Користам биоксин и многу ми помогна против опаѓање, ама го користам многу долго време и некако страв ми е да преминам на друг обичен шампон, а овај не сакам повеќе да го користам затоа што ептен пари ми бегаат, некој ако има слично искуство да ми препорача некој шампон?
Јас најпрво користев Фитовал, потоа по неколку пакувања без никаков ефект преминав на Алпецин, па потоа на Алверде. Користам Биокап сега, ама е поскап. Како поевтина варијанта можеш да пробаш со шампоните на Алверде или да порачаш од Фармаси, многу пофалби имам читано и слушано од блиски луѓе за нив, честопати се наоѓаат и на попуст.
Дали ви паѓала косата после фарбање?Прамени ставив и секое бањање така ми се плетка и кине косата, одвај ја чешлам, на ум ми е се дека е од бланшота тон маска ставам на миење...
Пробај со масла, прави си микс или мачкај рицинусово, кокосово, оставај да стои малку на темето и убаво темелно ќе миеш. Маслата се малку досадни за вадење од скалпот, ама многу помагаат кај фарбана коса која вака реагира на фарба, бланш. На мајка ми и' се правеше нешто слично само од фарба, па тоа помагаше колку толку.
Го користам овој против опаѓање еден месец ама не сум видела резултати до сега, дали некоја од вас го користи и дали сте забележале резултати да не си ги фрлам парите за ѓабе.. Видов дека алпецин најмногу го фалите па се мислам дали да преминам на тој. Многу ми паѓа секој совет е добродојден.
Мене ми го пресушија скалпот и двата шампони..Алпецин на почетокот ми беше ок сега некако не..А биоксин воопшто не ми помогна
После 10 години на Алпецин, мислам дека веќе се заситив и не ми делува како порано, па го сменив за Парусан. Личи како да има ефект повеќе од Алпецин, иако рано е за заклучоци, само два пати до сега имам измиено коса со него.
Жени,мајки вие после породување што ви паѓала коса дајте некој лек или каде да си побарам помош. 3 месеци континуирано ми паѓаат прамени во миење,за време на сушење,кога се чешлам и кога седам. Ајде на почеток нели знаев ке почне да паѓа земав виши шампон 2 искористив едно влакно помалце не ми паѓа се исто. Земам и биотин таблети,повторно ништо... Оќелавена сум на темето кожа ми се гледа... Навистина пипувам и плачам.
@Happyinlove да си одиш на лекар, крв да ти проверат. Кажи им што мака имаш, ќе знаат што да испитаат.
Јас го направив, но мислам дека после само 3-4 миења е се уште рано да кажам за било какви резултати. Но полошо не може да биде нели?