Косава страшно ми паѓаше лани, со месеци до крај на есента. Туфки коса на перницата каде спиев, на чешелот, во кадата после бањање, во рака ми остануваше коса кога ќе поминев со прстите. Низ дома усисав повеќе моја коса отколку влакна од мачката. Очајна бев и преплашена. Бев на разни испитувања, резултатите беа во ред. Пробував сешто што ќе чуев и ништо немаше ефект. Се додека не земав еден шампон по препорака на аптекарка во Грција. Не само што престана да ми паѓа, туку воопшто не ми го иритира скалпот. Е сеа мириса како машки афтершејф лосион, ама ми ја спаси косава. Плус не ми ја мрси, а имам скалп кој екстремно брзо се мрси, а посуви врвови. Спојлер: Shampoo
Почнав пред 2-3 недели да го користам шампонот од коприва (на илирија) со додадени Б витамини, екстракт од коприва блаблабла и косава ми паѓа во иста мера како претходно, е сега сакав да прашам за колку време одприлика се покажуваат резултатите?
Не се здебелив воопшто. Бев ослабната летото од многу стрес, сега си сум на нормалната тежина. Бев 45 сега сум 48кг. Ми рекоја дека не треба долго да се пијат најмногу 3 месеци.
3 месеци откако се породив косата почна страшно многу да ми паѓа, буквално цел стан е со влакна од мене иако скоро секогаш ми е собрана токму поради таа причина. Обично се чешлам само откако ќе се избањам и не можам да ви опишам колку ми паѓа, цели купчиња, плус и кадата е цела влакна дури се бањам. Напред кај челото ептен ми се изретчи веќе. Еве скоро месец дена ми се случува ова и не знам до кога ќе трае. Читав дека после пораѓај нормално е да опаѓа косата поради хормоните, но не знам дали е нормално дури толку, уште месец дена ако продолжи ова без коса ќе останам. Има ли некоја вакво искуство?
И мене негде измеѓу трети и четврти месец после пораѓајот почна косата да ми опаѓа, но среќа не во толкав интензитет. Тоа е неизбежен процес, но во никој случај не значи дека не треба нешто да се преземе. Јас користам шампон од органска линија на Биокап против опаѓање заедно со ампулите и лосионот, исто така пред секое миење на косата обавезно или и правам маслен третман со рицинусово масло или ставам маска од квасец која исто така е фантастична. Едно што значително ми се подобри квалитетот на влакното, друго што секако е намален интензитетот на опаѓање на косата. Биди само упорна.
Не знам дали ми е прашањево за тука, но извинете ме. Би била многу благодарна доколку ми помогнете. Косата почна да ми опаѓа, буквално ми се изретчи, нешто против опаѓање и дали постои нешто што би поттикнало раст на нови влакна и волумен на косата? Не ми е битна цената, сакам само да си ја спасам косата. Фала многу.
Ако си не читала,сите кои имаме посериозен проблем со паѓањето, не ко сезонско паѓање, сите ко наркомани пиеме Мерц витамини. По една дневно, иако на нив пишува две... три месеци максимум, после мораш пауза од повеќе од месец. Така ми беше кажано од дерматолози. Јас се миев со Фитовал шампонот прво... сега го користам Алпецин со кафе, и двата мислам се добри, оти влијаат врз влакното и скалпот. Косата од нив не ќе престане да паѓа, ќе престане кога ќе заврши тој процес што ти е со телото... ако е ради хормони, кога ќе ти се стабилизираат, иако ќе потрае пост тој период, ако е диета, недостиг на железо,кога телото ќе складира доволно железо итн. Може три месеци да ти трае, може пократко..а може и по 6 и повеќе кај некои. Фитовалот ми нема никаков мирис, а Алпецинот да. Тоа е убавото кај него и пообемна ја прави косата некако. Ама, за некои работи, по ми се свиѓаше Фитовалот. Шампониве секој ден можеш да ги користиш. Навлажни скалпот, стави од шампонот,масирај благо и остави неколку минути така да ти отстои па миј. Види си и некое масло,какво ќе ти одговара..оти мене ми ја перутаат кожата овие,пример. Јас, одма кога почна да ми паѓа ко луда почнав Мерц и да се мијам со шампониве и маски да правам... па после кусо време ми се појавија првите нови влакна... ама еве,три месеци подоцна, волуменот не ми е вратен,мада, патецот кој ми беше доста проширен е стеснет ради нови мали влакна..некои делови побавно се пополнуваат за разлика од други и така.
Да, ептем да. Баш го мислев Биотинот оти тој е најбитен за косата. Фала ти за потсетувањето. Треба да ги побарам по аптеките. Жал ми е Афродита. Низ истите работи минуваме и многу добро знам дека ништо не помага за да експресно ни се врати волуменот на косата или да се пополнат деловите што се нај-нај истенчени, дури проќелавени Четврти месец терам/привршувам, откако почна да ми паѓа и да користам терапии. Волуменот е малку подобар, ама.. не мислам дека е толку ради косата колку ради шампонот што ја прави така да изгледа. Од тоа што читав по странски форуми, на девојки и жени кои имале ист проблем (телоген паѓање) и по повеќе од година дена волуменот не им се вратил. За деловите на кои не ти растат влакна,воопшто, ако имаш такви и ако се случува после долго време кога користиш било какви терапии..мораш да се консултираш со лекар. Постојат раствори кои некои ги користат, како миноксидил и сл. Мене дерматологот не ми препорача ништо такво, пример, за сега. Јас не би се ни осудила да ги користам ради тоа што ми се разви инфекција од сето паѓање-растење-паѓање (ме пече, ме боли, мислам кожата ми гори, ми се кине пред да почне да паѓаат влакна). Ама, да прочитав и дека го%‚‘но поттикнува раст, и тоа ќе ставев на главава. Дерматололозите само ми рекоа, подалеку од огледала, трпение... битно веѓите и трепките ми се тука, не ми паднале. Црн хумор. Ама па, паѓањето не ми е само на косата, се прошри и на нозете се стопира растот на веѓите и на сите влакна, буквално па од страв дека имам андрогена -трајна- ќелавост, почнав да кризирам дека може да испадне алопециа тоталис...сите влакна да паднат од секаде. Се нормализира ама, ова се такви процеси што... не можеш да се радуваш дур не мине подолго време и работите си останат стабилни. Оти, и паѓањето престана па па се активираше и се така во круг. И.... другото што ми рекоа дерматолози, ако после подолг период ништо не се подобри... мезотерапија. да вбризгаат бла бла долж патецот. И да испадне да треба, нема да одам на тоа. Прво се радував што, намали паѓањето. После се радував што, мада не престана да паѓа, сепак,тоа што паѓа се долги влакна, не новите, малите. После па... кога почнаа и малите да паѓаат и да ги гледам какви се претенки, болежливи престанав да се радувам и престанав да ги мислам само повремено ме тепа депресија и па си викам, џабе е нервози. Гледам инфекцијата да ја третирам... ми препишаа кортикостероид за мачкање на скалпот, кој поради х причини, наместо според препишаното, морав да престанам да го користам. Сега се мачкам со масло од чајно дрво за да се смирува кожата и тоа е. Немам најдено решение оти и тоа што ми препорачуваат ми делува лошо, ете Не е плукни залепи и испаѓа, не е ... коса е бе,аман, ќе порасне, ко што ми викаа на почетокот. Третирај ги хормоните ко што ти рекол лекарот и другото.... да се надеваме ќе се подобри со тек на време јас поима немав дека и постојат вакви работи. Сега сум експерт за сите болештини на скалпот и косата,за жал. Се надевам ќе биде подобро. Само гледај да психички не те утепува помислата држ се
Ете го на слика, можеш со сликава да го побараш, во скоро секоја аптека во Грција го има. Моментално сум во Солун, на центар во аптека ги имаш сите шампони од овој бренд за различни намени вклучувајќи го и овој против опаѓање на коса што е, да земеш 2 по цена од 1, така што за 12 евра колку што е еден можеш да земеш 2.
Извинете девојки, колку пари се Мерц витамините и дали само тоа е потребно за да си ја живнам косава? Западнав во депресија :'(
Јас си купив шампон на wella од кај фризерот мој. Стварно е малку поскап 650 за 250 мл моќислам беше го користам сигурно 3_4 месеци ама стварно има ефект.