Не беа поевтини? Пред 2 3 години ги купив 500 денари, ги пиев ама од тогаш ги немам. Ми се зголеми апетитот и сигурно покачив 2 3 кг. Мислам дека претходно пишав на темава, Парусан лосион и шампон, 1200 денари, по еден месец почна да ми се згустува косата, да ми расте нова, и да престане да ми паѓа.
Здраво девојки! Сакам да ви ја раскажам мојата моментална состојба и доколку некоја од вас имала сличен проблем да ме посоветува околу истиот. Процесот со интензивно опаѓање на косата кај мене почна од пред 4 месеци. Во моментот кога почна, причините кои можеа да го причинат тоа беа многубројни па почнав да ги истражувам и елиминирам една по една. Најпрво, во периодот кога ми се деси тоа бев изложена на преголем срес од работа. Знаев и бев свесна дека тоа може многу да влијае на опаѓањето на мојата коса ама сакав да ги испитам и другите параметри. Во истиот момент имав проблем и со нередовен циклус, па ги испитав сите можни хормони кои може да влијаат на опаѓањето на косата. Резултатите беа супер, и не знаев што понатаму пошто се вратив во првобитната состојба каде пак не знам од каде да почнам да го истражувам проблемот. Трета работа што ја направив е се консултирав со дерматолог, кој нормално се обиде на сите начини да ми објасни дека е нормално поради стресниот период и ми препорача да ги користам производите на Биоксин (шампон + апчиња + ампули). Во првите 2 месеци од користењето, не можам да кажам дека немав подобрување на ситуацијата. Бев пресреќна пошто се врати се во нормала. Но за жал, тој период траеше кратко. Во последните 3 недели, ми се случува повторно истата ситуација иако уште ги користам истите производи како и на почеток(ако е тоа воопште некаков показател). Влакното ми стана мноогу тенко, кршливо на било каков допир. Ако има нешто од што се плашев, тоа е да се вратам пак во истата состојба како и пред 4 месеци ама еве сум. Стварно немам идеја што да направам, не верувам во шампони и такви чудби, пошто таквите проблеми потекнуваат внатрешно од самиот организам. Дали некоја од вас се соочила со нешто слично или нашла излез во некаков третман, посебен начин на исхрана или било што друго? Ви благодарам на сите однапред!
Здраво, во моментов го имам истиот проблем, со тоа што мене пред три месеци почна интензивно да ми паѓа косата, па мислејќи дека е нормално сезонско паѓање не обрнав внимание. Пред еден месец проблемот почна да станува очигледен и ми се чини се полошо, главно поради стрес. Почнав да користам Foltene ампули, Parusan шампон и Merz таблети, ми се чини после еден месец ми се стабилизираше состојбата, ама штетата веќе е направена собрав храброст, отидов на преглед. Мој совет е да идеш кај трихолог, јас бев кај д-р Елена во 101 Hair Clinic, сеуште немам почнато некоја од нивните терапии, бидејќи оставивме да видиме колку косата за еден месец сама по себе ќе се обнови (значи со 2 месеци домашна терапија со ампулите и таблетите), па да направам крвна слика, па после ќе разговараме за поттикнување на раст. Многу е чекање, ама ова е бавен процес. Има разни процедури: мезотерапии, PRP, карбокси и сл, ама најдобро е по совет на трихолог да започнеш нешто, а не на своја рака. Се надевам ќе го средиш проблемот, па кажи ни доколку пробаш некоја терапија од овие и искуство P.S. Докторката ми препорача ако можам да ги најдам Merz Hair dragees бидејќи содржат аминокиселини, проблемот е што ги нема во Мк, доколку имаш некој во Германија или друга земја кај што ги има, може да пробаш со овие.
Сега скоро ги рекламираа во Ани фарм во Капитол мол, мислам дека таму ги има.Ако некоја ги најде нека пише.Поздрав
Преубав е. Не дека правам реклама, но концентрат е од комплекс од билки, се става количински зависно од должината на косата и ДОБРО се испира. Јас го користам паралелно и тоникот затоа што ми кажааа дека дејствотот се удвостручува. Шампонот нема силен мирис (на природна база е нели) но многу ефикасен.
Потврдувам за шампонот @no name5 и јас го користев пред едно 5год. Мислам дека го нарачував од една жена претставник на Royal life така мислам дека се викаше фирма. Имаат каталог и се е на природна база. За жал жената веќе не е член таму па ни јас не успеав да го најдам повторно. Инаку формулата е супер ја зајакнува косата и ја прави по свиленкаста. Изкористив 3 пакувања заедно со тинктурата која не мириса баш добро ама во комбинација со шампонот делува супер. Мене многу ми помогна. Ако најдеш преставник земи и од таблетите за коса многу се подобри од било кои таблети за коса. Е сега малку се поскапи (пред 5год беа 1200ден) но многу се корисни. 60 таблети се, се пијат еден месец. @aurora_borealis Merz имаш секаде во Македонија (во Космо, Зегин последно видов и во Тинех). Со попуст некаде се околу 600ден. Мене не ми помогнаа.
Од неодамна јас сум член, ама незнам дали цената е таа и за членови и за оние кои не се членови. Шампонот го платив 619 денари, а тоникот 871 денар.
Супер ќе те барам пред Септември. Обично тогаш имам повеќе проблеми па ќе се договараме. Ако си од Ск ќе биде одлично. Знам порано имавте промоции ( тинктура и шампон заедно по пониска цена) па не ќе да е лошо да постираш или да ми пишеш лп кога ќе бидат поефтини.
Нема проблем, луѓе сме, да си помагаме. Во неколку компании каде што сум членувала, на колешките им ги давав по набавна цена. Не ми е целта да печалам на од луѓето, туку да си ги купувам по набавна цена и јас. Да, од Ск сум. Да, тој сет оди во комплет, а може и одделно да се купат тинктурата и шампонот.
Royal Sales International се вика компанијата. Прогуглај, ќе најдеш. Јас од неодамна сум член, за да си ги земам по набавна цена производите, а не да заработувам.
Последниве неколку месеци почна косата многу да ми опаѓа. 3 месеци користам Биоблас шампон но нема никакво подобрување. На секое чешлање чешелот е преполн со влакна Сега почнав да го користам шампонот од лук од Афродита па ќе видиме. Сакав да ве прашам дали некоја го има користено овој од лук и како е задоволна. Јас природно имам виткана и крута коса. Не би сакала да ми се влоши состојбата
@Anabelle.Amorette Не знам баш дали ќе ти помогнам затоа што не сум сигурна дали ги има капсуливе кај нас, мене ми ги донесоа од Германија. Само пола ги имам испиено, а веќе гледам нова коса.
Ве исчитав сите, алопеција јас имам, и на мене ми кажаа да се испитам ама забите ми се океј јајниците исто. Е крвта уште кога ми паѓаше косата беше во ред.. не знам што би можело да е, препишувам и на тереоида ама треба да испитам.. Уште што не пробав еве проблемот се врти веќе 2 години откако се породив, витамини пијам, витамини јадам, апмули користам, грото шампони сменив, капкј спрејови чуда И ништо.. Еве посоветувајте некој препарат. Ги гледав не виши шампоните не знам дали би ми помогнале? Или како беа оние истолчените витамини во шампон ако некој може да ми каже.
Доколку си подговтвена да дадеш околу 60 евра тогаш ти ги препорачувам комплетот на Виши против опаѓање на коса , заедно со ампулите. Ефективни се , ама треба упорност. За поефтина варијанта за 600 денари, спреј и шампон од Геровитал ги имаш само во Зегин.
Најверојатно и со се ова што го користам ќе треба упорност. Како и да е планирам са го земам шампонот на виши.. Ќе пробам. Фала ти.