде до шок и напади. Меѓутоа тие месец и нешто додека да ги прекинам скроз ми беа пекол, и бев како наркоман кога ќе се откажува од дрога. Во Америка и другите поразвиени држави има центри каде пациентите се надгледуваат за време на откажување на бензос затоа што е многу опасно.

    Еве од март навака ниту едно апче немам земено иако имав доста панични напади и потреба од апче ама знам дека морам да сум силна. Башка хелексот толку зашеметена ме правеше, она како brain fog, уште понерасположена ме правеше утредента и без воља и енергија уште толку. За спиењето ми беше тешко да се навикнам, и земам сега мелатонин кога ќе имам лоши периоди со проблеми со спиење.
    Фала богу што сум чиста од хелексот и се надевам дека никогаш нема веќе да дојдам до истата или полоша состојба.
     
    На SnowWhite8, cresa-jagoda, GirlRose и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Прекрасно звучи примеров со партнерот. За жал не сме заедно сега, тој е во Грција, јас дојдов кај моите летово оти пролетта од локдаунот таму доживеав тешка анксиозност. Здравје боже се надевам есенва ќе се вратам.
    Јас бев само на 1мг цели 10 год.
    Никогаш не ја зголемив. Прво скратив четвртинка, па уште една и сега сум на половинка или 0.5, па би одела на 0.25, ама многу полека до есенва додека се вратам кај сопругот па сигурно ќе му ја предложам оваа фантастична игра.
    Многу ти фала, ме расположи
     
    На cresa-jagoda, fana и theowndemon им се допаѓа ова.
  9. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.453
    Допаѓања:
    165.547
    Пол:
    Женски
    Уште ова. Се нека крши на 1/4 за да не сетиш разлика. Дали 2/4 се апчето или 1/4 апче друго некој витамин иста големина - нема врска. Тој да знај. Ти не. Па моментот ко ќе ти речи не мора поќе уствари да е извесен период витамини кај шо само си пиела, ич лек. Стварно се надевам дека ќе функционира.
     
    На cresa-jagoda, fana и Избришан профил 146538 им се допаѓа ова.
  10. Браво Шери, браво!
    Се радувам кога ќе чујам вакви вести!!!
    Се надевам ќе чуете и од мене во иднина дека сум ги оставила!
    Од дно на душа сакам!
    Да, има центри по многу земји, а за жал многу луѓе не знаат за последиците.
    Хероинот не остава толку психички последици колку бензосите.
    И драго ми е што ја отворивме темава и би била пресреќна ако спасиме многу луѓе тука.
    А кај нас верувам дека многумина земаат бензоси.. За жал земјите во развој се први на мета пд ова зло.
     
    На cresa-jagoda и sweet-cherry им се допаѓа ова.
  11. ❤️
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  12. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.087
    Допаѓања:
    26.917
    @SnowWhite8 https://www.drugs.com/sfx/diazepam-side-effects.html повели прочитај. Може не е се толку страшни овие несакани ефекти во споредба со самата зависност која се создава. Се чудам како си испила толку многу наеднаш и си функционирала сосем океј. Тоа е многу над нормалната доза (1 лента наеднаш). Како што реков поназад, најдобро те советувам, со добар лекар и воља може се да се надмине, само треба време и упорност. Ќе видеш дека не е секогаш решение за секоја трагедија хелекс или диазепам. Бидејќи освен моментално смирување те тера на повеќе што воопшто не е добро.
     
    На cresa-jagoda и Избришан профил 146538 им се допаѓа ова.
  13. Апсолутно!
    Тоа и го велам цело време!
    Али кога си веќе зависен тешко им веруваш на фактите и оние кои ти мислат добро.
    Истата бев и јас. Сите ми велеа што се будалиш за спиење што се плашиш и земаш седатив. Никој не умрел од неспиење. Има луѓе по два саати спијат цел живот и супер се. Сакам да кажам не треба да и' се дава значење на несоницата, само смирено и сѐ се враќа во нормала. Не можеме стално да спиеме, забога!
    Ама мене ми влезе во опсесија, па наместо да одберам нешто продуктивно јас одбрав седатив кој покасно ме закочи во сите сегменти. Еве ме, пред развод бев. Добро е што сопругот најде разбирање и сака да ми помогне и да опстоиме. Па си станав и доста инфантилна, реагирам ко мало дете при секоја промена, се стресувам за сѐ. Немам никакви проблеми, имам прекрасно семејство, сите живи здрави, на раце ме држат, но џабе. Цело време сум апатична и очајна без причина. А не бев ваква пред бензосот.
    Ја молам Snow White под итно да отиде на психијатар, да се свати сериозно себе и проблемот кој го има. Тука сме сите ние да и' помогнеме, ако сака јас би ја зела Грција на рехаб есенва. Ќе ја напраам како нова!
    Сопругот ќе се радува ако имаме гостин. Таман да не сум сама и ќе си помагаме една со друга. Ќе готвиме, ќе одиме на плажа, ќе се радуваме на секој нов ден..
    Крит е магичен!!!
     
    На душленце, SnowWhite8, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.586
    Допаѓања:
    38.897
    Пол:
    Женски
    Ти посакувам многу среќа.
    Штом имаш волја и си упорна ќе успееш :l:
     
    На cresa-jagoda, theowndemon и Избришан профил 146538 им се допаѓа ова.
  15. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.195
    Допаѓања:
    3.815
    Пол:
    Женски
    Дали и диазапам спаѓа во оваа категорија.
    Јас пред 3 години имав страшно искуство со диазапам, поради состојбата која се наоѓав во болница, бев бремена и беше многу ризично ме клукаа со дијазапам.
    Сабајле, поручек и вечер. Се почнуваше со мала доза, па средна и вечерта нај јаката.
    Кога се породив и кога требаше да излезам не пиев дома ( не знаев какво зло ми направија) , се чуствував ужасно,хорор.
    Кога отидов на лекар ме вратија и ми намалуваа постепено. Сега не зимам ништо освен антидепресив.
     
  16. Да, и Дијазепам спаѓа.
    Јас се чувствувам така сега.
    А како се дрзнале да ти даваат Дијазепам во бременост не ми е јасно!????
    За што се работеше??
    Знаеа дека си бремена?
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.896
    Допаѓања:
    132.655
    И на бебиња мајките превентивно даваат дијазепам, анално, оти на комшиката детето имало грчеви од температура.
    Без доктор да каже. Без семејна историја на грчеви. Без детето да појавии грчеви.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Господе боже, не се свесни што прават!!!!.
    Ме фаќа паника од самата помисла!
    Луѓе мора многу да се зборува на оваа тема.
    Многу!!!!
     
    На cresa-jagoda и Tanjamm им се допаѓа ова.
  19. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.772
    Допаѓања:
    324.679
    Пол:
    Женски
    Дозволен е во бременост ако има индикации кај трудницата.Висок притисок,болки.
     
    На mal.ecka и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  20. Ветувам дека ако оздравам ќе го посветам животот на ова зло создадено од човек.
    Ќе отворам рехаб центар некаде во природа и ќе се грижам за овие души кои побегнале од себе да го засакаат животот пак.
    Засега немам средства да направам нешто такво, но, ако не се разведиме со сопругот, ако останам здрава и при здрав разум, он има свој дел во фамилијарната куќа во едно село на Југот од Крит и не знам како, но деновиве ми се врти како некој сон кој би ме мотивирал да ја победам оваа битка, да отворам таму мало пансионче за почеток за жртви од бензоси.
    Со постепено намалување, психолошка поддршка, активности во природа..
    Само да оздравам, дај боже!
     
    На душленце, SnowWhite8, sweet-cherry и 1 друга личност им се допаѓа ова.