1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Опасност од зависност од лекови за смирување - Benzo withdrawal syndrome

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од ЕленаНивес, 14 август 2017.

  1. Апсолутно!
    Не алудирав за "наводната замена" .
    Не ни знам кој за што е замена. Посочив дека е бензодијазепин и да не си играат со него самите, како и со ниеден друг лек!
     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  2. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Три години. Веќе две недели не пијам воопшто хелекс, решив до крајот на месецот да не пијам.. На почетокот ми беше тешко заспивањето, потоа почувствував и дека сум напната, мускулите ми се напнати, па потење на дланките. Сега спијам добро, само ми треба време да заспијам, не сум толку напната, пијам магнезиум. Значи и без хелекс се може ако се реши иако ми е потешко заспивањето и спиењето не е како со хелекс.
     
    На GirlLove, Instructor и ani23 им се допаѓа ова.
  3. Не решавај и не превземај ништо сама, те молам!!!
    Поготово да се "кинеш"!
    Си играте со оган, дури и кога мислите дека сте добри, не сакам да ве плашам!
    Ве молам за сѐ консултирајте се со стручно лице!!!

    Конечно јас истата, од сношти спонтано влегов во мојата вистинска јас.
    Три пати плачев денес од среќа!!!
    Нула анксиозност, деперсонализацијата исчезна, емоционалниот статус мојот, онаков каков го знам отсекогаш.
    Драги мои треба време..
    Еден доктор ми рече - дека нашите мозоци се лечат дури и кога се чувствуваме најлошо во апстиненцијата.
    Заздравувањето не е линеарно и временски не исто кај секого.
    Не губете надеж!
    Многу волја и трпение! ❤️
     
    Последна измена од модератор: 6 ноември 2021
    На SnowWhite8 и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  4. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Ве читам психијатарот ве злоупотребувал, ај еве да претпоставиме дека е точна таа ваша констатација. Ама ниту еднаш не прочитавте упатство за употреба на лекот, начин на употреба, несакани ефекти, па еве и да сте си ги купувале сами во аптека не сте прашале детално да ви објаснат повеќе за лекот кој ви го издават на рецепт?
    Ај вие да не сте биле во можност да разберете, ама лицата кои се грижеле за вас или ви купувале, 10 години читам, 3 години читам, па нема шанси да ме мафта некој психијатар толку време.
    Не соработува добро со мене, не ме информира детално за терапијата и лековите одма го мењам за друг, бар во денешно време има избор ехее колку многу ги има одлични и професионални психијатри. Плус па читам и медицинско лице е пациенткава, едната погоре, па добро бре еднаш да не поврза два и два и да сфати лоразепам, хелекс, дијазепам што и да е бензо не се пие со години без прекин?
    Мислам на кој доктор ќе си ја довериме грижата, негата и здравјето е и наша одговорност.
    Не знам дали се сеќавате на случајот каде гинеколог на пациентка и водеше лажна бременост, па на второ мислење од друг го фати, го тужеа и ја изгуби лиценцата тука. Мора да се бара и второ мислење, ако нешто чкрипи, не е стручен, не е тоа тоа, толку од соработката, па за мои пари, време и здравје јас бирам кој и како ќе ме лечи, а не 10 год. ќе се клукам како што ме советува тој несовесниот психијатар. Здравјето и животот на конец ќе ми висат, никакво подбрување немам и пак безрезервно ќе му верувам.
    И немојте да ширите ваква паника и аверзија кон психијатрите не знаеле ова, она. не пијте лекови вака, така. Си има и те како стручни психијатри и доктори. А пред да напишете нешто повеќе пати размислете како ќе делува пишаното, на крај ако толку штета ви направил психијатарот па пишете го кој е, еве ние да не нацапаме на таков нестручен, несовесен доктор.
    Бензо нација сме во огормен процент зошто сите сакаме да живееме во некој имагинерен свет и да се прикажуваме какви не сме реално и лапаме лекови без мерка, без надзор на стручно лице, на своја рака и комшиите и соц. мрежи ни кажуваат што со што да змениме, ама докотрите не чинат на крај.
    Па како да ве лечат кога првично не ни знаат што лапате на своја рака, во која доза зимате, на кој временски интервал, не соработувате итн. не се тие видовите и волшебници со магично стапче.
    Ама ако стварно толку биле непрофесионални со вас имало чаре, а не 10 год. демек ќе ме лечи без прекин со бензоси и јас ќе го слушам и штитам не го кажувам кој е ама ќе фрлам со дрва и камења по сите психијатри заради него. Знаете на колку луѓе живот им спасиле? Најдраго ми е што веќе нема како порано оди речи во аптека кое бензо-бонбонче го сакаш да го купиш, на матичен, препраќање кај стручно лице па терапија. И ако не ви чини мењајте доктор, а не со месеци тоа па тоа. Секој си е одговорен самиот во огромна мерка за споствената добросостојба. Да е се во ред и никој да не мора да се лечи и така магично да се отарасува од терапија, ама не е се така розево, реални да сме малку повеќе, може со глупостиве да наштетите некому.
     
    На bliznak rock и violetblue им се допаѓа ова.
  5. Никаде не пишав дека сите психијатри се исти како мојот и убаво имам објаснето дека бев зависник од опијати и бензодијазепините ми беа препишувани години оти дотичниот сметаше дека нема да можам да функционирам без ништо, и дури летоска кога ја поднесов тужбата рече дека го смета истото, оти демек сум имала зависна природа и сум морала да бидам на "нешто".
    И да, има психијатри кај нас кои на долги стази препишуваат сеуште.
    Познавам еден куп луѓе со хронични терапии од бензоси од психијатри.
    Истото го потенцирав и јас, да се информираат за своето здравје и да читаат упатства.
    Матични уште препишуваат бензоси кај нас.
    Нов пациент ми се јави скоро, му препишал матичниот Хелекс оти бил вознемирен, а не го ни препратил на психијатар.
    Му рекол земај си ги некое време додека ти е подобро.
    А тоа време може да стане децениско.
    Не ја прави Македонија Скандинавија, ти се молам.
    Станаа бензо нација од сиромаштија, неедуцираност и лекари и аптеки кои ги даваа и сеуште ги даваат некои.
    Самата велиш дека секој мора да се информира и да е одговорен за своето здравје, онда сите да студираат медицина таму за да не завршат фатално.
    И не секој има средства и капацитет за да го најде добриот доктор или да се едуцира што се бензоси. Ќе ѝ докажеш на тетка ми што се што ги зема 30 год од психијатар на кој безрезервно му верува.
    Секаде потенцирам ништо самите да не прават.
    Само информирам што се бензоси и да бидат претпазливи за истите да се консултираат и информираат за да не ја направат мојата грешка.
    Психијатарот ќе биде обелоденет кога ќе се докаже истото на суд.
     
    На bliznak rock му/ѝ се допаѓа ова.