1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Опасност од зависност од лекови за смирување - Benzo withdrawal syndrome

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од ЕленаНивес, 14 август 2017.

  1. ani23

    ani23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    845
    Пол:
    Женски
    Се гледа дека си паталец,а не гаталец.Прво помош на себеси ,после сите врати ке ти се отворат.Така барем учат на психотерапија,мислам бихејвиор е конкретно за ова однесување.
     
    На cresa-jagoda и Избришан профил 146538 им се допаѓа ова.
  2. Мила, сонот мислам дека ќе ми помогне да имам надеж, оти често ја губам.
    Како не сум патела..
    Да не се повторувам, само жива и здрава да останам, оваа тема ќе биде моја животна мисија.
    Толку.
    Помолете се за мене.
    Атеист бев, али имам потреба да верувам во некоја интелигенција која би не препородила ако си дадеме шанса.
     
    На WildMk, SnowWhite8, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    @Interrupted Girl ти посакувам од се срце да успееш во битката и да ја оставиш и таа половинка. Знам како е, и јас тешко учам, не памтам убаво, дипломирав ама еве запишав курс зимава и тешко ми одеше, го отапува мозокот. Ама кога го испијам сум по смела и немам ансиозност. Иначе еве почнав од половинка антидепресив Депрозел да пијам четвртинка (од 20мг цело апче намалив четвртинка на 5мг) и ми се приметува, мајка ми ме приметува дома. вика се врати старата ти да се караш за ситници и да си раздразлива. Ми вика да не брзам да ги оставам, а јас само поради килажата ги намалив. Искрено луѓе многу ми беше подобро кога пиев по цело, ама ме направија прасе. А за хелекси уште немам храброст да ги намалам, како пијам организмот ми бара уште повеќе. Еве вчера славев испив 1 литар вино и несмеев да испијам хелекс па сум заспала, може и со алкохол да се заспие.
     
  4. Ахх бе мила, оти алкохол толку, не ти треба!
    Не ми кажа по колку пиеш на ден?Те молам оди на психијатар и побарај помош.
    По колку пиеш на ден хелекс?
    Ајде да ти помогнеме, дозволи.
    Животот е и преубав ако така го гледаш..
    Колку год пиеп хелекс и по колку на ден?
    После сѐ што прочита од мене, имаш волја да почнеш да ги намалуваш?
     
    На SnowWhite8 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  5. Sophitas

    Sophitas Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2020
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    1.259
    Извини вака,да те прашам зашто ги пиеш и си ги дозираш на своја рака?:^)
    Јас колку што знам,тој лек(и како и секој друг) го препишува докторот. Не знам зашто мора да експериментирате, на своја рака да правите така,а за се може да се обратите кај соодветно стручно лице...Стварно не ми е јасно зашто вака се измачувате...:|
     
    На Lady D ❤️ и Избришан профил 146538 им се допаѓа ова.
  6. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.195
    Допаѓања:
    3.815
    Пол:
    Женски
    Да да знаеа, мораше за да се одржи бременоста за да може да преживее и бебето.
    Многу спиев и без зашеметена и имав ужасно чуство како да тонам во бездна а никако да паднам.
    После тоа нагло прекинување беше хорор.
    Фала богу што помина, бебето 2 месеи беше во Скопје уште имав време да се средам.
     
    На Избришан профил 146538 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.328
    Глупаво прашање.
    На оние што се мачат со зависност, независност каква, најмногу што можеш да направиш за да им ги урнеш оние малку надежи што ги имаат е да им го поставиш прашањево. Оди со нервозава во казино и додека губи некој 1000 евра во 5 минути седни му и прашај го.
    "Зошто трошиш пари не ми е јасно, зошто играш, обрати се кај стручно лице, бог да чува не ми си јасен аман".
    И верувам ќе ти ги одговори сите прашања за зависноста.
     
    На maia., SnowWhite8, ani23 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Sophitas

    Sophitas Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2020
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    1.259
    A според тебе може цел живот треба вака да го помине на своја рака да си ги зема?
    И тука треба да и кажува некоја Славица од Благодарево,велика докторица,Жане по половинче сега пиј си ги подобро ќе ти биде...
    Ја мислам докторите да си ги скинат дипломите,ординациите и центрите за зависност и поддршка да се затворат...Овде на форумот ти повеќе знаеш од докторите:clap:;)
     
  9. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Не дај Боже да ти биде јасно.
     
  10. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Зависи кога како, докторката ми препишува од 0,5 по две кутивчиња, кога ќе ги испијам, по седум или осум на ден јас сама наоѓам од аптека од 1 мг најаките, сега претерав и тука почнав по 6. Само што ги купив пред неколку дена и кутивчето отиде. Сега немам ништо, имам да учам, се надевам ќе се сконцентрирам, нешто како приемен испит за еден курс од Семос, (ИТ). Се надевам ќе поминам иако се ми ствара анксиозност.
    Иначе пијам од декември 2018, тогаш пиев по едно на ден ама излегов од контрола. Сега се мачам да намалам со антидепресивите, пијам по една четвртинка, тешко ми е да, ме тера да се карам и ми се плаче понекогаш, се најдов и во таква ситуација да се скарам со најдобра другарка што ја сматрав за сестра, уште тоа ми фалеше кога ги откажувам лековите. А студира медицина, општ доктор, мислам сама треба да е свесна за некои работи запознаена е со мојата ситуација, лесно и е да каже остави лекови, ама да е во моја кожа знам дека нема да и е лесно. Морам прво со антидепресивите да намалам се мразам ваква здебелена.
     
  11. Mislese deka zavisnosta e iracionalna najcesto i mnogu tesko se lekuva, pogotovo zavisnost kako ovaa.
    Nema specijaliziran centar za zavisnici od benzosi ovde a e strasen problem istiot.
    Jas sum na polovinka po shema od doktor koj se bavi so ovoj seriozen problem, od stranstvo e doktorot.
    Snow White mora da odi na psihijatar pod najitno. Jas samo ja prasav kolku zema dnevno za da znam kade da ja upatuvam. Ako zema sekoj den po 15 mora da odi vo klinika na detox, veruvam i ovde bi ti dale nekakov tretman.
    Ajde da bideme porazbirlivi i da si dademe poddrska , ve molam.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Debelinata najmalku e bitna mila moja, ajde da najdeme resenie za benzosive da gi namalis. Toa e najbitno sega.
    Dali tvoite bi te poddrzale za pocetok da odis na psihijatar i iskreno da zboruvas so niv?
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.947
    Допаѓања:
    12.612
    Биди силна. Не дозволувај да паѓаш психички. Намали најбрзо што можеш. Читајќи ги постовите овде во темата, ми текна дека и мајка ми пиееше димитрин, за полесно да заспие. Ја прашав зошто, и како, ми кажа месец дена ги земала, и ги препишале за време на менопауза, затоа што беше раздразлива. Ти си млада, преземи мерки.
     
    На SnowWhite8 и Избришан профил 146538 им се допаѓа ова.
  14. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.328
    Каде во моето мислење јас кажав нешто за работата на докторите или со нешто те натерав да помислиш така? Ти кажувам да не зборуваш така на зависник, зошто тој свесен е за се, знае дека така е, нема прв пат од тебе да слушне и да се опамети, тоа е долг и болен процес и сите се свесни, нема потреба од туѓи зајадливи коментари од страна.
     
    На Tanjamm и Избришан профил 146538 им се допаѓа ова.
  15. Апсолутно, никој не одбира да биде зависен оти сака да биде тоа.
    И малтене сите зависници се свесни дека се зависни. А да бидеш зависен од хемиски супстанци, е тогаш не е лесно.
    Никој ништо не рече за доктори и центри, напротив таму е правото место за овие проблематики ниту некој ја насочи девојкава на некакво "кинење". Јас само ја прашав по колку зема за да знаеме каде да ја насочиме.
    Овде најбитна е поддршката и разбирањето со убав збор и надеж, а ефтин хумор со Жаниња и Славици беше сосема непотребен.
    Само да се лупнело нешо.
    Никој не се направи надри лекар, само пробуваме да ја натераме да оди да побара помош.
     
    На irrelevant, SnowWhite8 и lale22 им се допаѓа ова.
  16. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Презимам мерки, еве не пијам неколку дена воопшто, антидепресив по една четвртинка, ама не сум онаа што бев кога пиев по цело апче антидепресив односно 20мг сероксат и хелекс. Пак сум онаа старата, тажна, лута и раздразлива, се мразам ваква. Вчера истрчав 6 круга кај атлетската патека кај техничкото училиште (мое старо средно училиште) мислев ќе се изморам и ќе заспијам ама не можев пак да спијам.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Те молам не ги прекинувај наеднаш!!! Опасно е!
    ЗОШТО, ЗАБОГА, ОДЛОЖУВАШ ДА ОДИШ НА ПСИХИЈАТАР И ДА МУ КАЖЕШ ЗА ПРОБЛЕМОВ???
    Тој ќе ти даде шема и ќе ти ги намалува постепено, можда и со друга терапија заедно за да ги биде полесно.
    Зошто одбираш да се мачиш??
    Што ти е тешко да му ја кажеш вистината??? Не можеш сама да си помогнеш во овој случај и не ни треба. Значи јас за едно смрдливо Лорамче од 1 мг еве 3 месеци не можам да се опоравам и акам по триста психијатри секој ден за совети за терапија да ми олеснат.
    Те молам оди на психијатар и биди искрена и пола проблем е решен.
    Те молам и премногу те сакам и те разбирам, и сакам да успееме двеве да го победиме ова зло.
    Ако одиш на психијатар и бидеш доследна на тоа што ќе ти каже, те носам есенва на Крит и овде ќе славиме нов роденден на форумов.
    И двете ќе помагаме на жртви како нас во иднина.
    Ќе отвориме невладина!!!
    Ајде утре на матичен за упат кај психијатар, вети ми?
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  18. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Ајде еден поискусен паталец може ќе ве смири малку. :)

    Дијагнозата ја знаеме стандард - акнсиозност со панични напади. После 3-4 пати на итна, сфатија што ми е и ме пратија кај психијатар.
    Точно 4 години, скоро до ден како сум со дијагнозата, а лекот беше стандард: 1 мг Лорсилан и 5 мг Елицеа за почеток, потоа на 10 мг Елицеа, па пак намали на 5 дури да ја исфрлам.
    Се вратив во некоја нормала со терапијата, но бидејќи Елицеата не ја поднасав т.е. ми се лошеше тогаш (никој не ми објасни дека е нормално да ти се лоши на почеток, иако се жалев), па ја прекинав порано на своја рака. Нејсе, за Лорсиланот ми рече лекарот да пијам по потреба, не било страшно.
    Океј, си пиев две години (пошто никој не ми кажа да намалам и прекинам, бев „излечена“) и беше во ред дури 2019та не почнаа пак паничните, страшно поужасни од првичните.
    Појдов кај друга психијатарка, од 10 минути муабет ми нафрли таму нови лекови и ајт. Ми даде само две недели да го исфрлам Лорсиланот (што секако немаше шанси после две години секојдневно пиење). Ги купив, испив по 2-3 апчиња и ги фрлив пошто ми беше ужасно лошо од наглото прекинување Лорсилан и префрлање на Деметрин и Сероксат. Потоа се вратив кај првиот психијатар што сакаше од мене нагло да го прекинам Лорсиланот и да продолжам со Хелекс од 1мг како замена и Занфекса од не знам колку мг.
    Тоа беше најпеколната недела во мојов живот. Четири дена не станав од кревет од постојана паника, згрчени мускули, болки и струи низ цело тело, поматен вид, нула апетит, пулсот не ми се спушташе под 140, за четвртиот или петтиот ден веќе грлото да ми се исуши и не можев да голтнам т.е. се гушев. Накратко, дојдов до период кога попрво сакав да умрам отколку да минам уште 5 минути во своја кожа.
    Завршив на итна со инфузии и дури тамошната дежурна психијатарка се погоди да ми објасни дека е од наглото прекинување/промена на лековите. Секако, штом го испив дома тој 1мг Лорсилан, се потсмирив и јадев солидно за првпат после 5 дена. Скоро година после тоа се борев сама да намалам, но само завршив на комбинација од 1мг Лорсилан и 0.5 мг Хелекс дневно. Дозите може се смешни, но за некој што пиел само Парацетамол и Ибупрофен понекогаш, ми дојде ептен ко шок.
    Крвни слики, може имам тумор, може ми се изместени мозочните бранови, па снимање глава, итн. да не зборам, се знае дека беа на листа. :D

    Е сега, пошто битно е извлекувањето од ова, не тоа што било, редно е да кажам дека од сите ствари има излез со правиот лекар/помош и во право/свое време.
    Најголем совет што можам да ви дадам е да не се споредувате со други и да терате со свое темпо.
    Штом имате тенденција кон хипохондрија, не читајте туѓи искуства! НИКАКО!
    Наместо да си помогнам, јас така читав по Редит, гледав по Јутуб, бев член на групи за анксиозност и панични и само си направив полошо пошто секој симптом го поврзував со нешто што некој го спомнал и си викав ете, и мене истото ми се дешава. Значи не. Ќе идам и ќе ве тепам. Бришете тоа.

    Лани во август почнав КБТ, а дури во октомври решивме со докторката да пробаме со намалувањето Лорсилан. Бидејќи од сите АД што ги пробав, сепак Елицеата ми беше најпогодена, решивме тоа да пијам.
    Почнавме со 5 мг (една недела, мислам), па 10 мг Елицеа првиот месец, па дури потоа намаливме Лорсилан од 1 на 0.75. Беше тешко, но нималку како во 2019 (тогаш дури и агорафобија развив краток период). Имав моменти на паника, имав вртоглавици, отежнато дишење, на моменти се чувствував дека губам тло под нозе и газам на гуми... Чудно е како мозокот си поигрува.
    После месец и пол (многу ми се допаѓа што др. го следи твоето темпо, не те брза) зголемивме Елицеа на 15, а решивме да намалиме Лорсилан на 0.5. Пак неколку дена беа истите симптоми како порано, но пак се вратив во нормала. Цело ова време се дружев, работев, читав, гледав серии и филмови - нешто што не можев од пресилната анксиозност (оно и депре сум била, само не сум сфаќала колку) претходната година кога ми беше најтешко. Буквално најобичните работи ко одење до маркет мене ми беа незамисливи.
    Потоа дојде и период со 20 мг Елицеа, а 0.25 Лорсилан, кој еве уште трае, но се обидувам да го исфрлам (ок, сега Елицеата ми е намалена пак на 10 и супер функционирам).
    Некогаш издржувам без да се напијам Лорсилан, некогаш не можам, ама го сфатив тоа ко нормален процес и не обрнувам многу внимание на симптомите, па така самите се намалуваат.
    Хелекс пијам повремено, најчесто при ПМС или ако ептен ми е стресно и не можам да се смирам.

    Втор совет е да не си давате временски рамки кога мора (мора само да се умре) да прекинете пошто никогаш нема да испадне по план. :) Муабетот ми е дека од август намалувам толку мали дози и пак не сум 100% спремна да фрлам сосема и тоа е океј. Но, секој ден повеќе се фаќам како заборавам да се напијам дури и АД и сфаќам дека ме фаќа мала паника во моментот кога ќе се сетам на лековите. Значи до мислата е, не дека веќе на организмот му ги треба. Се надевам дека за брзо ќе искоренам и тоа.

    @Interrupted Girl точно знам во кој период од одвикнувањето си и пак ќе напоменам да се воздржиш од читање ужасни искуства онлајн. Го препознавам истиот говор што го велев „Ама тоа е пострашно и од хероин, ама луѓе по 30 години пиеле од што не можеле да се откажат, леле, само поголеми и поголеми дози ќе ми треба изгледа...“, сега си престрашена и ги бараш тие неколку коментари што ќе ти дадат надеж дека ќе е океј. На r/benzoaddiction и r/benzorecovery нема да ги најдеш. Ниту кај некој Јутуб гуру што решил да прави пари од тоа. Ќе ги најдеш со собирање храброст (пак ќе повторам, дај си го сето време што ти треба) да се соочиш со себе. Штом имаш поддршка, уште полесно ќе е.

    @SnowWhite8 не си играј со прекинувањето АД поради изглед. Ќе имаш време и волја да вратиш килажа кога ќе ти се среди хемијата во мозокот. Моето пиење само бензоси без АД ме доведе во таа никаква ситуација каде мозокот ми бил исцеден од серотонин, па не можев да функционирам. А, иако немаш анксиозност, самите количини на бензодијазепините веќе го направиле своето да се чувствуваш изморено, луто и негативно.
    Разговарај со психијатар и одлучете се на стабилна доза АД која нема да ја намалуваш ни ради тежина, ни ради било што. За дозите Хелекс што ги земаш не знам што да кажам, си набилдала огромна толеранција, но доброто е што можеш без нив со недели без да имаш некаква поголема мака од несоница, така да само храбар и искрен разговор со лекар. Секој од нас е толку индивидуален, што може баш ти со тие дози ќе минеш полесно од јас со моиве никакви.

    Извинете за магистерскава теза (и евентуалните печатни грешки, не можам да препрочитувам), ама не можам да не пишам кога ќе налетам на нешто што ми е премногу познато.
    Пошто еден период се осеќав дека никогаш нема да имам сила да се сменам и дека ќе станува само полошо, ќе го кажам најголемото клише: Ако јас можам, секој може. :muscle:
     
    На душленце, Nightwalker, sweet-cherry и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Браво мила моја, кажа сѐ што јас не умеам, оти сум исцедена од негатива.
    Да, висам по бензо форуми ден и ноќ за да се утешам, а всушност го впивам најлошото. И сите симптоми ги имагинирам и ги имам, а после текстов твој преубав се чувствувам одлично и спремно за спиење.
    Завчера на еден форум од некој прочитав дека имал интрусив мисли после кинењето, фамили секс, злоупотреба на деца, значи просилни мисли си замислувал испаничен пустиот, и денес кога ја видов внука ми за прв пат во живот ги имав и јас. Имав морбидни мисли за внука ми која ја сакам повеќе од себе и се презгрозив од себе. И' кажав на сестра ми, она се изнасмеа, сите ми вели ги имаме, дај смири се веќе еднаш во животов
    За Сноу исто си во право, само малку ми е шубе, по 15 пие..
    А да, секој е преиндивудуален, ја поголеми кризи од неа имам со едно смрдено од 1мг, веројатно сугестивно.
    Убаво си прави она што не чита,
    ама треба да побара помош што поскоро, а не да фура со 15ка кога се части.
    П. С Многу убаво го напиша сево ова. Да, јас сум преиспаничена!
     
    Последна измена од модератор: 1 јули 2021
    На calliope му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Се согласувам, ама ја бев година и пол на бензоси како дете, една проклета психијатарка ме клукаше за два џоинта, ме однесоа моите кај неа. Имав 16, два пати имав пушено мара и некако разбраа моите, ме подбраа и им кажав.
    Завршив кај оваа Франкенштајнкава и за два џоинта ми го направи салата детскиот мозок за цела година и пол со бензоси и антипсихотици, Еглонили, чуда, Транекси, Флуоксетини.. Штета ја немам книшката тогашна, ја фрлив од што беше преполна, би ја тужела иначе сега.
    Е после навистина станав
    наркоманка и се закачив на Хорс-хероин години, оти мозокот ми бараше нешо шо ќе ми ги активира ГАБА рецепторите шо ми ги цвикна вештерката со отровите за два џоинта, ми се плаче од гнев. И за никогаш да не можам слатко да заспијам во животов и ништо да не ме исполнува.
    И после хероинот откако се скинав на суво, продолжив со Лорам за спиењето само навечер и 10 год окукав на него. Е затоа ми е страв! Оти сакам да спијам и живеам без таблети, а ми е страв дека не ќе можам зашто сум пензионерка во бензоси и дроги на 34 год.
     
    На Cka и calliope им се допаѓа ова.