Ако си решена да земеш Vichy, гледај да биде од Dercos линијата, мислам дека имаше еден третман во шишенце за зацврстување на корените на влакното. А имаше и спреј мислам од истата линија. Би требало да помогне за да не опаѓа косата многу. Само мислам дека Vichy се полни со хемикалии, колку што се сеќавам. Новите формули се подобрени и немаат силикони и парабени, ама па верувам кај тебе има и поширок избор. Aminexil pro, така некако пишуваше на пакувањето. Кај нас не сум сигурна дека го има, ние набавувавме од странство. Би требало да е ефикасно.
Разбрав. Баш ќе видам.. Иначе можеш ли да ми препорачаш еве нешто друго што е навистина ефикасно... Проблемов ми трае веќе 2 год за жал.. последната алопеција ми е од окт и не зарасна..
Можеш да ја разгледаш целата колекција од Vichy Dercos што е против опаѓање. Генерално има ефект од нивната козметика. А друго освен Пантенол спреј и да мачкаш лук директно на местата кај што има зголемено опаѓање, не би знаела да препорачам. Испитај тироида за секој случај, да не е нешто поврзано со тоа.
@vitamina знам дека за опаѓањето треба и проверка и преглед да направиш. Ама додека отидеш, да ги видиш тие таблетите од Merz што се. Јас ги немам користено, ама многу ги спомнуваат дека ја зацврстуваат косата и ноктите(нека пише некоја членка ако има искуство) . И пробај да не ја носиш врзана (ако ја носиш де) . И ако има кој да ти донесе од Мк пробај го шампонот од лук од Фармаси. Мене ми намали опаѓањето од него. Ама негативната страна е што ми ја мрсеше додатно, да си знаеш. Сепак размисли за шампонов
Пиев таблети за коса и нокти. Испив 20 мислам беа ама немаше резултат. Сега пак ќе земам ама ќе барам друга фирма. Башка и посакпи ги зедов абер не видов. Фала ти.. Ќе видам тука за шампони немам моментално можности од македонија.
И мене ми паѓа многу косата . Постојано ја носам врзана и пред некое време ја пуштив и се сликав и што да видам како слама изгледа, а не како коса, многу се разочарав. Ептен ми е ретка Испитав хормони тестостеронот ми беше многу зголемен, па можеби заради него ми паѓа толку многу косата, башка и акни имам на лицето не е само еден проблем. Примам терапија веќе 2 месеци сеуште нема некој баш напредок, ама се надевам дека се ќе се среди. @vitamina испитај хормони можеби до нив е.
Само да напоменам, бар што читав - кога испитувате тироидна испитајте и антитела (Anti TPO) . Мене ми се покачени и имам Хашимото и читав дека од тоа и ми паѓа косата.
@vitamina има шанса и од водата да ти е. Јас од кога дојдов тука почна многу да ми паѓа косата и сите ми рекоја од водата паѓа. Види некој филтер на тушот стави може ќе ти помогне.
Не е бе Ми паѓаше и во англија и во македонија и тука Исто си откако се породив еве 2 години веќе Иначе имам бујна коса нема са се види дека имам таков проблем ама влакништа дупки насекаде..
Ovoj shampon pocnav da go koristam ova mi e vtora nedela. Ne paga kosata ja pravi mnogu meka i pobrzo rasne za edna nedela.ima rezultati.
Дајте и одмор на косата . Го користам веќе два месеци и многу сум задоволна. После миење ставам глис спреј, бидејќи нели бебешки е па не содржи регенератор во себе.
Може на Зелен пазар и на Битпазар на тезгата за козметика. Бугарски се на фирмата Милва имаат и шампин од истата линија.
Дали од маска за коса може да опаѓа коса? Секако не ја ставам во коренот туку од пола надолу зошто инаку никако не можам да ја исчешлам. Ми нема логика ама сум читала дека може па затоа да прашам за посигурно.
Има на Doctors во поголемите маркети, во VERO мислам дека го има. Малку непријатно мириса (на чад) ама ефектот е неверојатен.
Го знам, од боров катран. Има јак мирис ама одличен е за проблемот што го имате, иако на него пишува против егзема.