Фитовалот го имаш во аптека. Ама жолтиот фитовал пази затоа што има 3 вида. Има две големини.Повеќе се исплати големиот.Мене ми траеше месец дена и имав видливи резултати. А колку беше незнам одамна го немам користено.
Само што купив и јас фитовал и баш сакав да прашам за мислење. Искрено страв ме фаќа колку ми паѓа косата. После секое бањање и чешлање купови влакна ми остануваат во рака а не дај боже да ја соберам косата. Колку време го користеше шампонот?
Девојки го има ли некоја користено шампонов? http://www.bioorganica.mk/index.php/product/view/38/53.html Препорачан ми е од доктор, моментално го користам Биокап. И не знам шо да правам, дали да го сменам? Секој совет и добредојден.
Здраво, и јас се соочувам со овој проблем моментално, па некако најприродно ми се виде вашиов совет и сакам да пробам. Ме интересира со каков шампон после тоа ја миете косата и дали користите маска. Тој процес после маслата ме интересира. Фала
Со Гарниер за фарбана, маска ретко ставам, ама после третманов не оти косата е мека доволно од маслата.
супер ми беше до пред некое време ама овој месец многу ми паѓа косата кога ја мијам и чешлам се плашам да видам колку влакна има на чешелот
Ќе може да ми кажеш колку количински ставаш од маслата и од која фирма си го земала рицинусовото масло?
Од Виши најзадоволна. Не сум пробала поефикасни. Цврста, сјајна коса, добива волумен,расти нова... Скапички се,ама вредат, дефинитивно. Не ги делат во секоја аптека, треба да се распрашаш. Инаку, една е 195 ден., за две нанесувања ќе имаш.
А инаку во едно пакување по колку се иначе во која аптека ги има и како се нанесуваат ако може да ми кажеш се плакнат или само на мокра коса откако ќе ја измиеш, ти благодарам
Против опаѓање на косата, мене овој шампон највеќе ми помогна Во Зегин го има, максимум 250ден е цената
Јас од аптека во Битола ги купувам. Мислам дека 18 беа во едно пакување,ако добро се сеќавам.После миење на косата се трие во коренот и си ја сушиш вообичаено.1-2 пати неделно се користат.
Јас, го купив истиот од сликата, другарка ми работи таму ми го препорача, премногу ми паѓаше косата, иако е прилично поскап, го купив, многу долго трае бидејки се става по малку а има доста пена, и ми се згусна повеќе не ми паѓа како порано