Јас го купив ама се уште не сум го пробала. Реално јас имам густа и здрава коса, само што во последно време како да ми паѓа повеќе, иако не можам да речам дека ми е проретчена косата. Ќе пробам па ќе кажам кај мене каква реакција ќе има.
Тоа не знам,јас видов големо подобрување во растот на косата и не ми опаѓаше Не ми ја сушеше воопшто косата,може не ти одговарал тебе...
Една пријателка истото го кажа за шампонов, баш поради тоа и го купив. Додуша кај мене косата расте како луда, не знам дали може и повеќе од тоа .
Проблемот е дека во последно време забележувам дека многу ми паѓа. Па сакам да спречам навреме, може и до период некој да е. Ќе пробам па ќе видам дали ќе има подобрување.
Девојки да ве прашам, кое рицинусово масло е најквалитетно и би дало резултати? Добро ли е тоа на Sensilis? И откако ќе нанесам на косата пред спиење, треба кеса да ставам или како?
Знам дека постојат различни причини за опаѓање на косата, ама еве јас ќе споделам едно искуство за опаѓање на коса како резултат на намалено железо + класично сезонско „митарење“, ако можам така да кажам... - Еден фамилијарен шампон од коприва ( во големо шише) - 1/2 шишенце пантенол - ампули б1, б6 и б12 Пантенолот и ампулите ги истураме во шампонот, протресуваме, и толку. Веќе второ шише користам од шампонот- сите дома приметија дека квалитетот на косата значително ни се подобри, порано на миење сум чистела огромни клопчиња коса од када и теписите беа полни со влакна, а реално немам некоја долга коса, едвај до рамена. Подобрено серумско железо= подобар квалитет на коса, и обратно, ако ви паѓа косата проверете го серумското железо во крвта случајно да не паднало под граница а подоцна со лекар ќе си се консултирате за терапија.
Женски,веќе две недели косата почна ептен да ми паѓа кога се бањам.Знам дека секогаш паѓа но сега ептен,цела када ми е со мојата коса.А уште полошо е што од едната страна на косата веднаш до шишките,имам дупка како некој коса да ми отргнал Прв пат ова,дали е нешто озбилно,или некој недостаток на витамини читав можи да биди,инаку ретка коса имам,ама како некој да ми ја отсечел на тој дел,просто кажано ќелава сум на тоа место...Чаре?
И кај мене е исто, дури и паника ме фаќа. А пијам витамини, спирулина, се мијам со детски шампон и пак наредно се мислам да испитам хормони. а исто и стрес предизвикува опаѓање, ама ај ела ме нервирај се
Не знам,во последно време омалаксана сум,немам апетит,нагло ослабнав,т.е.многу ослабнав,модрици ми излеват насекаде по нозете,и сега кога се видов во главата почнав филмови да си правам..И многу сум бледа во фацата,инаку имам анемија дали би можело и од тоа да е?
Да. телото нема од каде да црпи и почнува од тоа што е складирано...ако долго држиш диета и не внесуваш доволно храна дневно, мускулите ти атрофираат ќе го осетиш по болки ко воспаление да имаш на мусклот и умор од само седни-стани обично да направиш од стол или кревет тогаш телото почнува да се храни од се што има складирано..како пример, корените на косата. Косата е протеин. Појди на лекар, испитај се. Модриците особено Види дали е океј да пиеш од витамините што повеќето имаме пиено ко Мерц витамини за коса, нокти итн. Ама, последно колку што видов ги качиле на 600+ денари. Види во аптека што ќе ти препорачаат ко замена..и само по една дневно, иако накутивчето пишува 2 и не подолго од 2 месеци секој ден. Потоа пауза. Оти има витамин А во нив, ако пиеш повеќеод потребно , обратен ефект предизвикува- паѓа коса и од него.
И мене пак почна да ми паѓа коса.. и се нервирам... Се мислам денеска да ги набавам мерц дражеите, ама никогаш претходно не сум ги користела... Иначе пијам магнезиум и витамин ц, дали треба да престанам со нив откако ќе почнам со мерц?
И јас имам мака со косата веќе некој месец и ми е изретчена премногу посебно на почетокот кај челото како коса да ми корнеле па се познаваат дупки.. Земав мулти, Геровитал против опаѓање и рицинус со кокосово ќе мешам 2-3 пати неделно.. Ослабив некој 12тина кила па од тогаш почна проблемот а мислам дека и стресот си игра голема улога.. Планирам деновиве да направам и крвна слика.. Дали имате некое искуство со витамините за коса, нокти или доволни се мултито?
Да си провериш што е можно побрзо серумско железо во крвта,и тироидна жлезда,може и од тоа да ти опаѓа косата,плус таа и на стрес се "активира". Геровитал шампонот го немам лично користено,ама братучедка ми е презадоволна. Јас решение најдов со литарски шампон од коприва или лук,ставам АД капки,Пантенол раствор и ампули Б1,Б12,Б-комплекс... Исто и Алпецин Ц1 ми помогна. Мерц дражеи ги пиев 3 месеци и некако не видов големо подобрување.
Афродита од лук и помогна на моја другарка , башка што е ефтин но мора да се подолго користи за ефект ..