Препорачан третман: 1. Мијте ја косата секојдневно со шампон на база на Алое Вера и јојоба, кој го втривате во скалпот, ова помага во отворање на порите и отстранување на првутот. 2. Пуштете топла вода да тече директно на косата неколку минути. Ова ќе помогне да се отворат порите. 3. Масирајте ја косата со притисок со прстите врз кожата. Ова помага да се отстрани маснотијата и да се отворат порите. 4. Земете мултивитемини, пчелен поллен и мулти-минерали. Хранливи состојки кои требаат за Вашата коса да расте исправно и да има добар сјај: калциум пантотенат, пантотенска киселина или Витамин Б-5. Овие елементи им помагаат на фоликулите на косата да го искористат бакарот. 1. Бакар: Недостатокот на бакер предизвикува појава на кршлива, сува и неодржлива коса. 2. Инозитол и холинг: ова помага во растењето на косата. 3. Витамин Б12: помага во растењето на косата. 4. ПАБА: Пара-аминобензоеска киселина, помага во одржувањето на бојата и мекоста на косата 5. Јод: превенира губење на косата. 6. Железо и манган: помага во одржувањето на исправна исхрана и раст на косата преку подобрување на крвната циркулација. 7. Ниацин (Витамин Б3): Никотинската киселина помага на крвната циркулација. 8. Цинк: неопходен за раст на косата.калциум пантотенат, пантотенска киселина или Витамин Б-5. Овие елементи им помагаат на фоликулите на косата да го искористат бакарот Исто така се потребни: Протеини и амино киселини: Кожата е составена од 98% протеини. Како и да е, ако споменатите витамини и минерали не се присутни, телото не може да ги искористи протеините.
Си го купив шампонот на RECEPT против опаѓање и да ви кажам право супер е,мн ми помага а кратко време го имам.Го препорачувам на сите,а и не е скап колку и сите други шампони е, така да слободно пробајте.
Исто има многу ефикасен шампон а не е скап 80 денари е Koprivni sampon се вика од Илирија е чудо од шампон е ем за против опаѓање и за побрзо растење на косата економично и има резултати проверено
Денес ги купив и овие 375ден од Зегин, 60 таблети- се пијат по една таблета дневно, што значи траат 2 месеци. Веќе незнам што друго да правам за косава , другарка ми ми рече дека сум имала нови влакна, ама зошто јас никаде не ги гледам? Ама ајде благодарна сум што не ми паѓа веќе, сепак и тоа е нешто
Еј, и јас баш сакам да ги купам овие. Јас пак последниов период сама забележувам многу нови влакна во косава, и забележително помалку ми паѓа. Сеси, јас мислам најдобро е да не се гледаш премногу често во огледало и да се "студираш" дали и колку нови влакна имаш. Пушти ја малку косата некој период, па потоа погледни. Еве на пример, следните два месеци не ја гледај толку често во детали, таман додека ги пиеш таблетиве, па после погледни подетално мислам дека имаш мноооогу нови влакна
Искуството со опаѓањето на косата е трауматично, да, е своевиден физички хендикеп, неопасно по живот но штетно од емотивен аспект. Опаѓањето е различно кај секој. Не зборам за оние со проретчување или добивање монетички на глава. Зборот ми е за најекстремните случаи со целосна оголена глава, без трепки и веѓи, и влакна на телото. Тие чаре немаат. Позитивното е тоа што Џоа бебенце си мазен, не е за сходно да се подложуваш на восочни и болни депилации, башка и пари фрлање, any time и any place си стокмен, зима и лете не ти штрчи влакно од под мишка, од чорап или преку халахопка, ама острицата од другата страна е со вознемирувачки ефект, попримаш чуден изглед на И - ти или друг вонземјански облик, кое изнудува чудни и прашални погледи за посматрачите, предизвикува мешавина од сожалување, страв или одбивност, за неинфромираните, оти непознатото ги плаши, а замислете си за тие шо го доживуваат тоа. Подобро не замислувајте. Факт е дека опаѓањето на косата е болест, и е показател дека нешто не штима во организмот. Фактори се X. Ако ги тргнеш на страна факторите: јајници, заби, тироидна жлезда, то ест хормони, ти останува генот или пореметувење во имунолшката база на телото. Шо же каже имунитет збрлавува, легачи и не си ја врши работата за која е платен, не само што не те штити туку се врти против тебе, еј замисли, ги уништува од корен фоликулите кои се извор на влакното. Без усул и срам, каква дрскост. Тоа е како сам на себе шамари да си маваш.(Автоимуна болест). Патем му се придружуваат одвратни вируси од надворешноста кои коваат завера против фоликулчињата, не даваат влакненцата да пркнат па да се расцветат во убав џбун. Ако примарните ќелии на фоликулот, кои под уништените се живи, има шанси повторна обнова на влакното. Потенцијални добитници на болеста се лицата со генетска предиспозиција, оние во детството кои пројавиле проретчување или соголување во облик на монети, фамилијарно членовите им се носители на автомуни болести( реума, дијабетис, штитна жлезда, Едисонова болест и други кожни болести псоријаза, алопеција ). Широка палета на лекови од група кортикостериоди подржуват раст, но придобивките се помали од нус појавите. Пример, ако за подолг период, орално пиеш кортисол е реално опасност за други заболувања( настинки, алергии, рак) оти дејството е во потиснување на имуниот систем, кој е штитник од налетот на вируси и бактерии, нешто лечиш, друго расипуваш. Подобра е опцијата вбризгување директно на голото место, недостатокот е што зафатот не смее да биде на голема површина и за подолг период. Мастите се идеално нештетни, али не ефективни. Ако косата ти е слаба точка а карактерно си енергичен и стресен тип, нема сила, лек и шампон кој ќе ти ја фиксира косата. Косата како скапоцен украс на главата и идеал на женската лепота е перцепција која не дрма и паничи ако изгубиме пет шест влакна на главата, бесполезно е да се бориме против природата, кога телото си функционира по некои необјаснети правила, дури и ако се наопачки. Нека биде кратка, со прамени или нуларица по сопствен избор или сплет на околности, само да е израз на нашата индивидуалност.
Во септември почна да ми паѓа многу косата, прво мислев дека е сезонско, а после ме фати страв. Веќе пиев фитовал капсули, но не гледав некој резултат. Ми рекоа да го пробам следниов лек-шампон, драстично ми се намали паѓањето. 1 шише Косили купка (700мл.) рицинусово малсо (ако косата ви е масна 25 гр. ако е сува 50гр.) АД капки (цело шишенце) Пантенол раствор 100 гр. Капки од коприва (цело шишенце) Се се меша заедно и се користи наместо нормален шампон.
Не најдов т.е. мене ми ја дадоа рецептата без капките од коприва, пред да ја напишам овде побарав на Интернет зошто не знаев каде ми е ливчето со количините, па реков да ви го пишам овде оргиналниот рецепт, на српските форуми ова е познато како „Бојанин шампон“. Инаку мене ми делуваше и без капките од коприва.
Ревитин спрејот е единствениот препарат што ми помогна косата да престане да ми опаѓа. и 150 денари е.
Јас не знам од што е, ама веќе и јас приметувам дека косата ми е многу подобрена, кога ја мијам воопшто нема влакна во кадата, дали 2 или 3 исто и кога ја чешлам, а полека ѕиркаат и нови влакна Пресреќна сум, се надевам дека ќе продолжи да напредува и понатаму ( и таа како мене )
ако ја фарбас косата пробај да користис к¨на ја прави косата по цврста јас сум имала ист проблем и кога останав бремена усте повеке и една од индија ми препораЧа да користам к¨на и еве два месеца ми се подобрува се послабо и послабо пага позз
Денес го купив Алпецинот, само нешто ми е чудно. Мојот е ваков: Јас барав C1, аптекарката ми рече дека тоа е истиот шампон, само не пишува C1. :? Како што читав, истите карактеристики ги има. Знае ли некој со сигурност дали е ист со: ? На декларацијата пишува Алпецин Ц1
ме пресмеа, косата почна да ми паѓа од јули, сигурно било од есента. Како и да е, секој ден косата ми е се подобра