Мојот сопруг има ретка коса, и пред 1-2 месеци почнаа да му се појавуваат црвекни брунчиња по глават и да го чешаат и за кратко време почна да му опаѓа косата. Од што може да е тоа? восокот за коса, шампонот? Има ли некој искуство или лек ?
Девојки косата ми паѓа многу. Бев на кожно ми даваа лосиони, шампони, гелови и ништо не ми ппмогна. Купував разни шампони ставам ампули витамински после секое миење и нема подобрување. Ве молам доколку некоја го имала истиот проблем и нашла решение нека ми пише.
Нормално е косата овој период мн да пага? Влакна буквално насекаде кај што одам разнесувам Утре купувам фитовал ...
И јас го имам истиот проблем страв ми е да се фатам за чешал топка коса. Ама имам забележано на есен косата многу опаѓа
Биоксинот кај мене го спречи опаѓањето после 2-3 месеци користење, но од аспект на состав содржи многу хемикалии. И мислам дека не растат нови влакна.
Здраво девојки јас имам проблем со опаѓање на косата за време на доење дали и некоја друга имала ваков проблем ? Помош ве молам мислам дека ќе окелавам премногу ми паѓа
Има многу случаи како твојот за паѓање на коса за време на доење. Но кога се дои незнам дали може да се користат некои шампони како алпецин. Сепак купи шампон од лук обавезно по можност од фармаси. Мене алпецинот многу ми помогна и во шампонот витамини да ставиш ампули б1. б6 б12 или б9. Три од овие било кои
Подолг период си имам проблем со опаѓање на косата. Скоро 2 год. го користев алпецин шампонот, имаше период кога имаше подобрување но проблемот пак се враќаше. (исто и од лисионот) И таа малку коса што ми остана ми стана сува и заплеткана. Периодов користам сансилк шампон за обновување, косата продолжува да паѓа како луда, каде што одам влакна паѓаат, туш кабината ја запушив Сакам да прашам за еден шапмон од дм маркет розево шише, видов го имаа пофалено по фб групите дека бил ефикасен ама не му го запамтив името. Инаку од лук е. Ако некој знае и има слика да ми пушти па да го барам и овде.
Ако го има во дм можно е да е тој. Баш ќе тркнам да проверам деновиве дали го има и овде и како се вика па ќе пишам.
Само витамините ставај ги во шампонот од лук. Стварно се добри. Една две години ги користев во DOVE но може да биде и во било кој
Јас и претходно имам пишувано за Пантенол раствор. Го има во сите аптеки, како течност и во форма на спреј (како Глис спречињата). Мене само тоа ми помогна, особено од паѓање на костата од доење. Освен тоа можеби да пробаш внатрешно да делуваш, со исхрана, додатоци во исхраната и витамини.
И мене периодов косата ми паѓа(ше) како луда, страшно ми се изретчи. Лекар ми препорача да ја изфарбам косата со кна за ревитализација и да земам Биоблас шампон. Јас ја изфарбав со кафеава кна зошто не сакав да менувам боја и испадна исто како мојата. Јас го имам овој, цената му е 195 денари. Го користам 2, 3 недели и веќе гледам дека опаѓањето се намалува. Ако не си пробала, пробај .