1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Опаѓање на косата

Дискусија во 'Коса' започната од cvet957, 1 декември 2009.

  1. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Колку време го користеше? И дали сеуште го користиш?
     
  2. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    510
    Го користам еднаш до два пати неделно 2 месеци. (на него пишува дека можи да се користи секој ден, но бидејќи брзо ми се масти косата, од него нанесувам еднаш до два пати неделно пред спиење).
     
  3. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.157
    Допаѓања:
    138.730
    Јас алпецин почнав да користам од пред една недела. Малку време е поминато, ама сега за сега задоволна сум. Опаѓањето е намалено, а ако 2-3 дена не користам од лосионот, веднаш ми паѓа повеќе.

    Се надевам дека ќе има добри резултати. Косава многу ми се изретчи, а и одвратно ми е кога гледам мои влакна на сите страни.
     
    На happywithmylive му/ѝ се допаѓа ова.
  4. broken099

    broken099 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    432
    мајка ми има ваков проблем и се и сешто испроба и повторно и опаѓа.. и реков дека овде ќе видам да купи други работи што делуват против опаѓање, ама чисто верувам дека ќе и помогне.. :^)
     
  5. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Aлпицин шампонот многу ми помогна :) косата не ми паѓа, добро, онака малце само кога се бањам! Mожеби е скапичок, ама не жалам за парите.... Cе надевам дека од кога ќе престанам да го користам нема да паѓа....да не биде работава само моментално делува :|
     
  6. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    и мене почна да ми пага косава од пред 1 месец,влакна насекаде,па како што имаме бели плочки гадно ми е за оково убаво било чичковото масло,ама многу ја мрси забележав косата |( а да пијам витамини за коса,многу таблети ке ми се фатат така :^) контрацепција+витамин д,+за главболка,се надевам ке најдам некој природен лек по темава,ке прошетам наназад :)
     
  7. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    848
    Meне есента почна многу да ми паѓа косата.Имам многу бујна коса па не се приметува многу,но ме нервира кога ќе ги гледам влакната на сите страни :devil: Ја прашав една другарка за шампон и ми препорача Фитовал.Арно ама таа ми рече само Фитовал,па јас си реков Фитовaл е шампон против опаѓање на косата,и си отидов во аптека и си купив Фитовал од 200 милилитри.Одам дома и читам: Фитовал-шампон против сува и оштетена коса :o И ништоо после... Вчера одам во една аптека и гледам повеќе видови на Фитовал - против опаѓање,против првут :( А јас паметната,си се зафркнав со овој обичниот мислејќи дека само еден Фитовал има и не прашав |(
    Инаку да ве прашам,овој темно црвениот добар е барем?? или да не го користам воопшто :?:
     

    Прикачени фајлови:

    • 1203_Fitoval.jpg
      1203_Fitoval.jpg
      Големина на фајлот:
      11,4 KB
      Прегледи:
      657
  8. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Девојки многу се исплашив од сабајле. Некое време отприлика еден месец ми паѓа косата, ама ми текна додека одев на нутриционист ми рекоа дека норамлно е во овој период да паѓа. Секогаш ја носам пуштена косава и ај сабајле да ги соберам шишкиве барем, кога се гледам напред цела прпретчена дури над челово како дупка ми се напрајла :o умрев од страв, пошо и онака ми е ретка. Знаете ли некој шампон за против опаѓање, меѓутоа и за згуснување на косата, сакам да почнат нови влакна да ми растат ;( косава ми е во ужасна состојба. :tmi:
     
  9. Janus

    Janus Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Број еден фактор кај опаѓањето на косата е стресот, тој е фактор број еден за сите заболувања и во случаи каде што постои генетска предусловеност се манифестира во губење на косата. Значи дури е да постои генетски фактор за наследственост на ретчење или силно опаѓање на косата доколку се стилот на живот е здрав односно со свежа храна, помалце месо и повеќе овошје и зеленчук и НАЈВАЖНО со редовна активност за канализирање или катарзисирање на стресот генот за опаѓање на косата може да се одмине, да се преодолее или да остане латентен .. заспан затоа што не сме му дале услови да се развие а верувале или не условите кои тој ген ги бара се исти како оние кои го создаваат - СТРЕСОТ и потоа нездравиот начин на живот ... да со мирен дух, ум и тело се живее здраво и со храна која е за фрлање ... но пред да заклучите дека сте смирени и дека незнаете за стрес или се сметате себе си за кул личност што не се нервира .. прочитајте повеќе за латентен стрес, дис стрес, емоционален стрес, потиснат стрес или слично ;)-
     
    На shiningstar му/ѝ се допаѓа ова.
  10. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    И јас имам сличен проблем девојки, за разлика од порано ми паѓаат повеќе влакна од косата, дури и ми е страв да погледнам колку :( Сепак јас мислам дека е поради периодот од годината, заради регенерација на косата.....Не е нормално да ни паѓа на сите поради други причини :?:
    Се согласувам со Среќичка, нека дојде пролет па да видиме на што сме ;)
     
  11. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.854
    Пол:
    Женски
    Мене Алпецинот многу ми помага. Уште го користам, сега ми паѓа значително помалку (нормално по неколку влакна).
     
  12. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    А имаш нови влакна? Мене ми е ептен ретка и безживотна косава и плус сега со опаѓањево уште ми се проретчи. Се згуснува косата од Алпецинот?
     
  13. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.854
    Пол:
    Женски
    Среќичка не можам да забележам точно за нови влакна, ама дека престана да ми паѓа - престана. Е сега, забележувам некои кратки низ косава што повеќе штрчат, па најверојатно се нови, ама не можам да гарантирам. Во секој случај - ми помогна шампонот.
     
    На Srekicka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Youlen

    Youlen Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    194

    По аптеки може да се набави, така? И ако не ти е тешко, кажи ми колку чини.. :)
     
  15. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    510
    Алпецин кофеин го поттикнува растот на косата и воедно помага против опаѓање. Чини околу 450 денари. Го има во аптеките.
     
  16. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.157
    Допаѓања:
    138.730
    Ама важно е освен шампонот да се користи и дополнителната течност што се нанесува секој ден. Шампонот и течноста заедно мислам дека се околу 700.

    Слушнав дека наводно и миење со квалитетен брезов шампон (на пример од Илирија) во кој се става Б комплекс многу помагало. Уште не сум го пробала, сега за сега добро ми оди со алпецин.
     
  17. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    :( Jас се исплашив ... го користам и јас, вака не ми паѓа---може по некое влакненце, ама кога се бањам паѓа... и тоа доста влакненца.... а првите 3-4 пати од кога се измив паѓаше,ама после престана ни на бањање не паѓаа :( Cега не знам ....:worried: Cмрт ми е кога треба да ја мијам косата само се плашам дека ќе ми паѓа..
     
  18. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.854
    Пол:
    Женски
    Не плаши се Лудо, нормално е при миење да ти паѓа, биди упорна и ќе има резултати.
    Порано ми паѓаа по цели туфки коса, одводот го затнував, а од Алпецинот ми паѓа сосем нормално кога ја мијам. Воопшто да не паѓа не е можно.
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    FITOVAL го користев оддамна кафениот, не чини... Cега Aлпицинов па ќе видиме... од август ми паѓа косата :( ќе си ги купам тие апчињата B7 биотин.... :( Cамо пари трошам, и нема да ми биде криво да вреди! A не вака :doh:
     
  20. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.157
    Допаѓања:
    138.730
    Фитовал и јас користев, до душа само една доза, и воопшто не ми помогна.
    Алпецин одма ми помогна.