Веќе околу две или три недели го користам Алпецинот Ц1 шампонот и можам да кажам дека процесот на паѓање на косата е сведен на минимум, косата ми е бујна и сјајна. Лосионот го користам околу 10дена секој ден го масирам скалпот со него и ми дава убаво чувство. Единствено што не приметувам се нови влакна . Оние што ме видоа деновиве (а ме немаа видено неколку недели) велат дека состојбата на косата ми е многу подобрена. Задоволна сум од Алпецинот е сега уште да видам барем едно ново влакно и ќе бидам пресреќна
Сеси, тоа е цел процес. Не може одма да има нови влакна. Треба да поминат 2-3 месеци за да може целосно да го видиш ефектот ако шампонот добро ти делува на тебе. Кажи ми, на колку денови ја миеш косата? И колку го плати лосионот? (Алпецин нели?) И дали ја мрси косата??
Грл немаш видено, напишав претходно - лосионот го платив 520ден, ама од локална аптека, во Зегин е сигурно околу 480. Не ја мрси косата, како ментол е. А косата сега почнав да ја мијам преку ден, ама ме нервира да ја мијам толку често- не ми се мрси и немам потреба. Ќе почнам пак 2 пати неделно, ама затоа го користам лосионот секој ден за постојано да сум со терапија. Ама многу брзо се троши лосионот, незнам дали ќе ми издржи еден месец
Има ли некој искуство со Фолтен? Или така нешто, не сум баш најсигурна за имево. Имало шампон и ампули, и имало посебни колекции за мажи и жени. Наводно било многу ефикасно. Цената на шампонот и некое пакетче со 10-тина или не знам точно колку ампули било околу 1200 денари. Наводно многу помагало, дури и за раст на нови влакна. Јас ни алпецин ц1 немам пробано - пробав само фитовал, и немаше никаков ефект. А можеби и ќе имаше да го користев редовно - и шампонот и капсулите
Сеси ај фати ја во репче косата и по краевите ќе забележиш бебешки влакна, сигурна сум. Мене по 2-3 недели ми никнаа и сега сум со антенчиња.
Има еден господин во Скопје произведува билни препарати за повеќе намени,има едно за коса,демек против опаѓање е а плус ја прави сјајна,цврста и убава.Препаратот се викаше некако на К ама да ме утепаш не ми текнува,а знам типов се вика Атанас Пчеларски и во Автокоманда му е ајде да кажам продажниот салон.Искрено од ова ми се имаат фалено повеќе пријатели/ки, дечко ми почна да го користи и искрено не виде фајде.Што знам може до човекот си е,не делува на секого исто или па зависи од што се должи опаѓањето,ако е генетски џабе е се. Ние дома си чувавме цела колекција на такви шампони,лосиони и сл.пошто на дечко ми како шо кажав почна да му паѓа стварно многу и човекот се испаничи да не оќелави и проба триста тракутанци,не Алпецин,не Фитовал,не Рецепт ,не ова препаратов од Пчеларски и да ви кажам дека најголем ефект имаше од еден лосион се вика Пилфулд(мислам дека беше така) окулу 600 ден е, по аптеките го има,него му помогна мнооогу.
Одкога го ишишав фарбаното, и одкога почнав да користам брезов шампон, косата воопшто не ми паѓа, и ми стана многу густа!
Ми текна нешто.. на интернет случајно налетав на Pantogar капсули за подобрување на состојбата на скалпот и косата. Значи на Merz се, ама специјално наменети се за скалпот и косата. Еве да видите како изгледаат и извадок од официјалниот веб сајт: Product profile Pantogar is a highly effective hair therapeutic for treatment of female diffuse hair loss and hair structure lesions. Via cellular metabolism, its special combination of amino acids, proteins and vitamins of the B group supplies hair with the nutrients required for its growth and for building up a firm, elastic structure. The efficacy of Pantogar has been documented in comprehensive scientific studies: Pantogar significantly reduces hair loss, stimulates healthy hair growth and improves hair quality and resistance. And it is excellently tolerated. Regarding risks and side-effects please see the package insert and contact your physician and pharmacist. Indication: Female diffuse hair loss Hair structure lesions Nail growth disturbances Active ingredients: Vitamin B1 60 mg Calcium D-pantothenate 60 mg Vigar-yeast 100 mg L-Cystine 20 mg Keratin 20 mg Para-aminobenzoic acid 20 mg Presentation: Available in pack containing 30 or 90 capsules Dosage: 3 capsules a day (to be taken with a little liquid) Гледам дека некои од феминките кажаа дека ги конзумираат Мerz Spezial дражеите, но на сајтот на Merz видов дека има и специјално наменети само за коса, се викаат Merz Haar-Activ dragees. Не знам што има на лагер кај нас во аптека, но ако некоја има искуство нека со Merz Haar-Activ dragees или со Pantogar нека пише.
Еве колку за споредба, ова е составот на Merz Spezial dragees a eве го составот на Меrz Haar-Activ dragees Zusammensetzung Tagesdosis enthält (2 x 2 Dragees): * Vitamin C: 50 mg * Vitamin B1: 3,0 mg * Vitamin B2: 3,6 mg * Panthothensäure: 18 mg * L-Cystein: 45 mg * Kupfer: 1000 µg * Vitamin B6: 3,6 mg * Vitamin B12: 9 µg * Biotin: 180 µg * Folsäure: 600 µg * Nicotinsäureamid: 39 mg * Zink: 9,5 mg * konzentrierte Auszüge aus Hafer, Hirse und Dinkel: 80 mg Verzehrsempfehlung 2 x täglich 2 Dragees mit etwas Flüssigkeit schlucken. Es empfiehlt sich, Merz Haar-activ Dragees über einen Zeitraum von mindestens 8-12 Wochen anzuwenden, denn schönes Haar braucht Zeit: Die Haare wachsen pro Monat circa 1 cm.
Незнам дали ги има тие Merz спрецијалните за коса кај нас во аптеките јас на неколку места кај што прашав ми го нудеа само тие Мерз специал дражеи други немаше
Natural Wealth-Vitamins for hair, се најдобри!! Содржат многу повеќе работи одколку Мерц а и состојките се во поголема мг-ажа одколку Мерц или други..