Па б-комплекс е. Секогаш биле ефтини. Прилично достапен и секогаш актуелен, затоа ти се чини дека е ефтин. Цената е апсолутно нерелевантна. Немој да мислиш дека ако е скап, дека ќе е поефикасе. Овие плус се и со фолна киселина што е уште подобро. Цената зависи од фирма и од тоа колку количински се седржи витаминот во едно апче. Немај гајле, слободно пиј ги. :::::::::::::: Во последно време забележав дека повторно почна да ми паѓа косата. До сега не забележував премногу но покрај толку собирање влакна насекаде, пред некој ден се замислив. Немам променето ништо освен шампони. Негата на коса ми е слична (со менување на регенератори). Некој друг што во последно време забележал зголемено опаѓање на косата? Како што се менува времето, си мислам дека може и тоа да е причинител, а и пролетниве температури не прават многу добро.
Moja drugarka ima mnogu pozitivni rezultati za rast na nova kosa i prestanuvanje na opaganje od prp i mezoterapija vo promoitalia anti aging centarot toa e specijalisticka ordinacija po dermatoligija. Dali nekoj dr ima probano prp ?
Само да кажам оти од тој на афродита со лук косата ми беше како со зејтин уште одма другиот ден.Ако имате проблем со мрсна коса не го препорачувам.
Девојки помош Јас порано имав долга и убава коса, не ми беше густа но во последно почна да ми пага и морав да ја скратам кратка и степенаста сега почна уште повеке да ми пага незнам што да правам, кога ја мијам премногу влакна пагаат и на суво кога ке поминам со рацете по 2-3 влакна морам да имам на дланката. Незнам веке што да правам некои совети, препораки?
Купи си го шампонов,јас сум презадоволна.Ни влакно не ми паѓа одкако почнав да го користам.https://m.facebook.com/www.ivakozme...32883400355911/?type=3&source=57&__tn__=EHH-R Биобласт сите се против опаѓање и цената е 130 денари.
@Indiegurl Дали можеби си направила некакви промени во исхраната? За здрава и убава коса не е потребен само добар шампон, туку и здрав организам. Во однос на храната, би ти препорачала внесување на производи богати со железо, протеини и витамини A и C. Пример: спанаќ, морков, сладок компир, јајца и млечни производи, житарки, орев, леќа, пилешко месо и овошје. Сигурна сум дека ако не сите, дел од наброените работи ги јадеш. Во однос на шампон против опаѓање, мене доста ми помогна BIOBLAS за брзо растење со коприва. Мислам дека цела линија им е добра - на сите шампони пишува Anti hair loss. Ако можеш внесувај и мелено семе од коприва во исхраната (измешано со мед, банана, џем и сл.). Исто така можеш да правиш и домашни маски за коса. Кое масло и да го ставиш ги потхранува косата и скалпот, посебно кокосовото. Можеш да ставаш и маслиново, чичково или рицинусово. @OmniaVanitas И промената на шампони влијае доста врз опаѓањето на косата, но и зимски период сите се жалат на опаѓање. Изгледа е нешто и до времево. За секој случај и ти прочитај го мислењево, можеби ќе ти помогне
Искрено сум скептик кога станува збор за шампони против опаѓање на коса бидејќи нема нешто што немам пробано и речиси се било без резултат. Неодамна го земав шампонот Insight против опаѓање на коса и можам да кажам дека за почеток сум многу задоволна а опаѓањето значително ми се намали. Плус не е скап, а тоа што е без силикони, парабени и вештачки бои дополнително и оди во прилог на косата.
Каде да го најдам? Мене ми се намали опаѓањето со Алпецин Ц1 шампонот, ама сакам нешто што би стимулирало раст, ако е тоа можно? Како залистоци малку ми се направија и се гледа кога ќе ја фатам косата, па дали е можно да порасне пак таму или да се откажам од таа идеја?
Може да се порача онлајн на страната shop.depileve.mk или во зградата пред т.ц Зебра на приземје. Инаку можеби таму ќе ти дадат повеќе инфо, бидејќи имаат и некаков лосион против опаѓање, ама јас тој не го земав, сакав прво да пробам со шампонот. Мене за опаѓањето ми помага, меѓутоа можеби најдобро е да прашаш за повеќе информации директно таму.
@poker_face која цена е шампонов? Баш и јас сакав да прашам, глеав блогерка на Youtube која кажа многу и помогнал.
@poker_face @super.nova @CinnamonBambi Шампонот што го постираше @poker_face мислам дека го имам видено во дм во гтц. Проверете таму Јас го користам шампонот Oma Gertrude го има во Cosmo и Super Tinex. Цената е 300 денари - 500 мил. Шампонот е органски. Јас сум презадоволна, косата воопшто не ми опаѓа. Исто така Biodevojka напиша статија за овој производ, па прочитајте ја.
Јас дојдов да го пофалам рицинусовото масло. Веќе 2 месеци како го користам и стварно има напредок. Таму кај шо ми е испадната косата никнале нови влакна. Ептен се кратки, цела коса ми е сега разлетана и доста време ќе ми треба дур ја опоравам целосно... Ама битно помага. А и не го користев многу често, 2 пати неделно само
На интернет читав неколку саата ама јас лично пред спиење ставам и така спијам. Шознам повеќе ми одговара пред спиење да си нанесам и после сабајле да се избањам. Ама глеј спрема време, саат два викаат доволно било, според твој распоред прилагоди се
Дојдов само да ја пофалам кна фарба , одкако ставив т.е одкако се офарбав со неа уопште не ми пага косата а предходно ужасно ми пагаше и мн работи испробав и не ми помогнаа.... Само да прашам на колку време може пак да се офарбам со кната? Бидејки природната боја ми е црна-темно кафиава нешто така , а со кната добив тегет боја , па не се забележува ништо каде фатило и дали коренот пораснал ..
Кажете ми ве молам ако знаете за добар дерматолог што повеќе ја разбира проблематката со косата, што ќе знае да ме упати што да испитам или да ми даде дијагноза за косата, за скалпот, за што и да е, само да помогне.