Додека користев маска за коса ептен ми опаѓаше, и за време на миење и кога ќе ја чешлав. Тоа беше ненормално паѓање, еве веќе 2 недели не ја користам и многу малку ми паѓа.
После еден месец користење на шампонот од коприва со ампуливе можам да кажам дека опаѓањето ми изчезна, од тоа сум задоволна 100%. За растот сеуште не можам да кажам конкретно, но би сакала да ве прашам дали од шампонов може да е што почна да ми се мрси косава брзо?
За Алпецин кажа аптекрка дека може да даде резуктати ама ако го смениш шампонот ќе се врати се во првобитна состојба... Не знам дали некоја од вас ги пробала препаратите на Биоксин? Ако да нека сподели искуство....
Лост, кај мене беше истата ситуација - ептем се мрсеше, ко зејтин да сум истурила врз глава. Така беше во првите пар месеци јас користев друг шампон - почнав со Фитовал+ставав фолна и пиев Мерц витамини. Одма почнаа да растат нови, ама опаѓањето не престана. Исто мислев дека мрсењето е можда ради шампонот, ама, можда е и ради скалпот, промените што ти предизвикуваат опаѓање, плус, поретка ти е/ми е косата, па побрзо се валка.
И јас го имам правено тој шампон со ампули и косата ми стана поздрава сјајна,ама и ко што имам мрсна коса,уште повеке почна да се масти. @hello-kitty.90 Нема шанси да ја исчешлам ако не и ставам ништо после миење.Танко влакно имам и ептен се заплеткува.
Јас па од Алпецин не сум баш најзадоволна Од Фолтене имав одма подобрување, а од Алпецинов пак си ми паѓа... Не толку многу, ама пак забележувам влакна во дланка кога ја мијам. Сега пак на Фолтене ќе се вратам... Иста цена се. Секое тело си е различно и секој организам делува различно. Пробувајте повеќе шампони и домашни маски, па ќе откриете што ви делува најмногу.
Валете шаппон,сте виделе некаде по продавнициве? Најдов дома едно паковање,ама со поминат рок на употреба Можам да го користам?
И јас имам слаба и никаква коса и порано и јас ако не и ставсм регенератор или маска не можев да ја исчешлам, или барем јас така мислев. Ја скратив малку, многу ретко ја пеглам, го фарбам коренот секој месец поради бели влакна и скоро секогаш ми е врзана. Откако почнав вака, престанав да и ставам маска,откако ја измијам ми стои 5-6 мин во крпа и после внимателно ја чешлам. И многу малку ми паѓа.
Да споделам и јас нешто од досегашното искуство. Веќе второ паковче Мерц, купив и Алпецин, па се надевам дека ќе има ефект. По препорака на фризерка купив шампон од Афродита (од лук) и ставав ампули внатре, ама џабе, премногу ми се мрсеше косата, ме чешаше скалпот и се откажав, не можев да го поднесам едноставно. Сум користела и шампони од бреза и коприва, и од Авон нешто ми купи мајка ми, ама немаа ефект. Од Фитовал велеа многумина дека се задоволни, јас 2 или 3 шишенца потрошив и не направи ама баш никаква разлика, а тој период пиев и Б витамини. По толку разочарувања искрено немам некои преголеми очекувања, но ќе видиме допрва како ќе оди со Алпецинот.
Која е функцијата на регенаторот ? Како се користи ? И кој го користиш ? Те прашувам бидејки и јас користам "бабини рецепти" против пагАњето на косата , ама после миење не можам да ја ичешлам од што е заплеткана ...
Порано користев, маска или регенератор, но од нив ми паѓаше многу косата. Сега не користам ништо, само шампон и не ми паѓа, ептен малку. Инаку за функцијата мислам дека е иста на регенератор како и на маската, да може да се расчешлува и да ја прави помека. Освен што можеби маската ја потхранува косата
Треба да го има во сите маркети, околу 100денари мислам е. Една моја бивша колешка го користеше, ама нз колку ефект и имаше. Имам дома некои семплови од биокап ми се чини, некои нови шампони против опаѓање, мислам дека ги има во Виола, не знам дали ви се познати и пробани
Па, и не очекувам некој посебен ефект, искрено. Два месеци веќе обичен шампон користам. Престанав да ги користам оние Алпецин, Фитовал...оти скалпот веќе ми го изреметија и не гледам дека со обичниве имам некоја разлика во растење и паѓање..исто си е. Во почетокот можда беше океј што ги користев, ама сега веќе, после година+... тотално небитни ми се. Па си барам нешто што ќе можам да го користам,да ем убаво ми изгледа косата, ем да не ја мрси претерано, ем да не ми го суши скалпот и да ми се перута Пиши ги тие што ти ги имаш. Ако си ги пробала и имаш искуство..сподели благи нека се, мене тоа ми е битно оти да не ми го иритираат скалпот (пецкања и болки имам)
Не сум ги пробала уште, ми дадоа примероци претходната недела, ама ги ставив во фиока и ги заборавив :/ Ќе видам дома баш како се викаа, ете денес и ќе пробам еден, ама искрено немам некој сериозен проблем со опаѓање. Само видов дека имаше повеќе видови, за мрсна, за сува и оштетена коса, така нешто. Ај ќе пишам вечер, да видам и како се викаа точно и да пробам еден.
@zhap4e читнала кравава био нешто, па прво што и текнало биокап Биоксин и биоблас, во некоја аптека му дале на брат ми семплови. Нешто демек органски, на природна база, ама кој ги знае. Пробав да се измијам со еден, ама перикава ми е премн долга за миење со семплови само приметив дека ми се расперути главата после тоа. Дали од шампонот не знам, ама ок беше што лесно ми се расчешла косата, и не беше сува. Иначе не беше магичен, зашто после чешлање го имав стандардното паѓање на коса :/
@kravce иста сум со недочитување и ем, рандом асоцијации на називи ( на крај испаѓа, благе везе нема со вистинскиот) Ништо, лукот на Афродита ќе го пробам. И ќе останам со обични шампони веќе. Доста беше медицинскине Грацие