Јас го имам користено ама пред се зависи од косата. Јас имам густа и долга така да две три паднати влакна не ги сметам за паѓање. Порано ми паѓаше и земав од афродита лук и ми помогна со првото шише, а со второто ми створи првут. Го сменив шампонот, сега сум на кератин од Калос и сум задоволна.
Дали некоја од вас била кај берберот Менде на Бит Пазар? Имал некој лек за косопад па ме интересира дали помага..
Мене за паѓање на косата а и општо ми се зацврсти ми се згусна косата од шампонот на Алкалоид од коприва. Се шатирав, фарбав што не и правев оштетена ми беше многу, ја скратив значи цел метил го извадив и со шампион од коприва миење, тоа зависи и од влакното на мајка ми не и делува неа и првут и се појави. Само знакте дека без субрина и маска за коса не се става на глава шампонов ке не можете фа се исчешлате.
Јас имам слушнато за некој бербер во чаршија и мислам дека и така го викаат бербер, тој со нешто го премачкувал скалпот каде што нема коса, па се правело како коричка, кога ќе падне кората, почнува да расте нова коса.
Веќе два пати го направив рецептот (оти нели еднаш неделно треба да се практикува) и има резултати на мене. Значително ми е намалено опаѓањето на косата. Е сега третманот е до 4 пати, па ќе видиме што ќе биде до четвртиот пат.
Здраво девојки, се приклучив на форумов баш поради оваа тема. Многу ми паѓа косата, бев да си го испитам железото и ми беше малце над дозволената граница. Ми препорача докторката да пијам витамин Е и б комплекс. После 15 дена земав и таблети на natural wealth за коса и почнав и витамин Ц да пијам. Моментално ја измивам и косата со чај од свежа коприва, забележав поголем волумен. Сакам да земам некој шампон на природна база да пробам првин така, некој предлог? П.С. Ви ги исчитав првин сите страни напишани на темава и на некои некои работи им помогнале, а на некои не. Во тотална збунка сум. П.П.С. Дали некој користел шампон на green на природна база биле без хемикалии? Еве слика отприлика како излгеда.
Никакви бербери од Бит пазар нема да ви помогнат за косопад. Единствени коишто покажале резултати против косопадот се миноксидил и пропециа. Се земаат орално или нанесуваат директно на скалпот. Распрашајте се затоа што имаат нус појави. Никакви бербери или лажговци нема да ви помогнат.
Ајт помош девојки Имам густа прекрасна чувана коса ,али мислам дека поради стресови и нервози напред кај шишките немам коса дупка има ? Веќе подолго време е ова сменив и шампон и маска земав и масло али не гледам подобрување за да порасне коса,а за цувана и мека има Што да земам а да не се апчиња труење такви работи. Страв ме фаќа веќе
Не е точно ! Тој на Битпазар бил докажан. Исто и тој во Ресен, од цела Мк иделе кај него, па и од други држави. Лекот не го праќал по Карго (не трпел транспорт,) одиш кај него на лице место ке го премачка тоа место (со алопеција), се прави како коричка, кората паѓа и по извесно време расте коса на тоа место.
И јас да кажам нешто за тој од Битпазар,и тоа вистински пример. Татко ми после 50 год. мораше да ги избричи мустаќите пошто му се појави косопаст. Благодарение на тој човек од Битпазар,он повторно ги пушти,и си замина од овој век со мустаќи.
Па да бе. Затоа што има пациенти што веруваат на секакви глупости и митови затоа има и паметни луѓе кои заработуваат на тие пациенти. Единствени продукти коишто помагаат се пропециа и миноксидил. За жени не знам дали е препорачливо да ги земаат.
Бевме на бит пазар кај чичко Менде ама кажа дека помага за алопеција само а не за проретчена коса туку само за опадната скроз коса на одредени делови или на цела коса ... Нас ни треба за изретчена коса што ќе ни препорачате?
Finasteride и Minoxidil. Прочепкај на google. Има илјадници артикли за нив. Јас сега за сега немам проблем со опаѓање на косата, но мој другар ги користи и има добри резултати.