Со проблемов се борам околу 5 месеци. Интензивно опаѓање од јули. Имав убава бујна коса, сега половина ми ја нема, особено на горниот дел скалпот речиси ми се гледа. Депримирана сум и секое миење ми е стресно Испробано шампон од коприва со ампули, пантенол, ад капки..Биоксин со ампули, веќе трет месец и Мерц таблети трета доза.Никакво подобрување, дури мислам од Биоксинов уште повеќе ми паѓа, ама ај да бидам упорна. Маска од масла: рицинус, чичково, рузмарин и се што слушнав и прочитав. Во меѓувреме испитани хормони на тироидна (два пати, вториов пат по инсистирање на дерматолог за да биле тазе) и крвна слика-се во ред. Посетив дерматолог(ко бајаги била добра). Со закажан термин на државно во ПЗУ, ама ми го наплати дупло со лосионот што ми го продаде. Страв ми е да го ставам оти не знам што има во него, ја снема докторкава негде кога сакав да прашам што и како. Шампонот што ми го препорача РЕВАЛИД, врска нема со опаѓање, а листа на третмани: ПРП и мезотерапија со ценовник уредно ми даде, ако сум сакала коса одма. Битно не разбрав ни причина што е ниту добив конкретна дијагноза. Не планирам да одам по доктори веќе, овие приватниве ги интересира како да ти извлечат пари. Ве исчитав малку овде и пак не знам што да пробам следно. Помош?
Не. Требаше докторкава да ми каже, нели? А ако беше за витамини и минерали од Мерцов ќе се стабилизираа до сега. Барем јас така мислам.
Мерц користев и јас долго време, 3-4 шишенца потрошив и мака ми е за парите, ефект никаков не видов. Оттогаш бев на Алпецин, Алверде кофеински шампон и сега Биокап. Ми ги препорачаа капсулите на Фитовал, негде читав биле поконцентрирани, а и поевтини.
Со антитела многу многу не се занимаваат во мк. А некој друг здравствен проблем или агресивен третман на коса си немала? Мислам дека матичен лекар би требало да знае што да се испита, ама реално не знам колку е така. Секако, може и од стрес да е, и да не ги заборавам хормоните-естроген, тестостерон и сл.
Тоа најмногу ме погаѓа, никогаш ништо агресивно не сум и правела за вака да ми враќа. Едно фарбање, нити сушење со фен, ни пеглање ни виткање....Е сега откако ја скратив ја пеглам. А за хормонски статус ќе мора пак сама јас да инсистирам. Инаку матичнава ми рече не изгледало дека не ми се во ред хормоните Проблемов е нема лекар да те насочи, па вака ќе си бараме чаре по форуми
Секогаш периодот крај на август-ноември ми паѓа косата и почнав да го користам шампонот на алверде со бибер и кофеин и сега ми е супер ич не ми паѓа.
Го има во секоја аптека, цениве варираат, јас го платив околу 600 денари, некаде е и поскап. Формулата му е добра, па затоа го купувам. Веќе трето шише ми е.
Да читам, saw palmetto и друго, природна база. Изгледа добра формулава, но дали ви го сопре опаѓањето, имате ли нова коса и после колку време користење видовте резултати? Гедам има и некој лосион дали го користите и него?
Лосион немам јас, само маслени маски ставам и редовно шампонот. Нема резултати преку ноќ, ама дефинитивно е подобрено.
Може ли името на хормонот, истото и се случува на ќерка ми. Најверојатно има гинеколошки проблем, па би сакала само да видам што ви препорачал гинекологот, чисто за споредба. Фала
Па и нема некој ефект парусан. Ми се виде ок на почеток, ама сега, после 2-3 недели и не гледам некој ефект. Следно ќе пробам со фитовал, само да го дотрошам Парусанот. И никако да ја направам таа комбинацијата со витамини, а сум слушнала добри работи за неа.
Има некоја верзија на претходната страна на темава: 200 ml неутрален шампон од коприва 1 ампула витамин Б1 1 ампула витамин Б6 1 ампула витамин Б12 5-6 таблети пивски квасец Има повеќе варијации, од само шампон од коприва со Б комплекс, до ова погоре + рициуносово масло и не ми текнува дали се ставаше уште нешто. Многу пати сум слушнала дека наводно многу помагала оваа комбинација. Едит: го најдов и овој со рицинус: Шампон од коприва (обичен, литарски) Пантенол 100 мл (воден раствор) Капки од коприва 30 мл (едно шишенце) АД капки, 30 мл воден раствор (едно шишенце) Рицинус масло 50 мл 2 ампули витамин Б
Јас сум го правела овој вториот и го користев еден месец, ама без резултати. Може требаше да сум поупорна.
Ме знам дали е соодветна темава за прашањето, но не најдов друга тема. Зет ми пред неколку месеци имаше проблем со опаѓање на брадата, но само на едно место. Според мислење на докторите станува збор за алопеција ареата. Но овој проблем се појави и на уште две помали места на брадата од пред извесен период и изгледаат како да се прошируваат. Правеше некои испитувања, снимање заби, алерготест на некои видови, но се беше во ред... Состојбава ме натера да прашам дали некој имал ваков проблем, од што се појавува, кои се причинителите за опаѓање на коса/во случајов брада само на одредени места (во форма на кругови)?
Zdravo, dali mozenekoj da mi preporaca so da koristam za prava i mazna kosa, mojata ja imammalce vitkana, pa i koga ja peglam po kratko vreme pak se vitka.
Мене од маслава уште полошо ми е. Само што собрав една голема топка од када. Миењево ми е ноќна мора и секој ден се полошо. Останав без коса
Сопругот исто имаше на брадата. Ние бевме кај др. Лидија Христова, во амб Јане Сандански. таа му даде да се мачка со Адвантан крема и му викаше после тоа да излегува на сонце. после извесно време му се изгубија. Сепак, кај зетот може да е друг проблем, најубаво да отиде докај докторката, ние сме многу задоволни од неа, за решавање и на други кожни проблеми!