Јас ја купив од фризерскиот салон Сандра Ексклузив - 800 денари. Меѓутоа сега гуглав може да се најде и поефтино, задоволна сум од неа.
Помош некој препарат (шампон или што и да е) против опаѓање на коса кај мажи? Не е генетско, изглеа е поради хашимото (тироидна).
Пробај Алпецин, околу 500 денари е, но е добар, има различни видови. Биокап има добра формула, моментално го користам јас. Има и лосиони од овие фирми за таа намена.
За мажи не знам, ама мене Алпецин многу ми помага. Ама серумот е важно да се земе, кај мене само шампонот ако го користам нема ефект.
Косата во средината кај патецот ми е доста проретчена, инаку имав многу многу густа коса, почнав да ја фарбам пред 3 години ама никогаш не сум забележала ваква разлика. Дали е и можеби поради тоа што некое време престанав да јадам месо? Стварно не знам што да правам многу ме загрижува ова. Дали би ми препорачале некои шампони против опаѓање или?
Да, ист како шампонот, против опаѓање. Caffeine liquid пишува, исто како шампонот изгледа. Кај мене значителна разлика прави.
Дали може некој да ми даде совет на кој начин го подготвувате лукот за да се масирате? И дали би била паметна комбинација лук, кокосово масло, и мед, бидејќи како што читав и кокосовото масло помагало за проретчана коса и за раст..?
2-3 чешниња лук ќе ги истолчиш и со тоа ќе го масираш скалпот после ќе ја врзеш косата со пешкир и ќе преспиеш со тоа. А за ова за кокосовото незнам дека помага за проретчување, јас ставав кокосово бидејќи ми беше многу сува и кршлива косата и го држев така 1-2 часа и ми се регенерираше малце од тоа и по мека ми стана. Ама мислам и дека не е баш паметно масло да ставаш на коренот може после многу да почне да ти се мрси косата.
Дали има искуство некој со овој многу ми го имат фалено , но незнам како до него .. дали знае некој како може да се порача .
Здраво сакам да прашам дали имате некакво искуство со суплементи против опаѓање на коса односно витамини и од кои се задоволни? И кој од шампоните фитовал,алпецин или биокап е најефективен за опаѓање на коса според вас?
Мерц, се одлични. Б6, Б12, Б1 исто сум задоволна. За шампоните Биокап, блиска личност го користеше и почнаа да растат и нови влакненца. Не го препорачувам тој на Фармаси, ужас од шампон.
Здраво, некој доколку има искуство со Dexe шампонот ако може да пише Дали помага против опаѓање на косата и помага за побрзо растење на косата? Гледам многу го рекламираат на ФБ па ако има користено некој и му има помогнато да пише, за да знам дали да земам.
Почна повторно косата само напред на десна страна над челото да ми пада како кргче и лани исто ова време ми се случуваше истото. Од денес почнав со лук да се тријам па ќе видиме дали ќе има резултати.
А дали некој/а го користел/а овој шампон? Доста луѓе го фалат..добар бил,ја правел сјајна косата,спречувал опаѓање за доста краток период и сл. Вашето мислење и искуство со него..?
треба да појдеш на лекар и да видиш која е причината. Алопеција ареата е тоа ... Може да е и заради инфекција, заради заб итн.
Ги има во Зегин јас од таму ги купив цена мислам дека беа оклу 800 денари може да е и од стерс ,кај мене тоа беше причината ,иначе на првиот контролен преглед матичната ми рече дека може да и жариште внатрешно,али не е лошо се да испиташ од гинаколошки прегледи,заби,крв,урина јас од таму почнав