Мое лично искуство во врска со опаѓање на коса.Пробано се и сешто ,направени секакви испитувања,докторирано на тема КОСА. Користено AlpecinC1 https://www.lookfantastic.com/alpecin-caffeine-shampoo-c1-250ml/10532946.html во комбинација со лосион и витамини (MERZ) по препорака на медицинско лице.Паѓањето се намали но се јави друг проблем ,а тоа е- заситување на кожата и косата од истиот препарат. Случајно во разговор со жени кој имаат ист проблем слушнав за шампонот KERASTASE https://www.kerastase-usa.com/bain-densite/E0992400.html?cgid=cleanse-shampoo&dwvar_E0992400_size=250ML#start=4&cgid=cleanse-shampoo повеќе од задоволна.Косата не ми паѓа како порано,не ми се мрси како порано,ми дава волумен и чувство на здрава коса,а се гледа и нова коса.Најдобро нешто што досега сум го испробала на мене. Што се однесува за Minoxidil и слични на него препарати, лично сум против ,поради контраиндикации кој се јавуваат.
Миноксидилот има многу нус појави.Имам другарка фармацевт и се ми објасни за него. Плус има ефект само додека се користи.Кога ќе се стопира употребата,влакната кои се задржале со неговата употреба,ќе опаднат во рок од месец-два. Така да,ем скупо ем глупо,што би рекле Србите. Да се надоврзам,јас ги користам Ригенфорте и Нерилекс,никаков ефект.Си паѓа со ист интензитет,плус и многу брзо ми се мрси.Не фрлајте џабе пари за нив. Остана уште Алпецин да пробам и се откажувам,нека паѓа,ќе земам ќе ја мијам со свински сапун,аман
И со Алпецинот и со Фитовалот и со сите други ќе ти е исто, многу веројатно, оти, причината што ти паѓа не е нешто што шампониве ќе го поправат,ама, пре би нив да ги користам...демек...поттикнуваат раст, ги одржуваат демек фоликулите на косата цц. Сркај витамини, јади протеини, внесувај железо итн. итн. за да се намали паѓањето. Да го снема... некој убав сончев ден, кога организмот ќе ти се стабилизира од каков год шок - тогаш. Со надеж дека тоа што паднало ќе се обнови во нормална коса И... чувај си го скалпот. Ради паѓањето и ради третирањето со се и сешто...ептем лесно се иритира и развива инфекции...па плус проблем може да створи #она.кога.мислиш.дека.си.Далила.а.уствари.испаѓаш.Самсон.енд.ју.ар.факд
Мене на есен повеќе ми паѓа, па еве забележав и сега кога ја мијам дека во дланка ми остануваат повеќе влакна од претходно. Пред една недела ја кратев, ама изгледа ќе треба пак од аптека да го земам шампонот Foltene. Читам дека и од недоволен внес на витамини може да паѓа, па може и тоа да е кај мене. П. С. Фризерката секогаш вика ништо страшно, секој човек се менува па така и влакното. Некогаш ќе имаш погуста, некогаш поретка коса.
Доста позитивно сум задоволна од влијанието на шампонот врз косата. Вработените во аптека ми кажаа дека Фолтене бил специјално жени (за женска коса и влакно), имал посебни витамини, масла и не знам што. После 2-3 миење се осеќа разлика.... Барем кај мене. Влакното станува поцврсто и помалку опаѓа косата.
Точно е тоа дека имаат нус појави, но тие се единствените кои раснат нова коса. Факт. Се друго е жива превара. За жени, а особено бремени не е баш препорачливо да се користат, но за тоа имаш куп статии на интернет кои би ти биле од поголема корист.
Колку чини и дали го има во Зегин? Бај д веј,ми текна да одам да си проверам тироидна.И тоа може да е причината после бременост.
Дали може да ми препорачате доктор-дерматолог за трихолошка анализа на коса и скалп ? И колку би ме чинело истото ?
Значи вака јас имав прилично средна коса и густина и се тој период најмногу згусна мојата коса и беше најубава и ми порасна како што никогаш не ми беше . Потоа од минатата година август почна да ми опаѓа и опаѓањето продолжува цела година и со ништо не се запира,испробав разни шампони,маски ,апчина проверив крвна слика и се е во ред опаѓањето понегогаш намалува но потоа пак продолжува со ист итензитет ми се смачи веке косата не ми е ни пола од тоа што ми беше а многу често и си плачам бидејки ми е стварно тешко од тоа колку се трудам и пак така ми возврака коста .И секогаш пребарувам по интернет да најдам нешто ве читам често ве молам дајте ми некој совет што да правам
Дали сте го користеле шампонот од лук против опаѓање на коса од Фармаси? Гледам дека е доста фален па се мислев дали да го пробам.
Дали може во шампон од коприва да ставам таблети Пивски квасец со витамин Ц и Б комплекс? Многу ми пага косата , треба чудо да се случи да ми се стопира пагањето
Можеш да ставеш и ампула од коприва ,пантенол и рицинусово масло пола шишенце на еден литар шампон,и не бери гајле период на паѓање е .
Не можам масла да користам бидејки уште повеке ми се мрси ... А ампула од коприва мислам не е потребно бидејки шампонот е од коприва ..... Ова со пивскиот квасец од бетавитет со витамин Ц и Б комплекс ке има ефект? Прее ги купив ...
Ќе има. Барем на мојата коса ова направи чуда. Во шампон од коприва турив Б комплекс, пивскиот квасец и 2,3 Д3 капки, зошто многу се мрсни. Малце непријатно мириса ама косата од него почна да ми расте како луда, престана да паѓа итн.
Ставив Б комолекс 60 таблети во шампон од коприва , плус 40 таблети пивски квасец , па здравје ке пишам после неколку месеци дали има резултати