1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Опасност од зависност од лекови за смирување - Benzo withdrawal syndrome

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од ЕленаНивес, 14 август 2017.

  1. Не се препознавам себе. Се изгубив тотално
     
  2. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.418
    Пол:
    Женски
    Devojche, za se ima reshenie. Ako smetash deka psihijatarot ne ti e dovolno struchen, smeni go i na drugiot kazhi mu se do najmal detalj.
    Ajde, lugje od zavisnost na drogi se lechat, mozhesh i ti, ne se otkazhuvaj.
    Pokonkretno kako se chuvstvuvash sega?
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.418
    Пол:
    Женски
    Zatoa velam, kazhav vekje i 100 pati ke kazham: ne se igra so vakvi apchinja, vlijaat na se, bukvalno na se vo organizmot, ne se vitamini, ne se dodatoci vo ishrana, pa da mozhesh da dozirash na svoja raka. Ne smeete vie, partner, drugar/ka, ili bilo koj drug koj ne e struchen da dozira, prepishuva, da kazhuva koga da se prekine so zemanje lekarstva.
    @Interrupted Girl , devojche za se ima reshenie.
     
    На Just.do.it, Idedemja и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  4. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    16.241
    Пол:
    Женски
    Јас не знам што е ова и психијатриве што ги препишуваат како бонбони да се и тоа на млади лица. Се прашувам дали би им препишале на нивните деца да земаат. Пациентите за жал ќе си земат се што им се препишува, а матичните воопшто не водат сметка. Ова со бензодиазепиниве е сериозено. Секој втор зема хелекс, порано хелекс се знае за кои пациенти се даваше, сега секој втор буквално малку ако се чувствува вознемирен лапа хелекс. Па има и други начини за смирување луѓее, не се трујте со се и сешто. Не земајте лекови на своја рака.
     
    На The.E.T., Biljarkata, Idedemja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.418
    Пол:
    Женски
    Da, i za ova si vo pravo. No, mozhesh da pobarash vtoro mislenje od dr psihijatar, kako shto se pravi i za somatskoto zdravje, mozhe i za mentalnoto. Jas sum idela na psihijatar zaradi anksioznost i prvite nekolku meseci voopshto ne sakashe da mi prepishe lekartsva zatoa shto sum mnogu mlada i smetashe deka organizmot ako mozhe da se izbori bez lekarstva, taka treba.
    Ako nekoj psihijatar dozvoli negoviot pacient da stane zavisen od lekarstva, mozhe da odgovara za toa, so odzemanje licenca.
     
    На Избришан профил 146538, Just.do.it, Idedemja и 2 други им се допаѓа ова.
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.118
    Допаѓања:
    112.718
    Пол:
    Женски
    Mojot psihijatar ne dava na sekoj apcinja odma. Procenuva sostojba.
     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  7. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.849
    Допаѓања:
    15.738
    Пол:
    Женски
    МОже да ни пишеш кај кој психијатар одеш и колку е цена.
    Ти благодарам :)
     
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.118
    Допаѓања:
    112.718
    Пол:
    Женски
    ЕУ МЕДИКАЛ ПЛУС. Со упат е 150 ден.
     
    На cresa-jagoda и GirlLove им се допаѓа ова.
  9. Јас сум жртва на таков психијатар.
    10 год ми ги препишуваше без да знам за што се работи.
    Затоа бев толку гласна за ова во темата Анксиозност, оти многу анксиозни не се запознаени со овој лек(опасна дрога) и во македонското здравство многу непрописно се препишува(злоупотребува) а пациентите несвесни стануваат зависни и освен анксиозност ќе добијат и други состојби (за кои не сакам да зборувам, страшни се) после подолга употреба.
    За психијатарот веќе е подадена тужба.
    Пред месец дена се вратив кај сопругот. Подобра сум. Поточно доста добра бев додека не фати земјотресот на Крит.
    Пополека учам која бев. Учам емоции одново. Бев во деперсонализација цело лето во benzo withdrawalot кој не би му го посакала ни на Хитлер, значи страшно луѓе.
    Доаѓам пополека при себе. Имам денови кога сум старата јас пак, па денови кога мислам дека сѐ можам да станам и имам опсесии.
    Пример да прочитам дека некој си ја убил мачката ќе имам страв дека можам да полудам и да го направам и ја тоа. Не желба, страв, да не ме разберете погрешно. Значи чисто осд ми разви апстиненцијата што никогаш порано сум го немала.
    Чувство како да не си ти ти. Знаеш дека си ти ама мисловното не ти е поврзано со чувственото. Како отапен си. Како во магла ти е твоето его и свест.
    Имам многу поддршка од моите и сопругот, без нив секако ќе бев мртва.
    Е затоа лаам насекаде на ова тема, оти многу Македонци не знаат што си прават со овој многу популарен и домашен лек кај нас.
    Лекарот ми рече дека месеци ќе ми требаат додека целосно дојдам на себе, можда и година. Ама има надеж.
    Чувајте се и информирајте се и читајте упатства. Јас никогаш не го прочитав од страв и не ни знаев што е бензодијазепин кој ме чинеше пекол.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Патем имам и амнезија за некои работи. Не знам кои парфеми сум ги користела, кои дечковци сум ги сакала. Сопругот не си го сакав пролетта без причина.
    Ве молам бидете гласни на темава.
    Ѕвезди светски починаа и полудеа од зависноста од бензодијазепини, а и ним доктори им ги препишуваа.
    Да не ви кажувам хорор приказни за прекрасни семејства што се срушија од овие демонки.
    И пак ќе потенцирам оти многу погрешно ме разбираа, не сум против овој лек ако се зема краткотрајно како си пишува во упатството, и следено од професионалец. Си помага кај акутни форми и треба многу постепено намалување.
    Бидете сомнителни кога ви го препишуваат повеќе месеци или години не дај боже. Ве молам.
     
  11. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Jas denes bev I mi prepisa drugi lekovi heleks samo eden a jas piev po 5 kako ke spijam sega ne.znm
     
  12. А колку време ти рече да го земаш Хелексот?
     
  13. ani23

    ani23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    709
    Допаѓања:
    842
    Пол:
    Женски
    Kako si devojko ,se nadevam dobro,ima zamena za heleks se vika clonazepam i se pie po sema,i deluva.Mislam na tebe
    Interrupted Girl? Kako sekoj den,odi.
     
  14. Ти благодарам мила и јас на тебе, бев добра, доста добра.. Од пред некој ден ми се вратија некои симптоми.
    Докторот ми рече да бидам трпелива, дека лекувањето од бензодијазепини не е линеарно.
    Година дена најмалку ми рече му треба да се опорави мозокот.
    Иначе не е лошо како летото, функционирам. Добро спијам.
    Не сум анксиозна.
    Само блага деперсонализација.
    Ќе помине, што не поминало.
    Ми препиша само магнезиум и неуробион. Не земам повеќе никаква терапија.
    Како си ти?
     
  15. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.418
    Пол:
    Женски
    Klonazepam ne e zamena za heleks. Klonazepam e od grupata antiepileptici, a heleksot t.e. alpazolamot od grupata anksiolitici.
    Ne zemajte "zamena" na odredeni lekarstva na svoja raka.
     
    На Just.do.it и Избришан профил 146538 им се допаѓа ова.
  16. ani23

    ani23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    709
    Допаѓања:
    842
    Пол:
    Женски
    Clonazepam e recepet na psihijatar,dosta strucen,i da saka ne moze da se zeme bez recepta. vo niedna apteka.
     
  17. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    10.521
    Пол:
    Женски
    Ама и не е замена за хекекс. Појак е од хелекс. И од него се ствара зависност.
     
    На Избришан профил 146538 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Не земајте ништо на своја рака и информирајте се за тоа што ви го препишуваат!!!
    Запамтете што се случи со мене!
    Уште се опоравувам.. Кога доаѓам при себе се радувам со сета душа, колку е прекрасно да се чувствуваш себе.. А пред да почнам со истите колку и да бев анксиозна, знаев која сум.
    Ви се молам не си играјте без стручно пратење и плус самите информирајте се оти многу психијатари ги препишуваат со години таму а се за акутни форми само или при потреба како панични напади или епилептични.
    Никако секој ден со години!
    Лекувањето од зависноста трае многу споро и се поминува низ реален пекол.
    Претпазливо ве молам.
    Ако немав кој да се грижи за мене ќе бев мртва!!!
    А нема секој.. Ве молам послушајте ме!


    СИТЕ БЕНЗОДИЈАЗЕПИНИ СОЗДАВААТ ЗАВИСНОСТ КОГА НЕ СЕ ЗЕМААТ ПРОПИСНО!
    И Клоназепамот спаѓа во групата на бензодијазепини.

    Ништо самите!
    И двата спаѓаат во бензодијазепини.
    Клоназепам земав два месеци после "кинењето" од Лоразепамот и истиот морав многу постепено да го спуштам по 0.10 мг секои две недели.
    Ми помогна доста оти после првото нестручно кинење на Лоразепамот по шема на еден психијатар на суво без друг бензодијазепин за помош, знаете бев многу лошо, Клоназепамот ме спаси, ама секако со пратење од психијатар и во 2 месеци го скинав после и него. 0.10 мг трошки морав да кинам секои две недели за да не дојде до големи трауми на мозокот.
    И ми беше препишан соодветен начин на исхрана за поттикнување на Габа рецепторите со многу месо и млечни производи, јогурт, кефир поготово. Магнезиум, неуробион и ментални вежби. Немав концентрација за ништо.
    Не си играјте!
    Пола Македонија е навлечена на овие "демонки" кои стануваат тоа ако ги злоупотребите!
    А мене ме злоупотреби психијатар за кој се отвори судска постапка.
    Планирам да напишам книга кога целосно ќе дојдам при себе.
    Многу малку се зборува за оваа опасна дрога која ако се злоупотреби ве менува како ретко која друга!!!
     
    Последна измена од модератор: 6 ноември 2021
    На ani23 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.418
    Пол:
    Женски
    Da, tochno deka se benzodijazepini, ama klonazepamot ne e isto shto i heleks t.e. ne e zamena za heleks, zatoa shto se od razlichni podgrupi.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.418
    Пол:
    Женски
    Mozhe psihijatarot da mu smeni terapija na pacientot, da, ama klonazepam i heleks voopshto ne se isti. Heleks e isto so ksanaks ne so klonazepam.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.